Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
23.08.2012, 17:52

Едиторијал

Teшки денови за Груевски

Љупчо Поповски

Ситуацијата изгледаше дури и гротескно. Премиерот во РЕК „Осломеј“ ја обвинуваше ДУИ дека веќе не е партија која држи до зборот, дека постапката на министерот Бесими не придонесувала за остварување на целите на ДУИ, дека имало нечесни односи во коалицијата. Груевски успеа и да не го спомене името на Али Ахмети, туку само рече дека „неколку пати разговарав со претседателот на таа партија во минатите неколку месеци“. За сето тоа време додека Груевски во грч и затегнат, каков што досега не сме го виделе, ги обвинуваше „интегративците“, двајца министри од ДУИ, Ваљон Сарачини и Амбдулаким Адеми, беа до него.

Никола Груевски скрши повеќе табуа овие шест години. Но, се чини никој не преминал таков рубикон во присуство на министри на ДУИ да ја омаловажува чесноста на својот коалициски партнер. Oдговорите со реторика искажана во грч ја искажуваат невозможната ситуација во која се наоѓа до вчера неприкосновениот политичар Никола Груевски. Тој го обвини министерот Фатмир Бесими дека неговата постапка во Слупчане „не е визионерска работа, ниту храбро лидерство, туку дека ги влошува меѓуетничките односи“, а во Скопје истиот Бесими, изјавуваше без страв дека пак би го направил истото тоа.

Ова е драматична разлика од ониејавни седници на Владата кога премиерот како строг наставник ги испрашуваше учениците-министри. А Рикер, како претставник на Вашингтон јавно го поддржа „гестот за помирување“ на Бесими, па на премиерот во пазувите му остана уште единствениот адут со кој пред 25 години се служеше еден друг политичар на север одовде – и изјави дека „нема ниту една цена што сме подготвени да ја платиме за да се згази достоинството на граѓаните на Македонија, како што имаше обид да се направи тоа со случајот во Слупчане“. Дали би можел Груевски да одговори која беше цената за амнестирањето на хашките случаи за злосторства против човештвото.

Груевски го има истиот проблем што го имаше Хари Костов како премиер. Костов си поднесе оставка затоа што немаше сила да го смени министерот Агрон Буџаку за зделката на скопскиот плоштад. Груевски сигурно нема да го направи тоа, но од целава ситуација ќе му останат лузни. Опозицијата верува дека сета оваа драма, всушност, била евтин политички трик, но и да е трик, јавноста прв пат го доживува Груевски како политичар фатен во тесно. Јавно, тој е оној што ја моли ДУИ да излезе од Владата за да се организираат брзи предвремени избори, за кои верува дека има уште капитал да победи на нив. Овие неколку години и политичари, и медиуми, и аналитичари ја бркаа ДУИ од власта, а тоа никогаш немаше шанса да се случи. Сега премиерот сака да им ја покаже вратата, ама и нему му се фатени рацете.

Каков и да биде расплетот на ситуацијата, ова се најкомпликуваните денови за премиерот Груевски. За неколку дена треба да оди на подолга турнеја по Америка за да лови инвеститори. Ако замине, тоа може да значи дека кризата во коалиција и не била баш таква криза, како што тој самиот ја опишува. Ако остане, ќе признае дека има проблем што не може да го реши. Проблемот со излегувањето на ДПА од власта го реши триумфално – напомош го имаше Самитот на НАТО во Букурешт. Сега и она што изгледаше како сигурен адут – името и македонското достоинство – се губи пред маршот на незадоволните и сиромашните. Гладниот веќе не им верува на патриотските зборови. Тука е главниот проблем на Груевски, кој со иста реторика се обидува да владее и во 2008 и во 2012 година. А времињата се променија.


Статијата е прочитана 3217 пати.

Испрати коментар



Не е само фабричка грешка
Остваруваме!!!
Големите тајни во здравството



jovan, 24.08.2012 00:32:39
Na sever od nas komsiite zapocnaa so *niko nece da vas bije*, pa potoa sledese *ke jademe korenja*, a se zavrsi so toa sto nekoj si napravi drzava na nivna teritorija. Kaj nas zapocna so *nikoj nema da vi go gazi dostoinstvot*(a go gazi koj stigne), najverojatno mnogu brzo ke sledi *ke pasime treva*, pa ke se zavrsi se komplet u PM. Nataka ne teraat. Teskite denovi ke bidat za narodot, dodeka tie ke si uzivaat vo *plodovite* od dosegasnata rabota, daleku od ovde, i ke gledaat na vesti sto se slucuva ovde.
Трпе, 24.08.2012 01:18:20
Тешки денови за Груевски нема тоа е минато.Тешки денови има за народот.Груевски толку добро е нафатиран што и 300 стапа по неговиот грб ке биде како мува да го лази.Можеби има и некоја мала тежина и се однесува како птица на гранка како да одлета а соколот да не ја примети.Се додека не си обезбеди сигурен лет ке троши пари да го мами наивниот народ.
Kodosh, 24.08.2012 01:22:07
Koga i da e zaminuval na podolgo vo stranstvo, sekogash e ostaval nekoj zezok kosten da se reshi. Taka ke bide i sega. A shto toa ke bide, doprva ke vidime. Mozebi ke ni kaze Feliks, pod noviot psevdonim Jovan@vlada, koj *dlaku menja, no cud nikako*. Patem nikako chovek da gi razbere. Se fatile za onoj venec ko pijan za plot, a kukavichkiot i zlostornichki chin *avtentichno tumachenje* nikako da go spomnat. Na zalost, takvite ke pobedat i po sedmi pat. Nekogash avangardata go vodeshe opshtestvoto. A sega?
jovan, vlada @, 24.08.2012 09:39:59
ДО Kodosh-Зашто бе братче мислиш дека сум Феликс и дека се кријам за овој сега псевдоним??Прво од каде ти е таа идеја, зашто би ми требало да го менувам псевдонимот,и како второ што има лошо во тоа да браниш нешто во кое веруваш и во кое учествуваш во истото, стварно незнам!Ако на оваа уво спијат и новинарот и СДСМ со опозицијата „Тука е главниот проблем на Груевски, кој со иста реторика се обидува да владее и во 2008 и во 2012 година. А времињата се променија“-тогаш грдно се лажат, да има покачување, на сите нас ни удира по чебот, сиромаштијата не прашува во која партија си член,Грција пред банкрот, Србија пред банкрот, Словенија се спрема за задолжување бидејќи е пред банркот, тешки времиња се а и ќе дојдат до прва уште потешки тука нема збор!А баш сакам да нарпават голема коалиција против Груевски и да видам баш како ќе се справат со покачувањата на глобално ниво на нафта,прехрабени производи и работи кој не зависат од ниедна влада а можеби Бане има некое магично стапче,а што викаш.
do site dobronamernici, 24.08.2012 09:50:14
Jovane, tekstovite so mislenjeto na kolumnistite i komentarite na nas sto sme vo gajle kako i vasite, uvbavo ja iskazuvaat sostojbata vo nasata drzavicka i makite so bezpespektivanata idnina.Se slozuvame so toa deka VAKA POVEKE NE E MOZNO, pa si ocekuvame nesto da se sluci,za da se smeni. Ama, kako?!Jovan ni dade dve moznosti; po predlog na *glavniot komandant* koj vetuva deka ; *nikoj nema da ni go gazi dostoinstvoto* ili da zavrshime so*ke paseme treba*! izborot ni e; * ne sosed , tuku komshija*,a vo megjuvreme nie si placeme pod kolumnite na nasite kolumnisti i se odushevuvame na nivnite intelegentni izlaganja. Seto toa e sosema malku za da stigne ovoj glas,do site ovci i do *patriotite*. Krajno vreme e, nekoj da ne prevzeme i da ne vodi, za da se oslobodi narodot od ovoj domashen strav i teror ! *AMAN* postoi, no za da egzistira i da uspee, trebe site da mu se pridruzimet, bez tie da ne molat SIMNETE SE DOLE, SIMNETE SE DOLE! A samo taka ke ostaneme ispraveni na svoi noze
citatel, 24.08.2012 11:19:35
Nekoj komentator ovde rece deka teski vreminja se za site bez razlika na partiska pripadnost. E vo mestoto kade jas ziveam ne e bas taka. Nekoi luge sedat doma bez rabota i tie i nivnite diplomirani deca, a ima bogami nekoi koi osven roditelite sto se na drzavni jasli i nivnite seuste nediplomirani deca se vo carina, Mepso, vodovod i tn a vo meguvreme vonredno studiraat (dali vo Mariovo ili Nezilovo ne znam tocno). Sosema slucajno ednite se ili partiski neopredeleni ili opoziciski nastroeni, dodeka vtorive (uspesnive) se site po nacionalnost VMRO. I vtoro kako toa svetska kriza, a ima pari za spomenici.
seirdzija, 24.08.2012 11:19:39
do Jovan vlada:Dali si cul Jovane deka treba da se cuvaat Beli pari za Crni denovi,toa go znae sekoj dobar domacin,ama parite se potroseni....na reklami,spomenici,a da ne spomnuvam kolku narodni pari se staveni vo privatni dzebovi!Ovaa vlast treba da odgovara i moralno i krivicno,za kradenje i lazenje,za nasilie i ucenuvanje...
goran, 24.08.2012 11:40:14
Ako nekoj misli deka so vleguvanje vo EU kje se podobrat rabotite, neka ja pogledne sosedna Bugarija i kje vidi vo kakva blagosostojba ziveat.
народе,замолчи за момент., 24.08.2012 12:07:34
Најдоброто решение е сиот народ и сите невладини организации,здруженија,верски и слични други институции прогласат сеопшт молк до избори,локални,комбинирани со предвремени или било каквио следни,за да оние кои сакаат да дојдат или останат на власт и да ја водат државава,им се остави простор за сопствена стратегија.Вака гледаме дека овие дваесет години само лавежот,лелекот,подсмевот и сл.од страна на народот служеа како ориентир и компас.Да видиме што сопствено,изворно ќе смислат.Е,после ќе видиме кој бил крив.Очигледно досега се виде резултатот од рашомонијадата направена од гласот на народотДа ја видиме онаја другата.
Mila, 24.08.2012 12:14:41
Ne e tesko za Gruevski tesko e za ovoj narod pri oci slep.To si ja obezbedi svojata idnina i idninata na svoite deca.Ako zgusti ke zbrise od zemjava a ima i kade.
РАБОТИТЕ ТРЕБА ДА СЕ ГЛЕДААТ ГЛОБАЛНО, 24.08.2012 12:32:34
Дури и да не е Јован Феликс, на двајцата му го поставувам само ова прашање. Дали Вие Јованоски Феликс ГО ПРИФАЌАТЕ ЗАКОНОТ ЗА ХАШКИТЕ СЛУЧАЕВИ? Без да се мачите за одговор, јасен е истиот - ПОЗИТИВЕН Е МОИ ЗАМИСЛЕНИ ПАТРИОТЧИЊА.
do Ljupco, 24.08.2012 16:45:44
Zosto mislis dekA Gruevski e vo tesno?Vnimavaj sto pisuvas.Toj spored tebe go brka Ahmeti od vladata za da ima izbori i zatoa za tebe premierot e vo tesno.Toj ne e vo tesno.Ke bese Gruevski vo tesno ako go molese Ahmeti da ne izleguva od vladata.I vreminjata se isti kako i vo 2008 g.I sega kako i togas na narodot vazno mu e imeto i dostoinstvoto,a i togas imase ekonomska kriza i nezadovolstvo kaj narodot.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 21°C

Делумно облачно

Сабота
Ведро
Макс: 39°C, Мин: 19°C

Недела
Сончево
Макс: 39°C, Мин: 18°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Пронајдени коски од досега непознат вид на диносаурус на југот од Франција
Во близината на Екс-ан-Прованс на југот од Франција се пронајдени остатоци од досега непознат вид на диносаурус, наречен...
(ВИДЕО) Отпуштен работник го уби шефот во Њујорк, десетина повредени
Астрономите пронајдоа докази како ѕвезда си ја јаде својата планета
Ѕвездата за која станува збор е позната како црвен џин, а таквите ѕвезди на почетокот се со маса скоро колку нашето Сонц...
(ИНТЕРВЈУ) Честа се спушти на најниски скалила
Етнологот Јелена Цветановска ги објави во книга своите истражувања на гревот и казната во народната култура во Македониј...
Големиот предизвик за новиот шеф на „Њујорк Тајмс“
За разлика од Би-Би-Си, Томпсон сега ќе мора да го направи истото во комерцијална компанија во која огласите и прод...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |