Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
22.08.2012, 16:40

Мое ќоше

Опасна авантура на Груевски и Ахмети

Ерол Ризаов

Груевски пак заплашува со националистичка мобилизација во последната битка со непријателите

Премиерот Никола Груевски вчера од Кичево прати порака до нацијата дека владината коалиција е во длабока криза по настаните во Слупчане. Бидејќи нема сила да смени еден министер на Ахмети, со патриотски повик во одбрана на македонското достоинство кое никој не смее да го гази, Груевски понуди предвремени избори како излез од кризата. Со тоа се овистинија стравувањата дека е можна националистичка мобилизација за последната битка со домашните непријатели.

Никола Груевски и Али Ахмети, двајца најодговорни политичари кои управуваат со бродот Македонија, влегоа во опасна авантура. Гемијата може да потоне и на мирно море, бидејќи има фабричка грешка. Бродот е направен со две кормила. Ахмети со едното врти упорно лево, а Груевски со другото држи строго десно. Двајцата капетани влечат на своја страна, а бродот без контрола плови само право. Така пред неколку дена, вртејќи секој на своја страна, бродот со голема брзина удри во подводната карпа наречена Слупчане. Притоа, толку силно се слупа што заринкувањето стана неизбежно. Тоа се случи при голема осека, кога офицерите на АРМ качени на палубата салутираа пред споменикот на паднатите борци на УЧК. Сега кога надојдува плимата со поднесувањето во парламентот на Законот за бранителите во војната од 2001 година и со пораката на Груевски од Кичево, ако бргу не се извлече бродот во пристаниште на поправка, ќе останеме сите длабоко под вода.

Не знам дали овој опис е најсоодветен по најновата вистинска или лажна криза во односите меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, но очигледно националистичкиот талас што го предизвикаа, никој друг, туку сами партнерите кои ја делат власта лесно може бурата да се излее од чашата и да ја зафати целата земја. Национализмот и шовинизмот се' уште се добитна карта на изборите на целиот Балкан, па и во голем дел на Европа. Но, кога веќе Груевски и Ахмети го пуштија духот од Пандорината кутија, бргу ќе ги видиме пироманите како први трчаат да го гаснат пожарот. Забораваат дека национализмот е како шумски пожар. Дрвата растат сто години, ама горат за еден час. И добрите меѓунационални и меѓуверски односи се градат со векови, ама се влошуваат некогаш и со еден збор, а некогаш и без зборови, со еден гест.

Ако Али Ахмети и Никола Груевски имаа политичка волја да ги напуштат лицемерните односи при поделбата на власта и да воспостават здраво партнерство како пример за изградба на мултиетничко општество, тогаш тоа требаше досега храбро да го одработат. А не кукавички да се кријат зад патриотизмот со јасно видлива антиалбанска и антимакедонска агенда на делби штетни за сите граѓани. Само во изминатата година се случија десетици тешки инциденти на меѓунационална основа кои немаат никаква разврска. Ниту еден случај не е ниту судски разрешен ниту, пак, има некаква помирувачка разрешница или какво било извинување на одговорни личности и политичари. Сето тоа покажува дека македонските и албанските политички лидери кои ја делат власта не си ја знаат работата, не создаваат клима на доверба која овозможува пристоен соживот и меѓусебно почитување, која не значи гола поделба на освоена територија на бојното поле. Само во постојан амбиент на политичка и комуникациска култура, толеранција и почитување на разликите како на заедничко културно богатство, што е одраз на повисоки демократски дострели е можна стабилна Македонија. Без таква меѓусебна почит и доверба меѓу политичките водачи и во нивните јавни и приватни настапи, пренесени во секојдневјето на обичните граѓани, во училиштата, на спортските терени, на улица, во џамија, во црква, не може да му текне како гром од ведро небо на еден амбициозен министер да биде херој со положување венец пред споменици на паднатите борци Албанци и Македонци, кои загинале не толку одамна во меѓусебна војна. Пред тоа треба да се заврши многу работа. Суштината на меѓуетничките односи е многу подлабока. За зараснување на свежите рани е потребен друг мелем. Прво треба да се извинат Албанците и Македонците меѓу себе за разни историски периоди, но треба да им се извинат и на сите други со она што им го прават каде што се мнозинство. За тоа не им требаат американските и европските дипломати д�� ги влечат понижувачки за уши како што гледавме деновиве.

Новите предвремени избори уште помалку ќе ја надминат длабоката меѓуетничка криза во односите. По изборите, двете страни пак ќе мора да седнат на заедничка маса и да ја поделат власта.


Статијата е прочитана 4396 пати.

Испрати коментар



Четири сценарија за излез од кризата. Груевски - Владата е во криза, подготвени сме и за избори
Бесими



jovan, 23.08.2012 00:11:31
*По изборите, двете страни пак ќе мора да седнат на заедничка маса и да ја поделат власта.* Znaci li toa deka povtorno VMRO i DUI ke pobedat na tie izbori? Ako e taka, togas zosto se potrebni izbori?
Itar Pejo, 23.08.2012 00:55:34
A sustinata? Koga ministerov otide na Karpalak site znaeme sto tamu se komemorirase. A vo Slupcane? Nieden medium ne ni objasni zosto tamu ima spomenik! Se ima li tamu nesto sluceno?
Iznenadjen i uvredjen, 23.08.2012 01:05:31
Vistinska ili lazna kriza? Dosegashnoto iskustvo, argumentite i namerite velat - lazna! Ne mozam da gi razberam patriotite, a pred se naj golemiot, kako moze da bide patriotizam *avtentichnoto tumachenje* za zlostornicite, a veleizdaja polaganjeto venec na neprijatelski zrtvi (ne i zlostornici) od strana na oficijalni lica. So ogled na vremenskata distanca, ne e dobro ni vtoroto, no neuporedivo e so prvoto. A toj demek sega e *iznenadjen i uvredjen*! Epa nece da e taka!
USA, 23.08.2012 03:19:50
А, што ако ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ направат коалиција. Во која конотација ќе се спомнуваат албанските партии? Ама така не може.........нели? А, знаеме и зошто.
ak47, 23.08.2012 03:39:40
Mozhe li malku pokonkretno Erole, za shto tochno treba Makedoncite da se izvinat i komu?
plivac, 23.08.2012 05:44:39
Avtorot mnogu slikovito ja prikaza sostojbata vo Makedonija. No ne znam dali avtorot namerno go propusti ili navistina ne go vide plivacot B.C koj pliva po brodot. Mozebi vo slednata kolumna ke ni odgovori dali plivacot ke uspe da go stigne brodot za da go spasuva kako sto go spasuvase vo minatoto? Dali plivacot ke se udavi bez da uspee da go stigne brodot? Dali dvajcata ili eden od kapetanite ke go zabelat plivacot kako se davi i ke mu frlat guma za spasuvanje ili pak ke go ostavat da se udavi? Dali slucajno Lihnida ke pomine so kajceto i ke go spasi? Ili pak plivacot ke sobere sila da dopliva do brodot i samiot ke go potopi? Mozebi avtorot znae za nekoe poinakva razvrska? Da pocekame i da vidime sto ke ni donese slednata kolumna.
Tina, 23.08.2012 06:53:27
Gruevski i Ahmeti vo Valcer kompeticija na rukovodstvo.
kaktus, 23.08.2012 07:43:44
Ќе ги видиме пироманите како први трчаат да го гаснат огнот.... Многу добро кажано.., Аналогијата со бродот со две кормила кој заринкал на подводната карпа Слупчане е феноменална. Само не ми е јасно што да правиме со пироманите (кормиларите) . Каде е чарето да се куртулиме од нив, да не прават штета понатаму.
citatel, 23.08.2012 07:53:58
Iako avtorot samo sramezlivo ja pomenuva , jas veruvam vo drugata prikazna : namerno se pravi kriza za da si odrzat izbori dodeka se uste mozat nesto da kjarat.Nitu nekoj e uvregjen nitu iznenagjen a ponajmalku nekogo mu znaci bilo sto nasiot sozivot
Tenderite se slatki, 23.08.2012 08:10:23
Seto toa e naivna prikazna na besimi , za bozem gest na nekakvo medjunacionalno pomiruvanje. kakov e toa gest , koga celata ekipo koja odavase pocite bese sostavena od albanci , a oficeri na ARM ,albanci salutiraa pred znameto na Albanija, a makedonskoto drzavno zname nikade go nemase. gest na pomiruvanje e ako albanska delegacija oddade pocit na Karpalak, a makedonska delegacija na Skljupcane. No za toa seuste e rano i ranite se seuste svezi. Ova e povece provokacija otkolku gest na pomiruvanje.A sto se odnesuva do raspad na vladata ne se sekirajte. Toa e pustanje na probni baloni. Tenderite se premnogu slatki za da se ispustat od raka.
nato-jato, 23.08.2012 08:11:05
Izjavata na premierot Makedonskoto dostoinstvo nikoj ne smee da go gazi ( osven jas) mnogu potsekja na ona na Slobo srpski narod niko ne sme da bije (sem ja)...
Jordan, 23.08.2012 08:41:47
I sto ke pravite sega!Nikoj ne e spremen za izbori!Pa nitu ti Erol koj verglas edno isto pa nitu tie sto odrabotuvaat za b.c.!Razlika od 10% tesko se stiga!Sirota opozicija bara izbori da gi nema!Znaes li kade e silata na Gruevski?Znaes ama ne sakas da priznaes zatoa sto odrabotuvas za nekoj !Silata na Gruevski e vo Narodot! Segde razlikata megu vlasta i opozicijata e 2 do 3%!Samo tuka e preku 10%!I zatoa se silni zatoa sto mnozinskiot narod t.e. Makedonskiot Narod e so Vmro Dpmne!
Генерација 1982, 23.08.2012 08:43:07
Ероле, се` е лага и измама (В.Серафимовски:-) Колку и да изгледа пожртвуван и искрен Премиерот со изјавата во Кичево, тешко е да ме убеди дека не станува збор за уште една политичка игра. Сеќавањето ми е јака страна, па вакви примери наназад во последните години ги имаше многу и ниту еднаш не стануваше збор за искрен израз. Исклучок од ова романтичарите Љ.Бошковски и Љ.Георгиевски, кои има моменти кога завземаа став и беа одговорни само пред своето вистинско членство. Денешното ДПМНЕ е нешто друго, па мислам дека пред се` преовладува интересот, а не идеалите.
PRILEPCANEC, 23.08.2012 08:56:47
многу ми е чудно како овој груевски успева да ги манипулира луѓево цели 6,5 години,а народов се повеќе тоне во сиромаштија.Замислете,само со паркчиња,улички и субвенции успева да ги држи под контрола 450000 луѓе,а им ги поскапува водата ,струјата,бензините,даноците,јадењето.Ова што кажува за Македонското достоинство е лук и вода,зашто тој достоинството на МАКЕДОНЦИТЕ го изгази со тоа што ги амнестира крвниците,само за да остане на власт.
Nekoj, 23.08.2012 09:15:15
Amerikanska Hollywood rezija e toa sto se sluci.Nivnoto vizionerstvo i hrabrost go sledime sekojdnevno niz svetot.Nema den bez ako ne e po nase, ke pukame.Ne e ni cudo sto se tolku bliski so albanskata populacija na balkanot, slicni se. Trebase nasiov minister da go ispratat zaedno so Kjurositi na Mars, i tamu da da ni pustea fotki od nivnoto vizionerstvo.
jovan, vlada @, 23.08.2012 10:34:21
Одиме на избори!!Никој повеќе несмее да си игра и да го гази и она малку достоинство што ни остана како Македонци и како Македонија!Време е народе да се запрашаш но и да размилиш за кого ќе гласаш,дали сакате уште понижувања(да си го изберете СДСМ кој и премиер Албанец ќе стави само на власт кутрите да дојдат) или сакате да си го зачувате и тоа малку достоинство и дигнитет кој сеуште го имаме(покажа ВМРО-ДПМНЕ дека е спремен и власта да ја изгуби само да не дозволи ДУИ или кој било друг да ги понижува и нас како народ).Знам дека ќе се јават на ова мое писание многу опозиционери и ќе ме обвинат за ширење на лажен патриотизам и демагогија и дека се е ова за гола власт, но да ги посетам а воедно и вас ТИЕ ЗА РАЗЛИКА ОД НАС СЕ СПРЕМНИ ЗА ДА ДОЈДАТ ПОСЛЕ 6 ПОРАЗИ НА ВЛАСТ УШТЕ МНОГУ ДА ДАВААТ,МИСЛИТЕ ДУИ НЕ ИСКАЛКУЛИРАЛА НА ОВАА ВАРИЈАНТА ВО КОЈА НАЈГОЛЕМ ГУБИТНИК ОСВЕН МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ЌЕ БИДЕ И „ВОЈВОДАТА“ ТАЧИ НА КОЈ СДСМ БЕЗ ОКО ДА МУ ТРЕПНЕ ЌЕ МУ СВРТИ ГРБ ЗА ДА ДОЈДЕ САМО НА ВЛАСТ!
zoki, 23.08.2012 10:52:31
Erole,eve ti uste edna analogija. Zamisli si gi Gjujo i Ahmeti kako Lefterija i dedo Memik, a sega i Fatmir kako Rusen vika zgresiv tatence.Reziserot na Zet-domazet moze komotno i vo zivo da snima vo Makedonija.
Pece, 23.08.2012 10:55:34
Potrebni im se uste cetiri godini za da vladeat na grujo sigurno nemue lesno oti on znae deka ide ekonomska kriza za zakonot za branitelite kurban ke odi Kicevo a za vozvrat na toa portokalovite ke gi dobijat Ohrid i Kumanovo a sigurno i Veles a zosto togas predvremeni izbori pak li da gubime.Namesto da dojdat novi mladi ne izvalkani nie pak po staro kumunisticki ednoumno receno pa kazetemi dragi moi sopartijci koj od ovie dosegasni kandidati za gradonacalnici ne e tranzicioner so isklucok na Zaev a ke sne pobedele so nadez ke si ziveeme a portokalovite neka si e teraat ispadnaa popametni vo sekoj slucaj.Mnogu sne hrabri i ke podrzime predvremeni izbori sramota namesto da si podnesat kolektivna ostavka celo pretsedatelsvo tie uste mudruvaat oti setanjeto kafinata i rucekot koj go dobivale kaj nasite clenovi im bil mnogu sladok, sramota.
Rezzilov, 23.08.2012 10:58:49
Повеќе од шест години навивате да дојде до растурање на владината коалиција.Претходно се отепавте да му го утрапите Ахмети на Груевски!Не ли б.ц. му понуди премиерско место на дуи ако го напушти Груевски?Да ли сега ви се наполни срцето?Да не ви е прерана радоста?
Kicevcanec, 23.08.2012 11:03:40
Не ми е баш јасно зошто таква нервозна порака баш од Кичево. Можеби затоа што Кичево предавниците од СДСМ го предадоа, а патриотите од ВМРО-ДПМНЕ успееја само да го пролонгираат предавството за четири години смо за нечиј лични интереси. Друго ништо повеќе како големи патриоти не направија. Патриотизмот народе кај сите политичари е само средство за добивање поени, друго ништо. Од патриотизам ја немаат дури ни буквата П.
milan, 23.08.2012 11:51:22
G-dine Rizaov celata kuka Gruevski i Ahmeti ja napolnija so nacionalisticko-sovenisticki idei ,pa vie so vaseto KOSE tesko ke ja iscistite.Na ovoj narod mu preostanuva da gi menuva.Gledate li kakvi izjavi dava od Kicevo,gledate li kako se odnesuvat prema AMAN, narodot ne moze da dise a niv muva ne gi lazi.Badijala sto stranskite diplomati im tegnat usi,koga oni vesto izbegnuvat sekakva kritika,i pritoa vesto go manipulirat ovoj narod. POZDRAV.
hungar, 23.08.2012 11:54:57
Eh Grujo, Grujo.....redno bese da se liznis na banana..... Onaj sto ti go dade pravoto da vladees na tacna (Ljubco) , istoto ke ti go zeme. Napred za vistinskoto VMRO DPMNE
Kate_Strumica, 23.08.2012 12:33:14
Gruevski se odnesuva kako razgaleno deriste.Daj malku serioznost be premiere.Ne igraj si drzava toa e za mali deca.
Крт, 23.08.2012 13:56:42
Ероле, за жал пак си во право, освен за кормилото што оди лево-десно. Не е така. Бродот има две кормила- едно напред и едно назад па и двајцата ,,КОРМИЛАРИ,, ја возат Македонија во место. Подводните карпи се мал проблем, овоземните ,,камења,, се проблемот. Може премиерот да отвори уште стотина економски зони, работата ни е врвка. Плус и згора на тоа во вчера на отварањето беше облечен во бели панталони и од тоа страв ме фаќа. Слушајќи му ја реториката овие два дена наскоро очекувам (не дај боже) да го видиме во маскирни панталони. Ако ни се такви ,, патриотите,, какви ли сме ние останатите. Кое ли само понижување му приредуваат на Македонскиот народ. А на ЈОВАН-влада би му кажал - може ,,вашите,, да победат и по седми пат ама бензинот во понеделник ќе биде евро и половина. НАЗДРАВЈЕ!
silvester sidnej, 23.08.2012 14:11:13
Ubavo napisano....Samo edno nikako ne mi e jasno. Zosto treba Makedoncite da im se izvinat na Albancite??? Trebase i toa da go napises stom si napisal nesto treba da se doizrecis. A vaka jas se dumam..... dumam.....Sakam istorija. Ama vistinska, da ne me lazis.
deko, 23.08.2012 15:16:59
Се е ок,само нека ми кажат коментаториве- луѓево што ги испраќаат.Во ред ќе си одат Грујо и Ахмети ке дојдат Бране и Тачи во што е разликата.Јас мислам дека ако дојдат вториве на власт за македонците ке биде уште полошо.Еве зошто,знаеме дека Бране е мераклија за власт и само да остане на власт би дал се,буквално све што Тачи би побарал од него.Е Грујо попргав и не би останал на власт по секоја цена.Што да очекувам од тројката=Бране е за промена на името Љубчо за промена на идентитетот Тачи е за промена на државното уредување од нив ли боже да очекувам подобро утре за децата мои.
Haralampie, 23.08.2012 16:24:53
Do Jovan Vlada. Trebese vo komentarot da pises zbor dva za patriotizmot i amnestija na teroristi i da odgovoris na edno obicno prasanje atoa glasi. Vo koja avtoritarna drzava opozicijata moze da dojde na vlast preku izbori i 6 pati pobeda za dpmne , zosto e toa taka, dali poradi, spisoci od 30, dali od seenje strav kaj narodot, 100evra koj Vlatce gi delese vo stipsko za glas ili 500 denari kaj romite??? No kako sledbenik na Grujo ne odgovaras na nezgodni prasanje i begas od duel...
Realen, 23.08.2012 18:05:41
Site izjavi od vlasta se veke videna komedija vo rezija na Gruevski i Ahmeti. Nastanot vo Slupcane e ocekuvana provokacija i e golemo nisto vo odnos na amnestijata na zlostornicite.
Mudriot, 23.08.2012 22:44:25
Se slusas li ti sto zboruvas majstore, deluva prolupano a i dosta vise degutanten si. Pozdrav do Utrinski na vakvi kako Rezilov ne im e mesto tamu...

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 36°C

Ведро

Сабота
Сончево
Макс: 39°C, Мин: 19°C

Недела
Сончево
Макс: 39°C, Мин: 20°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ВИДЕО) Отпуштен работник го уби шефот во Њујорк, десетина повредени
Астрономите пронајдоа докази како ѕвезда си ја јаде својата планета
Ѕвездата за која станува збор е позната како црвен џин, а таквите ѕвезди на почетокот се со маса скоро колку нашето Сонц...
(ИНТЕРВЈУ) Честа се спушти на најниски скалила
Етнологот Јелена Цветановска ги објави во книга своите истражувања на гревот и казната во народната култура во Македониј...
Големиот предизвик за новиот шеф на „Њујорк Тајмс“
За разлика од Би-Би-Си, Томпсон сега ќе мора да го направи истото во комерцијална компанија во која огласите и прод...
Хрватска: На чевларите им треба поправка
Главниот извршен директор на компанијата го опишува сегашно Борово како бледа сенка на поранешниот гигант, кој сега вогл...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |