Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
22.08.2012, 17:55

Четири сценарија за излез од кризата. Груевски - Владата е во криза, подготвени сме и за избори

Груевски изјави дека е подготвен за избори доколку ДУИ се повлече од Владата. Бесими не жали што ја однесе војската на поклонение во Слупчане

1. Помирување меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Релациите меѓу владејачките партии, кои се во коалиција подолго од четири години, во моментов изгледаат понапнати од кога било. Сепак, дел од политичката јавност се сомнева во искреноста во настапите на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, кои, деновиве, интензивно си разменуваат остри пораки преку медиумите. Имајќи ги предвид сите досегашни искричења меѓу двете партии, кои досега имаа „среќен крај“, многу прогнози упатуваат на тоа дека и оваа епизода нема да заврши со разделба меѓу партнерите во Владата. Односно, дека, наскоро, ќе стивнат страстите што ги разгоре настанот во Слупчане, а кои кулминираа по најавите дека ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе нов закон за бранителите.


2. Распишување предвремени избори што ќе ги организира оваа Влада

Несогласувањата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, што повторно излегоа на јавна сцена, наметнаа сомневања дека станува збор за смислено сценарио за провоцирање политичка криза која би резултирала со предвремени избори. Двете владејачки партии и нивните помали партнери и сега, слично како во 2008 и во 2011 година, располагаат со потребните 62 гласа за распуштање на парламентот.

Но, тоа би требало да значи и опстанок на коалицијата и во месеците до одржувањето на изборите, бидејќи Владата учествува во организирањето на изборите. Во секој случај, во ситуација, кога се' повеќе се влошува економската ситуација во државата и расте социјалното незадоволство, а опозицијата веќе не е единствената која протестира низ плоштадите, владејачките партии имаат потреба од спасување на рејтингот, така што им одговара да има предвремени избори за да се обидат да купат нови четири години на власт.

3. Растурање на Владата и формирање ново парламентарно мнозинство

Доколку ДУИ, навистина, излезе од коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ, тоа не мора и автоматски да значи распишување предвремени избори. Моменталниот распоред на политичките сили во парламентот нуди можност за различни комбинаторики за обезбедување на потребното мнозинство од 62 пратеника за формирање влада. Во случај на растурање на Владата, ВМРО-ДПМНЕ би останала со 56 пратеници, од кои десетина од помалите партии во коалицијата. Можноста ВМРО-ДПМНЕ да најде друг партнер од албанскиот блок, во моментов, изгледа речиси неверојатна, поради тоа што НДП на Руфи Османи има само двајца пратеници, а ДПА има изградено став дека нема да коалицира со ВМРО-ДПМНЕ додека е лидер Никола Груевски. Останува и можност СДСМ да формира влада со сите парламентарни партии на Албанците, вклучително и ДУИ, доколку тие се согласат да ја делат власта. Сепак, една ваква Влада би била мошне нестабилна и веројатно не би имала долг рок на траење.


4. Формирање техничка влада која ќе организира предвремени избори

Ако несогласувањата меѓу партнерите во Владата, навистина, резултираат со распишување предвремени избори, прашање е кој ќе ги организира и според чии и какви правила тие ќе се изведат. ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, како ударни членки на Владата, веќе манифестираат меѓусебна недоверба, што за опозицијата би можело да биде повод уште отсега да почне да изразува сомневања за нерегуларности, па дури и тоа да биде причина да ги бојкотира евентуалните избори. Поради тоа, една од варијантите е политичките фактори да се најдат пред одлука за формирање техничка влада, која би имала мошне кус мандат, а чија единствена, ако не и примарна цел би била да ги спроведе изборите. (А.М.М.)

Груевски- Владата е во криза, подготвени сме и за избори

„Постои криза во коалицијата и доколку ДУИ се одлучи на таков потег, подготвени сме за предвремени парламентарни избори, иако тоа е опција која не ја посакуваме, бидејќи тоа ќе значи одредена дефокусација во одреден период“, призна вчера во жестокото обраќање од Кичево премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во кое, меѓу другото, нагласи дека нема да дозволи да се гази македонското достоинство.

Една недела по настанот во Слупчане, кој ја вжешти комуникацијата меѓу
ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, премиерот се огласи од Кичево и соопшти дека постои криза во владината коалиција. Груевски не ја исклучи можноста од нови предвремени избори, кои, според тоа што го изјави, и овој пат би ги иницирале ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, кои располагаат со потребните 62 гласа за распуштање на парламентот.

Според Груевски, кризата во владината коалиција е резултат на промените во однесувањето на дел од раководството на ДУИ, кое по одржувањето на последните парламентарни избори, како што додава, не се однесува коректно како што се однесувал во минатото, а врв е настанот во Слупчане.

„Три години претходно ДУИ како коалициски партнер ја сметавме како партија која држи до зборот и коректно се однесува во однос на она што е договорено. И ние се трудевме, исто така, коректно да се однесуваме во однос на тоа што е договорено. Во оваа една година кај дел од нив има отстапувања од таа практика, дали затоа што чувствуваа дека ВМРО-ДПМНЕ го нема мнозинството во парламентот, бидејќи има 56 пратеници и на некој начин мнозинството го покрива ДУИ со нивните пратеници, дали поради нешто друго, смета Груевски. Тој вели дека на неколку пати во изминативе неколку месеци разговарал со Али Ахмети. На тие средби, како што вели, му укажал на претседателот на ДУИ за однесувањето на одредени поединци.

„Врв на едно такво некоректно однесување е настанот во Слупчане, кој не придонесува ниту за остварување на целите на ДУИ ниту за остварување на некои важни работи за Албанците во Македонија, туку придонесува само за создавање тензии“, потенцира Груевски.

За шефот на Владата од исклучително значење е да се задржи чесноста во односот со кој било со кои се во партнерство. „За нас е исклучително важно да го зачуваме нашето достоинство и образ и достоинството на македонскиот народ и на граѓаните на Македонија. И нема ниту една цена што сме подготвени да ја платиме за да се згази достоинството, како што имаше обид да се направи тоа со случајот во Слупчане. Минатата година добивме поддршка од мнозинството граѓани во наредните три години да ја водиме Владата според програмата што е зацртана и тоа сакаме да го правиме и ќе настојуваме да го правиме“, рече Груевски, вртејќи се повторно кон ДУИ, но и кон СДСМ. Според него, ВМРО-ДПМНЕ не е СДСМ, па, како што додава, ако нема мнозинство во парламентот, да дозволи да потклекне на некакви уцени.

„Меѓутоа, ако некој смета дека цената за тоа треба да биде кршење на нашето достоинство, понижување на нас и на нашите граѓани, тоа нема да го дозволиме. Не сме партија што сака власт по секоја цена или, пак, што ќе издржи некое партнерство по секоја цена. Не сме СДСМ и не може да сметаат дека сме Бучковски и Црвенковски, па ако немаме мнозинство во парламентот, дека ќе потклекнеме на некакви уцени, понижувања или што било. Како партија не сакаме да уриваме ничие достоинство, сакаме да ги почитуваме сите, сите етнички заедници, сите граѓани во Македонија и не сакаме да си поигруваме со чувствата на другите етнички заедници. Меѓутоа, доколку некој друг сака да го прави тоа и ако смета дека на тој начин ќе постигне одредени политички поени, мислам дека го промашил партнерот во овој случај“, нагласи Груевски. (Н.К.)

СДСМ: Веќе видена драмолетка

Опозицискиот СДСМ ги оцени вчера како веќе видена драмолетка и театарска претстава најновите случувања меѓу коалициските партнери во Владата - ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

„За СДСМ, како опозициска партија, предвремени избори се секогаш отворена опција. Но, немаме апсолутно никаква намера да ги коментираме веќе сто пати видените драмолетки меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и да влетуваме во нивните дневнополитички пазари, игри и калкулации“, изјави Игор Ивановски, координатор на пратеничката група на социјалдемократите.

Коментирајќи го обраќањето на министерот за одбрана, Фатмир Бесими, кој изрази жалење ако навредил некого со чинот во Слупчане, Ивановски рече: „Оваа Влада од тендерско-фотелјашка во последно време станува континуирано хаотична. Не знам која изјава или став на Фатмир Бесими треба да го коментираме? Дали оној со кој, наводно, се извинил или оној со кој, наводно, не се извинил“.

Според Ивановски, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ мора до крај заедно да ја понесат одговорноста за своите погрешни и неодговорни политики и во пакет да бидат поразени од граѓаните. Затоа парламентарната опозиција нема да поднесе интерпелација за министерот Бесими. „Интерпелацијата би била израз на индивидуална одговорност. Бесими, како и секој министер, ја претставува Владата колективно. Сметаме дека по огромниот скандал во Слупчане, не само министерот за одбрана, туку целата Влада, на чело со Никола Груевски, треба да понесе колективна политичка одговорност“, рече Ивановски.

Од СДСМ, вчера, соопштија официјално дека ќе го поддржат законот за бранителите, што го најави ВМРО-ДПМНЕ. Опозициските пратеници образложија дека не го менува својот став и ќе гласаат за секој закон кој ќе го подобри статусот на бранителите. (П.Р.)


Статијата е прочитана 5002 пати.

Испрати коментар



Бесими
Опасна авантура на Груевски и Ахмети



Vmro do kraj, 23.08.2012 00:25:00
Na Gruevski se nesto nekoj drug mu e kriv. Prerodbata gi izede svoite deca Ptetsedatele. Tie sto ne bea izedeni ednostavno si zaminaa od drzavava. Ne ve fakja li ponekogas panika komu se mu imate dadeno doverba, I do kade ke doterate? Steta za Vas a tolku veruvav deka posle se sto I se sluci na drzavava do 2006, poloso nema da bide. :(
jovan, 23.08.2012 00:25:20
Sovakva mutantna vlada sostavena od razlicni politicki i etnicki ideologii i interesi, motivirana edinstveno od finansiski/biznis interesi, vlada koja vodi jalova drzavna politika, mozeme samo da ocekuvame i ponatamosno propaganje, osiromasuvanje, zaostanuvanje, zatvaranje vo etnicki granici so prerogativ na drzavnost. Izborite se edinstvenoto resenie da se vidi uste ednas dali e narodov za ponatamosno propaganje i dali gleda spas vo nekoja druga opcija. Za propaganje ne e, a dali gleda druga opcija koja bi donela barem *kakvo-takvo* podobruvanje, cisto se somnevam, bidejki se pogolem del od graganite veruva deka isto ke bide, a ne e mal brojot na onie koj velat:*duri i istite luge ke bidat*.
Трпе, 23.08.2012 00:44:59
По се излегува дека бродот Македонија ова пропагандна власт доста го има оштетено.Па капетанот и глувците се спремат за бегство.Со незнаењето на водење држава ,болеста на земјата ја метастазира да тешко да може да се пронајде некој кој ке им го продолжи животот.Но сепак ова власт ке биде запишана со црни букви во историјата.
Коста Стоименовски, 23.08.2012 00:53:53
Економската состојба во државата е на границата на издржливоста. Максимално се исцедени како граѓаните така и стопанството. Рејтингот на партиите во владината коалиција постојано опаѓа. Расте притисокот за решавање на проблемот околу името. Сето тоа придонесува власта да биде заинтересирана за предвремени парламентарни избори за да се предухитри неизбежната хаварија. Меѓутоа, власта не може и не смее да излезе со предлог за предвремени избори и затоа маневрира со смислено распуштање на владата поради наводните несогласувања во коалицијата. На владината коалиција и одговара да ги загуби изборите со тесна победа на опозицијата, која ќе се соочи со тешки проблеми кои нормално не може брзо да ги реши, што може да доведе до нови избори и враќање на идната опозиција на власт со зацврстени позиции!
Dosta ni e od izbori! A i koshtat., 23.08.2012 02:05:46
Ne zaboravajte, Amdi e sekogash so vlasta! Taka da novoformiranoto mnozinstvo ke ima ushte eden siguren pratenik. A ima i mnogu drugi Bajramovci vo aktuelniot parlament. Shala na strana, ama ovie navistina treba da si zaminat i toa, kako bi rekol Ivanovski, vo paket. A dali ke bidat vo svojstvo na sluzbeni ili privatni lica i ne e bitno. Bitno e da zaminat i da se nikogash povece ne vratat. Da ne pravime dopolnitelni troshoci, opshti izbori da se sprovedat vo mart, koga e terminot za lokalni. Do togaj, ekspertska vlada.
USA, 23.08.2012 03:26:14
Сегашнава Влада (чинела- не чинела) победува на избори. Опозицијата со сета реторика во минатото, не може да се промени ни себе си ниту резултатите на изборите. Кога СИТЕ македонски партии би коалицирале, албанските партии ќе доаѓаат да бацат рака, а не обратно. До тогаш............само бајачка.
pile, 23.08.2012 03:35:06
Sepak dojde denot ,D za vladeenjeto na Gruevski i Ahmeti,po iscrpuvanje na skoro site mozjni demokratsko manipulativni formi na vladeenje,so prezadolzjuvanje na Drzjavata,prenatrupana i neefikasna administracija,katastrofalno losi Izvestai za vladeenjeto na pravoto i borbata protiv organiziraniot kriminal i korupcija,najvisok stepen na siromastija,losi sostojbi so covekovite prava i sloboda na mediumi, pred da im se raspadnat sopstvenite partii na dva i poveke politicki subjekta odlucija politicki da se ,predadat,sto e za pozdravuvanje.Mu se javuvalo na nekogo ili ne macnina vo stomakot od nacinot na povlekuvanje od izvrsnata vlast niz forma na vizavi polozjuvanje cveke vo Slupcane i Zakon za braniteli.Sepak dokazjuvaat deka se seriozni lideri i deka politickiot moment vo zemjata i regionot go respektiraat, so sto se seriozni aplicanti za sostvot na novata Vlada.Vlada koja treba da sprovede popis na naselenieto za da mozje da se sprovedat regularni i fer izbori so nov izboren Zakon
bitolaman, 23.08.2012 10:13:13
Ne znam zosto tolku branuvanje na ovaa tema.Ova e eden obicen politicki manevar od isti akteri i scenarioto sekoj dobroupaten vo politikata odnapred go znae. Kese sluci slednoto:Gruevski i Ahmeti ke imaat liderska sredba i postignat taen dogovor,kako onoj majskiot,kade stoi DPMNE ke go predlozi zakonot za braniteli i toj ke pomine,a za vozvrat za nekolku nedeli niz mala vrata ke se provne i zakonot za borcite na ONA.Koga toj zakon ke se donese,Vladata ke iscenira eden golem nastan vo stoilot apsenje na nekoe zvucno ime (Gjorgievski ili slicno) ili pak nedaj boze nastan slicen kako smilkovskoto ezero,kade sto javnosta ke go zanemari zakonot za ONA tuku ke bide zamaena od zvucniot nastan.Veke videno.
suze, 23.08.2012 11:22:22
Нормално дека е ова провоцирана политичка криза за да на нови избори се купат уште 4 години власт. Најсигурна и единствена карта што им остана да го мајтапат народот е национализмот.Мене ме интересира дали владините членови се погледнуваат наутро во огледало и дали знаат да го протолкуваат тоа што го гледаат?
Крт, 23.08.2012 14:03:28
До Сузе - Немаат огледала, или пак ако ги имаат предпоставувам дека се искривени па тогаш го добиваат ПРАВИОТ лик од кој ние добиваме мачнина како на брод кој се бранува. Нашиот брод е ЗАРИНКАН. По зборовите на ,,капетанот,, на бродот, веднаш треба низ етерот да ги пратиме спасоносните СОС. Сеедно, со овие од ДПМНЕ ни нема спас.Господ на помош.
Tina, 23.08.2012 14:26:37
Novi izbori ke gi izedat parite, sto se potrebni na infrastrukturata. Nikoj ne e po pameten vo politikata,
Иван, 23.08.2012 14:45:31
Ова се само сценарија кој ниедно не е веродостојно за коментирање. Премиерот во моментов најдобро знае што прави, за излез од кризата верувајте тој најдобро знае како да го направи тоа, а пак малото разнишување помеќу владеачката коалиција не е пречка за Премиерот да продолжи со својата рабтоа и посветеност на Македонија.
ez-mani, 23.08.2012 15:47:18
i makedonskiot narod i allbanskiot narod e momentallno vo teshka financiska kriza,i makedonskiot i allbanskiot narod mnogu dobro znae shto e pravda a shto e nepravda,i makedonskiot i allbanskiot narod znae deka vojnata vo makedonija beshe totallna greshka za dvata politichki bloka i zaradi taa greshka padnaa nevini zhrtvi na obete strani,toest treba na padnatite zhrtvi od nepravednata vojna trba da im se dade pochit od dvete strani a ne poradi ovaa da se dadaat izjavi so koji se navreduvaat gragjanite na makedonija od dvata etniteti.takvite politichari treba narodot doro da gi ocenuva i da ne gi glasa,na makedonija mu trba politichari koji qe sejaat sozhivot a ne politichari koji sejaat omraza i nepravdi a paralelno so toa i gi zloupotrebuvaat parite na buxhetot na makedonija makotrpno zozdadeni od zhitelite na makedonija.
Crn, 23.08.2012 17:19:20
Prefinet vo izborot na garderobata (vidi foto), kako i sekogas
do bitolaman, 23.08.2012 17:39:13
Tie tvoi predviduvanja,odnosno zelbi nema da se ostvarat.Da bese SDS na vlast ke bea ostvarlivi,no ovaa vlast rece deka nema da gi prifati baranjata za zakon za UCK.Go slusna li premierot koga kaza deka tie ne se kako SDS i toj ne e kako Buckovski i Crvenkovski.Tvojata zelba za prifakjane na baranjata na veteranite od teroristickoto UCK nema da bidat prifateni.
Matej, 23.08.2012 20:51:51
Хмм интересно! Значи настанот во Слупчане беше во интерес и подобрување на меѓуетничките односи, додека законот за бранители уште не изгласан веќе го осудија како нарушувач на меѓуетничките односи и потенцијален извор на меѓуетнички тензии. Браво дечки и никој не гледа што ни се случува пред очи.
perro, 23.08.2012 22:15:19
Vrv na ironijata e Grujo da go brani makedonizmot koga pred par meseci gi amnestira hashkite sluchai!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 36°C

Ведро

Сабота
Сончево
Макс: 39°C, Мин: 19°C

Недела
Сончево
Макс: 39°C, Мин: 20°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ВИДЕО) Отпуштен работник го уби шефот во Њујорк, десетина повредени
Астрономите пронајдоа докази како ѕвезда си ја јаде својата планета
Ѕвездата за која станува збор е позната како црвен џин, а таквите ѕвезди на почетокот се со маса скоро колку нашето Сонц...
(ИНТЕРВЈУ) Честа се спушти на најниски скалила
Етнологот Јелена Цветановска ги објави во книга своите истражувања на гревот и казната во народната култура во Македониј...
Големиот предизвик за новиот шеф на „Њујорк Тајмс“
За разлика од Би-Би-Си, Томпсон сега ќе мора да го направи истото во комерцијална компанија во која огласите и прод...
Хрватска: На чевларите им треба поправка
Главниот извршен директор на компанијата го опишува сегашно Борово како бледа сенка на поранешниот гигант, кој сега вогл...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |