Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
23.08.2012, 17:12

Јанкулоска: Да не се злоупотребуваат униформите

Процесот на лустрација во никој случај нема да го наруши функционирањето на безбедносните служби, тврди министерката за внатрешни работи


ранковце - Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, вчера изјави дека чинот во Слупчане длабоко ги повреди чувствата на Македонците и оти најмалку се согласува со злоупотреба на безбедносните сили на полициската или на армиската униформа за дневнополитички или партиски интереси. Смета дека процесот на лустрација во никој случај нема да го наруши функционирањето на безбедносните служби.

„Не би навлегувала во личните видувања и објаснувања за одредени чекори што ги влечат поединци. За тоа ќе судат граѓаните и ќе дадат своја оценка, не се согласувам со таквиот чекор и најмалку од се' се согласувам со злоупотреба на безбедносните сили на полициската или на армиската униформа за дневнополитички или партиски интереси. Безбедносните сили треба да останат во функција на заштита на интересите на Република Македонија“, изјави Јанкуловска, која вчера беше во посета на полициската станица во Ранковце.

Јанкуловска го поддржува предложениот закон за посебни права на бранителите и истакна дека тоа е потврда за принципиелната и конзистентна политика која ВМРО-ДПМНЕ ја води како партија.

Одговарајќи на новинарско прашање, таа рече дека процесот на лустрација во никој случај нема да го наруши функционирањето на безбедносните служби.

„Напротив, ваков процес е за поздравување и значи расчистување со минатото во смисла да се оневозможат лицата кои на одреден начин напредувале во кариера или остварувале материјална корист да не можат да бидат носители на јавни функции. Сметам дека јавноста има право да знае кои лица користеле на недозволен начин методи непримерни за едно демократско општество и успеале за нив да остварат некаква корист“, изјави Јанкулоска.

Министерката ги отфрли тврдењата дека МВР има добиено пријава за прекршување на законот за МВР поврзано со лустрацијата.

„МВР нема добиено никаква пријава за прекршување на законот. МВР реагира по основ на оние дела што се пропишани како кривични во Кривичниот законик и оние што се гонат по службена должност. Доколку во иднина има такво нешто, несомнено, како и во секој друг случај, ние ќе постапиме согласно со нашите законски надлежности“, истакна Јанкулоска. (П.Р.)


Статијата е прочитана 361 пати.

Испрати коментар



Црвенковски не им верува на „солзите“ на Бесими
Тачи застана на страната на ДУИ
Помирувањето поизвесно од изборите
Тивкиот министер ја потресе Владата
ДУИ не попушта - бара права и за ОНА



ez-mani, 24.08.2012 00:40:44
da ministerke da ne se zlloupotrebuvaat uniformite oti za tie uniformi od svojot trud delele svite gragjani na republika makedonija,a od koga e proglasena republika makedonija vakov pameten gest kako ministerot besimi dosega ne napravil nijeden politichar da odi i da se pokloni i kaj spomenikot vo karpallak i kaj spomenikot na ona.negovijot gest e gest na sozhivotot vo makedonija a vashite izjavi se izjavi na razdorod koji mozhe da predizvikaat gragjanski rat vo makedonija so nesogledivi posledici.za ovije vashi izjavi ministerke treba da se sramite so sce vashiot premier.
Трпе, 24.08.2012 01:05:40
Госпогата министерка има добиено задача од претпоставениот и таа да се огласи во јавноста.Откако еден период беше скриена под јорган поради решените случаи детонатор,монструм и ред други.Зарем не беше подобро да молчи, кога само ситниот криминал им е во пораст а се вртат огромни пари.
pile, 24.08.2012 05:00:46
Citajki ja izjavata i gledajki gi snimkite na nekoi televizii od vcerasnata poseta na Ministerkata za vnatresni raboti na najposetuvanoto SVR Kumanovo od nejzina strana vb izminatite 6 godini,se gleda deka DPMNE veke dlaboko navleze vo politicka kampanja a rakovoden od konstataciite vo Izvestajot na EK za 2011 godina vo koj decidno e navedeno deka ministerot za vnatresni raboti svojata pozicija ja koristi za licna promocija.So takov megjunaroden kredibilitet i so presmetka so sekoj sto ne e clen na partijata a posebno so branitelite od 2001 godina kako dokazjani profesionalci, za sto sleduvase ocenkata,,vo MVR se stignuva do nacalnik i go rasporeduvaat na rang na policaec,doticnata G-gja eks sekretarka vo Min. za finansii, koja napravi puzder vo MVR so timot za koj veli deka e zadovolstvo da se sorabotuva,mozje na golobradite momcinjata vcera snimeni pred kameri da im kazjuva za nejzinata sposobnost za procenka za mozjnost ili ne za narusuvanje na bezbednosnata sostojba.OSTAVKA
зачуден, 24.08.2012 09:22:14
.....„Гордана Јанкулоска, вчера изјави дека чинот во Слупчане длабоко ги повреди чувствата на Македонците“, да точно е тоа, ама уште посилно ги погоди и амнестијата на учките „министерке - патриот“ што ви ја изгласа пастирот, па сега лижете кај што сте плукале. како ке си постелеш така ке си легнеш, само за кратко време да не ви биде неудобна постелата
citatel, 24.08.2012 09:39:29
Kolku sme kako luge licemerni. Istite onie koi se ga cinot na ministerot vo Slupcane go proglasuvaat za vrv na antimakedonizam, donesoa zakon so koj se amnestiraa zlostornici protiv cocestvoto. Zarem stavanjeto cveke pred eden spomenik e pogolem grev od proglasuvanjeto za nevnini na luge koi macele i ubivale nevini zrtvi. Toa se odnesuva i na nas citatelite i komentatorite koi poslednive denovi komentiraat po forumite. I uste bi kazal deka ministerkata komentira nastani sto ne se vo nejzina nadleznost a ni zbor so meseci nema kazano za slucajot sto e isklucivo nejzin - Smilkovci.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 25°C

Делумно облачно

Вторник
Сончево
Макс: 31°C, Мин: 11°C

Среда
Сончево
Макс: 33°C, Мин: 14°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Кои ќе бидат најбогати во 2050?
Можете ли да поверувате дека до 2050-та година Нигерија и Египет економски ќе ја престигнат Германија? А кои ли ќе бидат...
Покриени пред и зад камерите
Веќе еден месец Египќаните можат да ја гледаат телевизиска станица Мариа ТВ. Нејзината програма ја водат целосно покриен...
(ФОТО) „Гринпис“ повторно протестира на Арктикот
Ова е веќе втор обид на „зелените„ во последните три дена да го н��сочат вниманието кон проблемот со експлоатацијата на п...
Пронајдени коски од досега непознат вид на диносаурус на југот од Франција
Во близината на Екс-ан-Прованс на југот од Франција се пронајдени остатоци од досега непознат вид на диносаурус, наречен...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |