Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
23.08.2012, 16:53

ДУИ не попушта - бара права и за ОНА

Ако нашиот предлог не биде прифатен, тогаш ние ќе ги разгледаме сите опции, вели портпаролот на ДУИ, Бујар Османи

Наум Котевски


Албанскиот партнер во Владата - ДУИ, поднесе барање до парламентот во предложениот Закон за посебни права на бранителите да се вметнат и борците на ОНА. Во спротивно, ДУИ очекува законот да биде повлечен.

„Доколку нашиот предлог не биде прифатен, а Законот за бранителите биде изгласан, тогаш ние ќе ги разгледаме сите опции“, изјави портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, кој додава дека ситуацијата во која се наоѓа партијата не е добра.

Неговата партија вчера осцилираше во поглед на конкретноста во своите изјави. Интегративците одлучија првин да „кулираат“ по острите изјави на премиерот Никола Груевски, кој од Кичево потврди дека постои криза во коалицијата и дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена и за предвремени парламентарни избори.

„Продолжуваме со рутинска работа и исполнување на зацртаната агенда, во вообичаени околности, за реализација на партиските, националните и државните цели“, ни рече Османи.

Но, неколку часа подоцна од Османи стигна и повторената закана околу Законот за бранителите, на која може да се гледа и како потврда на нашите неофицијални информации дека завчера во Тетово била одржана неформална средба на потесното раководство, каде што преовладал токму тој став - ако биде изгласан Законот за бранители, кој ќе ги исклучи борците на ОНА, ќе нема Влада.

Тоа не ништо ново, бидејќи таква порака до ВМРО-ДПМНЕ уште пред неколку дена испрати генералниот секретар на партијата и министер за животна средина Абдулаќим Адеми, но е знак дека ДУИ мува не ја лази по изјавите на Никола Груевски, во кои неколку пати повтори дека нема да дозволи некој да го гази достоинството и образот на партијата и граѓаните на Македонија. ДУИ демонстрира дека е решена да оди до крај.

Османи, пак, чија партија, наводно, е задоволна и од поддршката што ја има од странските дипломати, вчера не сакаше да влегува во детални анализи на изјавите на Груевски. За коментарот на премиерот дека кризата е резултат на промените во однесувањето на дел од раководството на ДУИ, кое, според него, по последните парламентарни избори не се однесува коректно како што бил случајот во минатото, Османи кратко кажа: „Ние се однесуваме според нашата политичка стратегија и програма. Со нашето влегување во Владата таа стана и дел од нејзината агенда. Ние нема да го менуваме она за што добивме легитимитет од албанските граѓани“, посочи Османи, отфрлајќи ги претпоставките на Груевски дека ДУИ отстапила од практиката да се држи до зборот поради тоа што можеби чувствува дека ВМРО-ДПМНЕ го нема мнозинството во парламентот со 56 пратеници, па тоа го покриваат „интегративците“.

Во вчерашниот број „Утрински весник“ ги посочи четирите сценарија за излез од кризата. Помирување меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, распишување предвремени парламентарни избори што ќе ги организира оваа Влада, растурање на Владата и формирање ново парламентарно мнозинство, и формирање техничка Влада која ќе организира предвремени избори. Третата опција, која ја вклучува варијантата СДСМ да формира влада со сите парламентарни партии на Албанците, опозициската ДПА не ја отфрла како можност доколку за тоа има расположение кај ДУИ.


Статијата е прочитана 1672 пати.

Испрати коментар



Црвенковски не им верува на „солзите“ на Бесими
Тачи застана на страната на ДУИ
Помирувањето поизвесно од изборите
Јанкулоска
Тивкиот министер ја потресе Владата



itar Pejo, 24.08.2012 00:14:11
Sto e sosema normalno. Ce se najde li maz da im objasni na nasive dibeci deka branetilite ne pobedija vo 2001 tuku deka konfliktot zavrsi so kompromis. Uste pa i ako e tocno deka vo Slupcane ima i ubieni deca.
astro, 24.08.2012 07:18:49
abe si igrate vo zalosna makedonija kako sto najdohte ovci da strizete i ednite i drugite da ste vo svajcarija toa nema da vi uspeva ni na ednite ni na drugite za zal seto toa go plakat posteniot narod bez zbor na etnizam oti etnite ne se krivi oti kolko gledam problemo e samo vo politikata.
jimmy1, 24.08.2012 08:01:15
Ima samo edna opcija, DUI da se iskluci od vladata, podobra opcija nema.
jovan, vlada @, 24.08.2012 10:40:27
Абе Itar Pejo оди сокри се бе таму и не се појавувај човече, тресеш зелени алоооооооо ако се покаже дека во Слупчане имало убиени деца од страна на „лошите“ Македонци??!!!!Абе ти дали си нормален алооооо, и после оди чуди се зашто ни е ваква државата, цацко ни е крив после, цццццц на кое дереџе дојдовме со вакви како овој не ми се верува, убиени деца во Слупчане викаш а??Да бе „добрите“ чичковци од УЧК со заробените работници на Маврово си играа фудбал и домино нели, или во Вејце,Арачиново, Карпалак фрлаа петерди може твоиве, не ми се верува дека и од Македонци може да слушнеш дека имало алооооооо убиени деца во Случане, па што не отиде бе Итрецу у Слупчане и ти да се поклониш пред тие „деца“ и да покажеш акт на врвно „патриотско“ визионерство! После зашто ние сме на ова дереџе на кое што сме, од самите себе си патиме!
srebre, 24.08.2012 11:03:51
podobro vlada da padne a zakonot da se izglasa so toa vmro pobeduva a dui gubi...a ti itar pejo vo nikoj slucaj nese etnicki makedonec....
narode neka ne ve maftaat, 24.08.2012 11:33:31
Prvo. Ako se pogledne tocka po tocka predlog-zakonot ke se vidi deka mnogu malku se razlikuva od postoeckiot zakon od 2002 godina taka da ne e jasno zosto seta ovaa galama. Vtoro. Zarem ima nekoj naiven i megu Makedoncite i megu Albancite sto veruva deka i bez zakon golem del od ucesnicite vo konfliktot koi poslednive godini verno sluzea na partiite na vlast veke ne si gi ostvarile svoite prava na mala vrata. I treto. dali nekoj seuste se sekava na Smilkovci, cenata na strujata, cenata na parnoto, stoticite milioni evra pretopeni del vo bronza, del prefreleni nekade vo beliot svet, stotinata iljadi mladi raseleni po svetot, statistikite za siromastija, stapkata na smrtnost.? Ne, seto toa go zaboravivme, sto znaci deka operacijata ZABORAV e uspesno izvrsena.
Ivan, 24.08.2012 12:06:14
Сега треба да се слушне македонскиот глас, македонската храброст. Како може тие терористи кој во 2001 година дигнаа рака врз макеоднските синови и однесоа неколку жртви. Нема да добијат права, тие не се бранителите на оваа земја, туку оние кој ја нападнаа. А законот за бранители треба да се изгласа и да се усвои.
Ован&невлада, 24.08.2012 19:30:08
“Да бе „добрите“ чичковци од УЧК со заробените работници на Маврово си играа фудбал и домино нели, или во Вејце,Арачиново, Карпалак фрлаа петерди може твоиве, не ми се верува дека и Македонци“ ГЛАСАЛЕ ЗА ЗАКОНОТ ЗА АМНЕСТИЈА!!!!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 20°C

Делумно облачно

Сабота
Ведро
Макс: 39°C, Мин: 19°C

Недела
Сончево
Макс: 39°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Пронајдени коски од досега непознат вид на диносаурус на југот од Франција
Во близината на Екс-ан-Прованс на југот од Франција се пронајдени остатоци од досега непознат вид на диносаурус, наречен...
(ВИДЕО) Отпуштен работник го уби шефот во Њујорк, десетина повредени
Астрономите пронајдоа докази како ѕвезда си ја јаде својата планета
Ѕвездата за која станува збор е позната како црвен џин, а таквите ѕвезди на почетокот се со маса скоро колку нашето Сонц...
(ИНТЕРВЈУ) Честа се спушти на најниски скалила
Етнологот Јелена Цветановска ги објави во книга своите истражувања на гревот и казната во народната култура во Македониј...
Големиот предизвик за новиот шеф на „Њујорк Тајмс“
За разлика од Би-Би-Си, Томпсон сега ќе мора да го направи истото во комерцијална компанија во која огласите и прод...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |