06.09.2012, 18:36 Си велам
Македонското срце бие со тахикардија
Ерол Ризаов
Уште нема одговор од нашите водачи дали ја оправдавме независноста
Македонското срце бие во седумосмински ритам. Ова е мотото на големиот утрешен спектакл во чест на 21-годишнината од прогласувањето на независноста на Република Македонија. Градскиот стадион во Скопје, кој само за сто милиони евра стана Арена „Филип Втори“, ќе го покаже целиот свој раскош и убавина која се комплетира до совршенство кога е полн до последното место. За само 20 денари добивме билет и подарок што вреди неколку пати повеќе. Ќе можеме да ги гледаме и слушаме во живо најголемите балкански музички ѕвезди. Ќе ги пееме со нив нашите безвременски песни од богатото музичко и културно наследство. Ќе биде тоа неповторливо чуство. Голем сенароден хор ќе ја пее одата на радоста за среќен и убав живот. Владата го нарача овој вознес да го почести својот народ за 21-годишниот период самостојна држава и да го прослави историскиот датум кога ја зедовме судбината во свои раце.
Се разбира, ќе одиме таму да се радуваме на големиот празник и да ја доживееме одблизу чудесната вечер. На граѓаните им треба како дожд во пустина една ваква голема забава, малку опиум, за миг да ги заборават сиромаштијата, скапотијата, големите грижи и страдања. Дајте му на народот вино и циркус и тој ќе биде мирен, е познатата политичка парола и доктрина уште од Римската Империја. Но, очигледно колку им треба на граѓаните оваа адреналинска инекција уште повеќе и' треба на власта да покаже колку е среќен и задоволен народот, да испрати јасна слика и порака дома и до светот дека фабриките, со најмногу вработени, за производство на среќа, радост и убава иднина работат 24 часа на ден без престан во три смени. Иако не е вообичаено на овој начин да се прават големи спектакли и гламурозни прослави на датуми кои не се јубилејни како 20, 25, 30 години, политиката секогаш кога и' треба тоа, го влече овој кец од ракав, бидејќи лесно со својот патриотизам ќе ги прегази зајадливите кои дрдорат за злоупотреби на власта и парите на граѓаните во партиски цели. Кога се ближат избори, а колата тргнала низ ридот, големите спектакли се убава одбрана за власта, ама, за жал, траат само една вечер.
По брзиот и возбудлив седумосмински ритам, доаѓа мачно секојдневје кога срцето натоварено со грижа како да се преживее чука со тахикардија. Трокира пумпата од гајлиња, од изгубени надежи, од беда, безизлез и неизвесност. Ситуацијата е прилично инфарктозна. А, еве и зошто.
Редовните читатели веќе знаат дека подолг период во пресрет на Денот на независноста јавно поставувам едно прашање на кое никогаш нема одговор од македонските политички елити кои ја водеа државата сите овие години на слобода и самостојност. А, нема ни деманти на фактите кои притоа јавно ги соопштувам. Па, еве да го повториме суштинското прашање. Ако независноста на Македонија е вековен стремеж и сон на многу генерации, ако сме ја заслужиле и платиле со крв државата, дали таа самостојност и независност во изминатите веќе 21 година ја оправдавме. Дали успеавме да направиме за две децении просперитетна демократска држава. По меѓународните стандарди, успешноста на една политика се мери по тоа како живеат граѓаните, односно каков е квалитетот на нивниот живот, нивниот стандард, сиромаштија, (не) вработеност, каква е стабилноста на државата, нивото на демократијата, човековите права, слободи, неговата околина, функционирањето на правната држава и до каде се стратегиските определби на Македонија за нејзината европеизација како врвен приоритет кој во себе ги содржи сите погореспомнати предуслови
Чинам дека одговорите добро ги знаете, но еве за тие што не знаат, или не сакаат да ги знаат, да ги повториме по ред: граѓаните на Република Македонија живеат полошо отколку пред 21 година по сите мерила и параметри. Најсиромашното население во Европа живее во Македонија. Според најмеродавни и најстручни критериуми изработени од најугледната агенција на Обединетите нации, која по десетици егзактни и научни методи го мери квалитетот на живот што го опфаќа просечниот век на живот, пристапот до добро образование, квалитетна здравствена заштита, нивото на стандардот и низа други параметри Македонија е последна во Европа. Во Македонија, најмногу од цела Европа, има невработени млади луѓе со завршено средно обр��зование - 38 проценти. Во Македонија, најмногу од цела Европа, има невработени со високо факултетско образование - 52 процента. Во Македонија, најмногу од цела Европа, има невработени од сите категории граѓани со и без образование. Ако развојот на Македонија во 1998 година изнесувал 54 проценти од просекот на ЕУ, денес е длабоко под 40 проценти.
Одиме понатаму, каква е стабилноста на државата која, пред се', зависи од меѓуетничките односи, нивото на демократијата, човековите права и слободи и функционирањето на правната држава. Се разбира, има и други параметри, но овие за нас се најважни и најчувствителни. Мислам дека на сите ни е јасно дека по 2001 година првпат влегуваме во најголема затегнатост на меѓуетнички план. Како што се' погласни се повиците на единство и помирување, етничката поделба меѓу Македонците и Албанците е се' поголема и позагрижувачка. Социјалдемократите и вмровците на Бранко Црвенковски и на Никола Груевски направија пакт против социјалдемократите и вмровците на Али Ахмети и на Мендух Тачи во парламентот. Тоа нема да не' одведе на добар пат. Бранко, Никола, Али, Мендух застанете малку ако Бога знаете. Со кого ќе владеете ако го закрвите народот. Вкупните процеси на демократијата се во длабок застој, а во повеќе сегменти на човековите права и слободи Македонија драматично назадува. Функционирањето на правната држава е во постојана агенда на забелешките на ЕУ за кои сите македонски влади признаваат дека се на место.
Европеизацијата на Македонија, исто така, е во ќор-сокак. Се' погласни и се' поразочарувачки се пораките од чиновничкиот врв на ЕУ дека додека не се најде заедничко решение со соседна Грција, нема преговори и нема влез во ЕУ и НАТО. Полни се куферите на претседателот Ѓорге Иванов со овие пораки од неговата последна лекција во Брисел. Грчките црвени линии стасаа и до Бугарија. Не е исклучено во скора иднина да продолжат и до Србија и до Албанија.
Ете тоа се нашите резултати кои кажуваат дали ја оправдавме независноста и самостојноста на државата. Секогаш има милион оправдувања и многу други виновници зошто е тоа така. Но, да не заборавиме успешноста на една земја и нејзините политички, деловни и интелектуални водачи се мери според остварените резултати, а не по тоа кој е виновен, кој ги спречил и кој не мрази.
Среќен празник и внимавајте малку на себе и на ритамот на срцето. |
|
Статијата е прочитана 3047 пати.
|
Испрати коментар
|
|
surova realnost, 07.09.2012 00:50:15 | Ne sme sposobni da vodime drzhava. Edinstvena generacija Makedonci koi za koi mozhe da se kazhe deka bea herojska generacija e taa shto vo II Sv. vojna ja izbori i ja sozdade drzhavata Makedonija. Taa generacija potoa i ja izgradi Makedonija, ja stavi na noze, za sega seto toa shto tie izgradija segashnata generacija Makedonci da rasprodadat. Udrija na pesni i igri, troshenje pari, gajle im e za denot potoa, i taka se shto vredi ja napushta Makedonija |
| Itar Pejo, 07.09.2012 00:51:18 | Zosto megu balkanskite estradni zvezdi sto ce ucestvuvaat na proslavata ja nema Ceca? A mene licno mi e zal sto ja nema mojata ljubimica Suzana Gavazova! Uste edno prasanje, na koe nema ni od Feliks da dobijam odgovor: kolku ce cini proslavata? |
| Stoje, 07.09.2012 01:01:10 | abe Erol , si se raspisuval ko zholt. a nisto ne razbirash.Ima nekoi raboti koi tvoite umstveni moznosti nemozat da gi vospriemat, i nema shansi da ti bidat jasni. |
| jovan, 07.09.2012 01:19:29 | Ovaa Vlada definitivno e edna lakrdija. Namesto da rabotat nesto vo korist na otvaranje novi rabotni mesta, da se borat so sekojdnevnite problemi koj go macat naselenieto i stopanstvoto, namesto da rascistuvaat so korupcijata i kriminalot, i se ona sto edna normalna vlada treba da go pravi, oni se zanimavaat so organiziranje megalomanski rodendenski proslavi i*torti*. Moze li na toj nacin da se donese podobruvanje vo opstestvoto? Ne, nitu eden edinstven problem so koj se soocuva ovaa drzava ne moze da se resi na vakov nacin. Ova e samo spektakal vo koj tie ke se zamisluvaat deka se Rimski bozestva, a narodot e tolku ogorcen sto ne mu e do fantazerski spektakli. Zatoa i ke nosat ojlevci dojlevci so besplatni avtobusi i ke delat pokloni. |
| USA, 07.09.2012 04:13:02 | Kako avtorot I pred I posle nezavisnosta si pisuva, a posle 21 godina prasuva dali sme zasluzile nezavistost!!!!!! Cekaj sega, ti erbap, site drugi nedokvakani?!?! Aj sega edna samoanaliza, ama so pozitiven predznak. Zosto ne e se taka crno.......neli? |
| ФЕЛИКС, 07.09.2012 07:52:09 | Прво околу поиднасловот а поврзано подолу околу радувањето.Па така нема одговор на поедини водачи дали ја оправдавме независноста кога неумеат да и се радуваат.Авторот итекако се сеќава кој тоа не се радуваше со народот кога се прогласуваше независноста.Ептен се свежи ланската ескиважа на прославата на независноста оправдано со мизерно политиканство.И ова е една од причините за ,,тахикардија,, на државатаДа видиме годинава дали ќе се повтори нерадувањето. Инаку си ја знаеме државата со сите нејзини маани и доблести кој ни ги пласираат политичарите од сите бои.И на крај очекувам од авторот ако евентуално се повтори ескиважата на прославата да се осмели да луто напише коментар сличен на оној за С.Наумов.Само поради избалансираност во анализирањето на случувањата и ништо друго. |
| zlatko, 07.09.2012 08:27:29 | Poln pogodok.toa e toa.Bravo Erol! |
| Ajde na panegiriska proslava! ! !, 07.09.2012 08:36:33 | Aman bre Erole! So iznesuvanje na vistinskata sostojba vo Makedonija , ce gi izvadis od zanesot i letargijata i ce mu se rasipe cefot na vlasta na proslavata. Tie proslavuvaat , a ne znaat sto?! Nitu imame podobar zivot , nitu imame perspektiva, nitu imame rabota.Mladite masovno ja napustaat zemjata, taka da vo skoro vreme imame sansi Makedonija da se pretvori vo drzava na starci, ama na ovie prerodbenici oko ne im trepnuva. Edini uspeh im e masovnata izgradba na spomenici, so sto vlegovme i vo Ginis.Skopje go nacickaa so se i sesto: spomenici ,Triumfalni porti, barokni zgradi, plazi, im fali u[te piramida , pa da bide se potaman.I nakraj i mene ne mi e jasno zosto vakva glamurozna proslava na 21-na godisnina? No verojatno se si ima nekoja skriena cel. Pa Ajde narode vo arenata na panegiriska proslava !!! |
| stojan, 07.09.2012 09:14:29 | Definitivno ne sme sposobni da vodime drzava,za toa kazuvaat i mnogu brojnite nastani i slucuvanja.Ne smeeme da zaboravime deka ako ne bese Tito i den denes ke bevme juzna banovina,potoa ne smeeme da zaboravime deka nikoj drug ne ni e kriv sto gi prodavame zlatnite kokoski(firmi)znaci ne sme sposobni da gi vodime,KOJ E KRIV STO ONIE DENES STO VEAT ZNAMINJA I SKANDIRAAT PO MITINZI PRVI GI PRODADOJA IMOTITE VO ZAPADNA MK.SMESNI SME.... |
| До УСА, 07.09.2012 09:55:48 | Значи според госп. УСА на сите што пишувале пред 21 година, да им забраниме да пишуваат ако ја критикуваат власта. Ова може да му се допадне на Грујо.
Што се однесува до тоа дали ја заслуживме независноста на државата. Не манипулирај. Авторот јасно вели дека ја заслуживме како вековен стремеж, но поставува прашање дали ја оправдавме сите овие 21 година и притоа никого не исклучува од одговорност. Ризаов изнесува фактографија и докажува дека не ја оправдавме независноста. Е, сега ако имаш ти други податоци кои зборуваат спротивно добро е да ги изнесеш, а не да тресеш зелени и да подлажуваш. |
| Миле - Охрид, 07.09.2012 10:02:28 | Не е забрането да не се сака сопствената држава. Ама е невкусно да се навредува, клевети, дисквалификува и омаловажува соседот (без оглед што припаѓа на друг народ или вера). Да се посакува негово исчезнување е едно. Тоа е дозволено. Ама перманентно да се заговара промена на неговото име (наводно за повисоки цели - влез во комунизам?) е на границата на дозволеното. Тоа личи на здружу��ање со силите кои бараат самоукинување на Македонците. Доколку со своите субверзивни активности на поттикнување на национална, верска и меѓучовечка омраза тие успеат во својата намера да предизвикаат војна и крвопролевање, тоа здружување ќе прерасне во здружен злосторнички потфат. А таков потфат е казнив според меѓународното право. Или тоа не важи за секого? |
| aco, 07.09.2012 10:26:39 | Koga podobro ziveese narodot,potpolno se slagam so prviot komentar |
| Stole, 07.09.2012 10:29:57 | Bravo Erole. Toa e VISTINATA.No imam ednostavno prasanje. Do koga vaka? No imam uste poednostaven odgovor. Do padot na Vladata na nikola gruevski(ne slucajno so mali bukvi).
P.S. Ima tri vrsti na luge. Edni sto si imaat UM od pocetok, na drugi sto so tekot na vremeto mu DOGA a ima treti na kogo nikogas nema da mu dojde. Sami rangirajte gi koj kade pripaga.POZDRAV |
| Pejo Glupaviot, 07.09.2012 11:46:00 | Mu preporacuvam na avtorot da ja procita statijata na Mircev vo konkurentniot dneven vesnik, kade sto Dimce objasnuva kako bese vo socijalizmot: секое семејство - по две евтини светилки и - побогатите - по едно мало фрижидерче. Ete kako bese pred nezavisnosta, a Erol se prasuva dali sme ja zasluzile. |
| P.Petar, 07.09.2012 11:56:40 | Erole! Mnogu ubavo ja raskaza prikaznata za nezavisnost i samostojnost no mislam deka zaboravi da go kazes najvaznoto a toa e deka od Triglav pa do Gevgelija dobivme i nesto uste POSODRZAJNO a toa e PODELI PA VLADEJ! So vakvi vojvodstva kako nasevo sansite ni se dosta mali a mene personalno najveke me zagrizuvaat CRVENITE LINII Toa voopsto ne e naivna rabota,i zatoa nasive politicari spasot go gledsaat vo NATO.Naravoucenie Koj ne saka bratski zivot ke si trpi tutori nad glavata Ne sum ubeden deka Nie/sardinite/ sme vo sostojba da se spravime protiv jato ajkuli vo borba za pokvaliteten zivot!! |
| gjoko, 07.09.2012 12:07:20 | Analizirash i se neshto protiv VMRO,protiv Grujo i protiv ovaa vlada.Pa kazi neshto protiv tvojot Brane majka mu stara,ili ne svati deka toj ke dojde na vlast koga ke moze chovek da si go vidi tilot bez pomosh na ogledalo.A SDSM mozebi nekojpat ke pobedi no bez Brane. |
| Mudrec, 07.09.2012 12:15:47 | I toa kako ja opravdavme nezavisnosta. I pokraj site pritisoci od strana i od vnatre, drzavata Makedonija postoi i odi napred (setese se kolku licevme na drzava pred 21 god. - bez pari i bez institucii). Sekako deka mozese i podobro, no vo klucnite momenti vo 90-tite vladeese chumata od SDS. A za toa deka sme na dnoto na Evropa, laga e. Erol, si bii li vo Moldavija, Ermenija, Kosovo, Albanija? Makedonija e svetlosni godini pred ovie drzavi vo sekoja smisla. A realno, i bugarija i Romanija ne ni begaat mnogu. |
| Трпе, 07.09.2012 13:55:59 | Ова пропагандна влада работи Ден за Ден.Еден ден да пројде а друг да дојде.Но овде и самиот народ е виновен што многу лесно паѓа на илузионистички забави.Дај му на овој народ свирка, без разлика дали имало повод или не на празниот стомак заборава.Тоа и на избори се гледа кога се продава за вреќа брашно и тоа од 25 килограми.И секоја година за нив ке биде јубилеј.Како на друг начин да ги оправдат украдените и ненаменски потрошени пари.Некои коментатори спомнуват дека се критикувала власта а не опозицијата.Нормално е што се критикува власта па таа во моментот ја води или поточно ја уништува државата.Без разлика што имаме власт која седма година ја води државата, се однесува како да е опозиција. |
| Крт, 07.09.2012 14:45:16 | До ФЕЛИКС - Човек од тебе може и БРАДИКАРДИЈА до добие. Па дали ти воопшто ги разбираш работите или ја ,,дотрошуваш муницијата,,. Ероле, ти одсега натаму твоите колумни пишувајги во форма на стрип, за да може ,,мачето,, да ги поврзе конците. Нешто во главата му има ,,кратка врска,, и тоа ти е. СИРОМАШТИЈА на квадрат, а славење како славење- само дваесет и една година...и што понатаму. Инаку секоја чест на утрешниот ден, затоа што генерациии и генерации го сонувале сонот за независна Македонија. Ама не оваква - разединета, опљачкана, разнебитена, поделена...да заплаче човек а не да се радува! |
| bezaec, 07.09.2012 15:40:59 | Господине Ризаов,продолжи да пишуваш,за инает на полуписмените македонци кои живеат и мислам само до утре,што ќе му каже вмро. Треба да славиме ама не вакви осиромаштени и разделени што го прави вмро. Тие си служат со поговорката „„Раздели па владеј„„ ама кој да ги разбере,реков зошто погоре. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 18°C
Ведро
|
Сабота
Ведро
Макс: 30°C, Мин: 13°C
|
Недела
Сончево
Макс: 32°C, Мин: 12°C
|
|
|
|
|
|