-->
Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Хороскоп

Хороскоп




Овен



И понатаму сте постојано напнати и го ставате на тест вашето психичко здравје. Затоа постои опасност повторно да западнете во криза која ќе ве врати на почеток. За се' постои лек, дури и тогаш кога се во прашање најголемите проблеми. Препуштете му се на гласот на разумот и нема да погрешите.





Бик



Ве очекува успешен ден на сите полиња, па дури и кога станува збор за најпроблематичниот дел во вашиот живот, финансиите. Работата и љубовта се на чекор до свое конечно разрешување, па освен задоволството со соработниците, ви се овозможува и да проживеете убави моменти со партнерот.





Близнаци



Се нервирате и повеќе отколку што треба. Бидејќи ситуацијата во која се наоѓате бара од вас да намалите со темпото на живот, би било подобро да се осврнете на друг вид активности кои, пред се', ќе ве направат да се чувствувате посилни. Доколку успеете да се изборите со вашата тврдоглавост, резултатите ќе дојдат побрзо од очекуваното.





Рак



Без никакви причини постојано се чувствувате тензично. Иако се обидувате причините да ги пронајдете кај другите, сепак главната иницијална каписла лежи во вас. Сакате да ги барате проблемите и тогаш кога ги нема. Можеби сте свесни дека понекогаш навистина се чувствувате безволни и уморни од се'.





Лав



Желбата за доминација е нешто од кое ќе се водите во текот на целиот ден. Околината ќе се обиде да ве игнорира кога се буди шефот во вас, но вие умеете да се изборите за она што го сакате. Свесни сте дека располагате со голем квалитет, но тоа не мора секогаш да значи дека треба да се натпреварувате со останатите.





Девица



Вашето здравје е на одреден начин загрозено. Причините за тоа има безброј, но ако подобро погледнете ќе сфатите дека не е се' така црно како што на прв поглед ви изгледа. Можеби и претерувате кога пред си поставувате цели кои не можете да ги завршите во зададениот рок. Не важи секогаш правилото дека девиците можат се'.





Терезија



Упорноста денес ќе ви се исплатува. На пат сте да решите бројни животни проблеми, кои ќе ви овозможат многу подобро да функционирате во иднина. Морате да бидете рационални со трошењето на средствата, бидејќи финансиската ситуација тоа го бара од вас. Не сте секогаш во право, особено кога се во прашање проценувањата на луѓето.





Скорпија



Се наоѓате во елемент, што значи дека вредно работите и љубоморно ја чувате тајната на успехот само за себе. Како соработник сте навистина корисни и соработниците уживаат да бидат во ваша близина. Штом ќе се постави прашање за престиж, не сакате да ги откриете вашите адути. Имате право тајната да ја чувате за себе.





Стрелец



Морате да соберете храброст за да се соочите со животните предизвици. Во прашање е ризик, но само на тој начин можете да ги добиете посакуваните резултати. Во спротивно, ќе морате да побарате помош од другите, што нема да ви се допадне. Некој ќе ве изненади со убав подарок.





Јарец



Се' укажува на тоа дека на моменти знаете да бидете вистински мазохист кон другите. Постојано се стремите да ја надминете баналноста и просечноста кај вас и кај луѓето. Морате да разберете дека не се сите предодредени да бидат број еден каде и да се појават или што и да направат.





Водолија



Моментната ситуација во која се наоѓате бара од вас сериозно да им се посветите на крупни промени во вашиот живот. Во средината во која работите, постојано ве сметаат за извор на идеи, па затоа од вас се очекува многу. Верувајте си на себе и на сопствените квалитети.





Риби



Пред вас е ден во кој ќе можете да реализирате многу нешта. Работата и подобрената материјална ситуација ќе испливаат на прво место. Доколку не сте сосема задоволни со постигнатото, значи дека се' уште ви недостасува решителност. Понекогаш и вие морате да им се наметнете на останатите.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 32°C

Ведро

Четврток
Ведро
Макс: 33°C, Мин: 13°C

Петок
Сончево
Макс: 35°C, Мин: 16°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Недостигот од вода ќе ги натера луѓето да станат вегетаријанци
Хидролозите предупредуваат дека за производство на месо се троши пет до десет пати повеќе вода отколку за производство н...
Шише со порака пронајдено во Северно Море по 98 години
Во него имало поштенска картичка од пет пени, сума која денеска има безначајна вредност, но пред еден век била примамлив...
(ФОТО) Американка опседната со чевли
Дарлин Флајн (57) од Калифорнија има неверојатна колекција од 16.400 чифта чевли, со што го урна сопствениот рекорд за н...
600 острови на пазарот низ светот
Дали приватните острови излегуваат од мода? Елита ги напушта своите луксузни острови, додека сопствениците наидуваат на ...
Ако Кина пропадне?!
На крајот и Кина почнува да „шлајфува“ - балонот во сферата на недвижностите почнува да напукнува, извозот се намалува, ...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |