Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
26.08.2012, 18:44

Мое ќоше

Кој ми згазна на достоинството

Ерол Ризаов

Груевски и Ахмети ни раскажуваат страшни приказни

Ми се наполни душата со достоинство и гордост кога вчера ги видов 15 нововработени во униформи како ја чистат фонтаничката на раскрсницата на влезот на најурбаната населба во Македонија Аеродром. Две повозрасни жени со пластични кофи и сунѓери ја триеја фонтаната. Избројав точно девет нивни колешки и колеги, исто во униформи, изнаседнати околу фонтаната, кои гласно даваа инструкции како најефикасно се чисти и како да се соберат паричките што минувачите ги фрлаат за среќа. Други тројца, очигледно шефови, простум со мобилки јавуваа во штабот на надлежните дека подготовките во пресрет на Св. Богородица течат беспрекорно. А, една госпоѓа од униформираниот тим за спас на државата побожно се крстеше пред минијатурното грчко црквиче. Трогнат до солзи со восхит гледав на големата преродба која овозможи 4.000 луѓе преку ноќ да најдат работа и парче леб.

И таман си реков ете што ти значи храбра и добра стратегија за решавање на најгорливиот проблем, отварање нови работни места, кога вестите резервирани за боите на Македонија од најпатриотското македонско радио ме пресекоа. За малку ќе предизвикав сообраќајка. Лидерите Никола Груевски и Али Ахмети разговарале цели два и пол часа. Муабетот го завршиле помирливо пата-пата. Ахмети појаснувал дека амбициозниот министер Фатмир Бесими немал намера да ги навреди Македонците со тоа што ставил цвеќе пред споменикот на паднатите борци за човекови права и слободи во Слупчане и им оддал почест додека му салутираат офицeри во униформи на АРМ. А, Никола Груевски му ги разјаснил последиците на Ахмети што значи тоа кога партнерот во власта ти удира нож во грбот. Изгледа Ахмети разбрал колку е страшно да се поклонуваат официри во македонски униформи пред терористи кои пукале во тие униформи. Потоа двајцата лидери се договориле, по десет дена, кога Груевски ќе се врати од Америка и Канада, по најновото негово рoaд-шоу, пак да се видат и да го продолжат разговорот таму каде што застанале. До тогаш работите ќе мируваат или ќе се разгоруваат по потреба. Заедничкиот проект е заведен под шифра - Македонија гори, бабата се чешла.

Е, со ова двајцата најодговорни македонски лидери за состојбите во државата навистина ми згазнаа на достоинството и гордоста. Буквално ме понижија. Ме изеде нивниот срам. Па добро бе луѓе, навистина ли мислите дека цицаме весла и пиеме нафта. Толку ли не' есапите дека сме удрени со мокра чорапа и ништо не разбираме. Вие сте партнери или ние. Па што не седнавте да разговарате пред да го пратите чиракот да ја наполни стомната со вода. Сега кога ја скрши во парам парчиња не' плашите со страшни приказни. Па, чеда божји, под чија команда беа загинатите борци за слобода, или терористи во Слупчане. Нивниот командант очи во очи му кажува на нашиот командант дека чиракот сакал само да наполни вода. Колкави морони не' есапите сите нас кога ни кажувате дека Законот за бранителите по цели шест години овој миг ви текна да го пратите во парламент и од тоа да правите роад-шоу со душите на загинатите и повредените борци. Командант Ахмети вели тоа мора да биде Закон кој еднакво ги опфаќа сите жртви во воениот конфликт 2001 година. И има целосно право. Ако лично тој, под чија заповед загинале неговите борци, денес е херој, највлијателен Албанец во Македонија, ако тој ја дели власта, ако целосно е политички рехабилитиран и е угледен и заслужен граѓанин на Македонија кој преговара со Никола Груевски, со Бранко Црвенковски или со кој било македонски премиер и политичар, тогаш каква е оваа мизерија од лицемерие и загриженост зошто преживеаниот војник на Ахмети, сега министер за одбрана на државата, им оддавал почит на своите загинати соборци.

Очигледно во односите меѓу коалициските партнери има голема конфузија и нејаснотии кои предизвикуваат трагикомични реакции во јавноста. Од една страна, никој од македонските и албанските политички лидери не работи на создавање амбиент за соживот и уважување, толеранција, а од друга страна, двете страни се натпреваруваат за предизборни поени кој повеќе ќе ја омаловажи и навреди другата страна. Сведоци сме на десетици и десетици разни меѓуетнички тешки инциденти и националистички јавни изјави на политичките лидери кои само ги разгоруваат тензиите и омразата. Двете страни пред своето гласачко тело се претставуваат се' порадикално во одбрана на националната кауза напаѓајќи го другиот. А, потоа по изборите ја делат власта како ништо да не било. Така ќе биде се' додека стадата им кротко пасат. А, потоа кога овците ќе станат волци ќе раскажува кој ќе преживее.


Статијата е прочитана 4941 пати.

Испрати коментар



Чекор кон вечноста
Црвенковски до Груевски
Затишје (пред бура) на владиниот брод?
Тасевски
Мешани коалиции, но само во вториот изборен круг
Од 1 јануари бесплатно лекување за пензионерите со ниски пензии
Македонија ќе го има најголемиот рудник за бакар во Југоисточна Европа
Демолиран штабот на СДСМ
Исчезна кавадарчанец
Панихида за убиените работници на „Бриони“
Тешки обвинувања во затворот „Идризово“



jovan, 27.08.2012 00:10:29
Ovaa Vlast vo izminative 5-6 godini ne donese nikakva vozvisenost megu narodot, donese pokoruvanje i poniznost, a toa e daleku od dostoinstvo. Da ne spomenuvam deka ne donese ni nikakva ekonomska sila, nego donese ekonomska kriza i propast. Za korupcija, povlastici, lagi i demagogii... ne sakam ni da pocnam da pisuvam, a i nema prostor. Spored seto ova, na Makedonecot ne mu ostana nitu trunka dostoinstvo. Odamna mu e izgazeno i toa ne od DUI, Taci, Ali... ili neznam koj, izgazeno e od *nasite*. Toa e najloso i najtragicno za edna nacija.
seirdzija, 27.08.2012 00:21:21
hehehe,daj be Erol nemoj da go napadjas tolku,covekot ne go biduva za ekonomija,pa mu treba malko nacionalizam,toa sto ne dovede do prosjacki stap,toa ne e bitno,bitno e da ne ni go zgazi nekoj drug dostoinstvoto,ama koe???Go imame li???Eve uste utre ke procitas nekoj komentar od nekoj si jovan vlada ili slicen bezrbetnik pa ke vidis kako stoime po odnos na dostoinstvo....Sest godini pravat mediumski i sekakvi falsifikati i se falat deka pobeduvale na izbori....heheheh,AMAN ....
Itar Pejo, 27.08.2012 00:51:56
Komemoracii, dostoinstvo, haski slucai ... Nikoj ne zaboravi deka avtenticno se istolkuvaa haskite slucai, no nikoj ne go spomenuva edinstveniot haski slucaj koj sto zavrsi so konecna sudska presuda. A tamu ima nekolku zrtvi i eden osudenik. Motus!!!
KARA MURAT, 27.08.2012 01:41:48
Ni Sultan ne ti e raven vo tvoeto pisuvanje.Od sekogas si bil korekten i iskren , bez navivacki i nacionalisticki strasti , Ovaa statija neka posluzi kako domasna zadaca na mnogute tvoji takanareceni kolegi ,so doktorski tituli za da go ispecat zanaetot. Mislite ti se kako MEC a zborovite ti se kako ZMIJA.
Asan od Krivolaka, 27.08.2012 02:48:47
Mister Erol Rizaov i ovojpat imate antologijski tekst - cetivo koe dava nadez deka nema da bidat retki onie koi sto ke ja preziveat tranzicijata na nasite beli stada! Toa, sto ke se slucuva so crnite ovci, ke bide posebna prikazna. Gi citam komentarite na vasite kosinja i gledam deka mnogu lugje se srekni sto ve imaat kako novinar. I jas sum eden od niv i sakam uste dolgo da opstane ova nase kose. Vi posakuvam edna zdrava, uspesna i vozbudliva sedmica. Do slednoto kose...
Kolvaat zrca pesok, 27.08.2012 07:21:47
Erole , kazuvas deka ne sisame vesla i ne pieme nafta, no izgleda ne si vo pravo . Ovaj narod pokaza vo tekot na ovie dv aesetina godini deka pie nafta i toa aovilno i sisa vesla, stom dozvoluva na isti manipulacii da go prevesluvaat a toj samo si mrgori i ggjoam se luti ama vo sebe i so strav., seto ova nalikuva kako kokoskata i petelot , koga posle onaa rabota malku ce se strese i ce si prodolzi na kolva zrnca pesok niz dvorot . Ete toa go pravi ovaj narod stom dozvoluva na isti finti da bidi predribluvan bezbroj pati.E sega eve za airija ponovo od utre onaa Regulatorna ce mu go digne benzinot , a ne e cudo pokasno i strujata , malku ce zalelekaat so onaa Zort Z-AMAN i pak ce si legnat mirno so gladni stomaci. abe vakov narod bil vistinski blagodat da go vladees.
Rekonstrukcija, 27.08.2012 09:14:19
Pa ke ima rekonstrukcija na vladata toa se imaat dogovoreno, da se zamenat resorite i na Grujo da ne mu preci ovoj od odbranata vo rabotenjeto na negovite sluzbi.
milan, 27.08.2012 09:15:34
Erole, po se izgleda ja smirija topkata ama ne vo terenot, tuku vo aut,a nie graganite od tribinite i ponatamu navivame,a vsusnost se igra gluv fudbal.(kako vo narodnata gluvo oro bez tapan)Znaci se dogovorile: za Slupcane,za poskapuvanjata i za kompletnata kriza sto ja zafati drzavata.A nie i ponatamu ke gledame utakmica ako topkata e nadvor od terenot,a nema go ni sudijata da odsviri kraj,vsusnost da gi spreci budalavstinite.Grujo se sprema za USA i Kanada,a bedniot narod ke prodolzi da pie nafta,ama i ona e strasno skapa.Carevi se nema sto lazat ne i susat.
kanagjanka, 27.08.2012 09:28:45
Македонскиот просек гледа канал 5,мртв и сител и осознава дека Македонија е полна злато, дрвата за огрев поефтинеле и дека еди кој си принц Хари е гол...и секако саморекламирањето на владата во пакет со сапунските опери.Кога ќе и згусти на владата веднаш прави меѓуетничка криза, демек има и од лошо полошо.Провинција не чита весници..туку само `студира`.Да имавте еден ТВ медиум Ероле, ќе завршевте голема работа!
Dostoinstvo veils?, 27.08.2012 09:36:23
Ti Erole imas najmalku pravo da zboruvas za gazenje na dostoinstvoto na Makedoncite. Pa ti Erole do sega tri rala opinci iskina trcajki naokolu da se smeni imeto Na drzavata I narodot vo nea I sega ti ke kritikuvas deka drugi navreduvaat? Aide te molam imaj malku dostoinstvo I prestani so toa oti vistina narodot ne cica vesla.
jasnin, 27.08.2012 11:14:43
a edna pobozna gospogja pobozno se krstela vo edna mala grcka crkvicka Bravo be Erol. Provociras a!???
karokan, 27.08.2012 11:21:54
Г-да коментатори и Jovan i seirxija i Itar Pejo i KARA MURAT i Asan od Krivolaka, и останатите,со слични забелешки и видувања во коментарите,не само г-динот Ерол Ризаов,туку и подоста ималку граѓани со интелектуален капацитет,го знаат и мислат истото!!!Ама баш истото. Го знаат и некои други лица од истата (новинарска) фела,но ете Г-динот Ризаов има и доблест и храброст,тоа јавно и да го соопшти на јавноста.(За тоа длабоко му благодариме).Ако на тоа го додадеме и неговиот висок стилски израз,а истовремено и по јаснотијата и читливоста разбирлив и за скоро секој граѓанин на земјата достапен,тогаш лесно е да се даде и соодветна (висока) оценка за самиот текст. п.с. Постојано очекувам еден текст или подобро речено сеопфатна анализа на новиот Закон за лустрација и последиците од таквиот зафат. (Зошто во главата постојано ми се “матка“,како текстот на Законот да е скован од некоја од соседните тајни служби??????)!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Jordan, 27.08.2012 11:47:26
Kolumnite tvoi Erol licat na plukanje se sto e Makedonsko!Duri i komentarite na takanarecenite citateli se isti plukanje na se sto e Makedonsko!Bolni ste za da vi se vrati diktatorot vas b.c.!Silata na Gruvski e vo Narodot dali razbirate ! Po site anketi i vladini i opoziciski vodi za celi 10%!A toa se eliminira za nekoi 10 godini!
Maja, 27.08.2012 12:42:10
Ne go biva za ekonomija toa e ocigledno.Ako bil tolku sposoben ke zavrsel fakultet vo Skopje a ne vo Prilep.Zatoa igra na kartata na nacionalizmot.Tuka se pali prosecniot da ne kazam prost narod.
BitolaHamiltonCanada, 27.08.2012 13:04:27
Erole,mnogu dobro znaes koj ni gazi na dostoinstvoto.Toj shto nema da mu dozvoli na nikoj da go gazi dostoinstvoto na Mak.narod,toj ni gazi najmnogu na dostoinstvoto.I tebe i mene i na site nas.Chuvarot na naseto dostoinstvo,sega ni doaga na gosti so edna duzina voini od negovata falanga.Veli po investitori doaga.Izgleda poveke doaga po devizni dnevnici.A popatno ke ni se pofali kolku golem chuvar na dostoinstvoto na Mak.narod e toj.Mora so nesto da gi opravda dnevnicite.
Aman, 27.08.2012 13:38:25
Grujo, chuvaj se! Begaj vo USA, Praga ili bilo kade, samo ne ovde. Svati, razberi, uvidi - narodot ja kastri vostegarkata!
Makedonec, 27.08.2012 19:12:47
Erole ti nemas pravo da pisuvas za nikakvo dostoinstvo zatoa sto se raboti za Makedonsko dostoinstvo a ti si se ama Makedonec ne zatoa te molam pisuvaj za svoeto dostonstvo a neznam sto si po nacionalnost, zavisi sto se imas pisano na hartija...
USA-PHILADELPHIA, 28.08.2012 00:55:11
Eh Makedonijo Makedonijo,sedom ispred ovoj kompjuter,ja citam ova statija,i si mislam a bre do koga ovaa zemja i ovoj narod ke pati od ovie politicki zlonamernici koi go dovedoa ovoj narod da bega od svojata sopstvena kuca,gladen,umoren ,zheden,i na kraj opustoshen so prazni xhepovi da sheta po cell svet za korka leb.izborite se mozhni ,narode razbudi se,recete i dosta na ovaa politicka garnitura, pozdrav do redakcijata.
pile, 28.08.2012 09:47:16
Do Aman;Sekoj ima pravo na pokajanie i da go pokazje dostoinstvoto pred Drzjavata i ovoj, kakov takov narod.Mnogu bliskata istorija vo naseto opkruzjuvanje pokazja deka najgolemiot broj megalomanski i alcni politicki izvrsiteli, pocnuvajki od Berluskoni,Gjukanovik preku Sanader, a se slusaat glasini i za uste vo sosedstvoto,se stavija vo funkcija na Organite na progonot.Vistinskoto znacenje na odredbite od ZKP i davanjeto mozjnost za ulogata na zastiteniot svedok, se podrazbira obvinitelot ima pravo na izbor(poleka netrcajte), nemozje site da bidat zastiteni svedoci,koj najveke znae za kriminalot i obidite za velepredavstvo na Drzjavnite interesi,doprva ke gi davaat rezultatite i opravdanosta za voveduvanjeto.Osvetoljubivosta nikogas ne bila svojstvena na narodite na ovie prostori na R.Makedonija,poveke e prisutno sozjaluvanjeto no ne i ispolnuvanjeto na posledna zjelba,sekoj ima pravo da zjivee vo sopstvenata Drzjava so egzistencijalniot minimum koj sistemot treba da mu go obezbedi

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 22°C

Ведро

Вторник
Ведро
Макс: 29°C, Мин: 11°C

Среда
Сончево
Макс: 33°C, Мин: 12°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Канабисот е штетен за мозокот
Пушењето канабис за време на младоста штетно влијае врз мозокот, е заклучок на студијата на научници од Нов Зеланд, која...
Кои ќе бидат најбогати во 2050?
Можете ли да поверувате дека до 2050-та година Нигерија и Египет економски ќе ја престигнат Германија? А кои ли ќе бидат...
Покриени пред и зад камерите
Веќе еден месец Египќаните можат да ја гледаат телевизиска станица Мариа ТВ. Нејзината програма ја водат целосно покриен...
(ФОТО) „Гринпис“ повторно протестира на Арктикот
Ова е веќе втор обид на „зелените„ во последните три дена да го насочат вниманието кон проблемот со експлоатацијата на п...
Пронајдени коски од досега непознат вид на диносаурус на југот од Франција
Во близината на Екс-ан-Прованс на југот од Франција се пронајдени остатоци од досега непознат вид на диносаурус, наречен...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |