Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
28.08.2012, 18:56

Ако има девалвација, ќе изгубиме сите

Шпекулациите за пад на вредноста на денарот ја нарушуваат довербата на граѓаните кон домашната валута

Соња Маџовска

Опасна е шпекулацијата што се појави деновиве за девалвација на денарот, сметаат и бизнисмените и граѓаните и експертите. Кој е тој што сакаше да ја подигне тензијата во земјава, па дури и министерот за финансии, Зоран Ставрески, и гувернерот Димитар Богов мораа да излезат во јавноста да кажат дека не е возможно денарот да девалвира.
Шпекулацијата дека се заканува девалвација на денарот, од дури некаде 18 проценти, што би значело дека од сегашните 61,5 денари еврото ќе се искачи на 75 денари, веднаш предизвика страв во домашната економска јавност, но и кај обичните граѓани кои се загрижени поради евентуалната опасност од намалување на вредноста на домашната валута.

Која е опасноста од евентуална еднократна девалвација? Дали воопшто некој ќе ќари или сите ќе изгубиме?

Експертите сметаат дека она што досега Македонија успева во сите кризни времиња да го одржи, а тоа е макроекономската стабилност, со девалвација може да се разниша. Тие предупредуваат дека најстрашното нешто што може да се случи е девалвација, бидејќи тоа ќе удри по џебот на најсиромашните. Единствено корист можат да имаат големите извозници, бидејќи ќе добиваат повеќе девизи за своите извозни артикли.

Но, тие предупредуваат дека извозниците ќе добијат само на краток рок, ќе се подобри нивната конкурентност, ќе се намали и трговскиот дефицит, но, на долг рок ќе се направи голема загуба. Ќе се наруши довербата во финансискиот систем што се изгради во изминатите години. Последниве години довербата во банките, а особено во денарот и покрај кризата постојано растеше. Граѓаните ги извадија парите од под перница и почнаа да штедат во денари, но ако се случи девалвација, довербата повторно ќе се разниша.

„Многу е опасна шпекулацијата дека ќе има девалвација на денарот. Каква било девалвација би била погубна за Македонија. Би се нарушила довербата на граѓаните кон денарот, граден со години. Ќе се повторат проблемите од 1997 година, кога имаше еднократна девалвација од 16 проценти. И тогаш не се доби ништо, тој потег не даде никакви економски ефекти. Кој и зошто сега повторно ја подгрева атмосферата со вакви шпекулации не би сакал да навлегувам, но во секој случај тоа е штетно за земјава. Девалвацијата тешко дека ќе даде какви било позитивни економски резултати. Освен да речеме за извозните компании, но таа е активност на краток рок. За сите други таа е погубна. Тоа е многу сериозна работа и не би требало воопшто некој да помисли на ваква мерка“, предупредува професорот Зоран Ивановски од Универзитетот за туризам и менаџмент.

Според аналитичарите, она што недостасува во Македонија е политичка волја за водење економски политики според потребите и можностите на земјава. Сите овие години се говори дека треба да се намали увозната зависност од струја, да се направи гасоводот, конечно, да успеат тендерите за „Чебрен“ и „Галиште“. Експертите советуваат дека за да се намали трговскиот дефицит, треба да му се помогне на извозот, но не преку девалвација, туку преку правилни политики на градење конкурентност.

Од друга страна, треба да се дестимулира увозот.

За разлика од големите извозноориентирани компании, малите и средните претпријатија сметаат дека девалвација како мерка за нив ќе значи катастрофа.

„За нас девалвација би значела дополнително празнење на џебот на малите и на средните фирми. Треба да се има предвид дека малите и средните фирми должат најмалку 2 милијарди евра кон странство. И доколку настане девалвација, ќе има големи загуби. За волја на вистината, таа би била корисна за извозот, тоа е факт, но тоа не е бесплатна мерка. Малиот бизнис и граѓаните ќе го платиме цехот. Ќе се намали стандардот на граѓаните“, вели бизнисменот Мирче Чекреџи, пренесувајќи го ставот на Сојузот на стопански комори.

Страв од можна девалвација во земјава последен пат се појави во екот на финансиската криза, при крајот на 2008 и почетокот на 2009 година, кога драматично се стопија девизните резерви на државава. И тогаш, најповиканите, Владата и Народна банка на Македонија уверуваа дека нема никаква опасност од девалвација, односно дека е загарантирана макроекономската стабилност.

Во последниве 20 години само еднаш била употребена оваа мерка. Тоа се случи летото 1997 година, веднаш по стапувањето на должност на тогашниот нов гувернер Љубе Трпески. Тогаш имаше еднократна девалвација од 16 отсто, кога од 27 денари, тогашната марка се искачи на 31 денар.

Последните шпекулации за девалвација деновиве повторно предизвикаа страв. Но, првиот финансиер и гувернерот навреме го спречија ширењето на неизвесноста. Првите смирувачки тонови стигнаа од министерот за финансии, Ставрески, иако по редот на нештата прв требаше да излезе со став гувернерот Богов.

Гувернерот во писмена изјава ги отфрла како несериозни шпекулациите пласирани за девалвација на денарот од некои, кои според него не им мислат добро ниту на граѓаните ниту да државата.

„Очигледно, некој сака да удри таму каде што сме најсилни, во макроекономската стабилност и стабилноста на банкарскиот систем. НБМ останува доследна на политиката на стабилен курс на денарот кон еврото и одржувањето ниска инфлација на нивото на инфлацијата во еврозоната. Девизните резерви се на историски највисокото ниво од 2,1 милијарда евра. НБМ во последните два месеца исклучиво го откупува вишокот девизи на девизниот пазар, а денарското штедење на граѓаните продолжува да расте и на крајот на јули достигна 48 отсто од вкупното штедење на граѓаните“, вели во изјавата Богов. Тој ги повика граѓаните повторно да покажат трезвеност и рационалност како што покажале многупати досега и да ги игнорираат шпекулациите пласирани од оние што сакаат да ловат во матно.

И Министерот Ставрески оцени дека нема ниту една причина за промена на курсот на денарот. „Денарот и натаму е најдобра валута за штедење и ќе остане стабилен се' додека ВМРО-ДПМНЕ ја води економската политика во Македонија“, истакна Ставрески. Тој шпекулациите за девалвација ги оцени како обична лага и груба невистина која е смислена со цел да се внесе психоза и страв кај населението. „Мојата порака до граѓаните и стопанството е да не наседнуваат на вакви обични лаги. Нема ниту една причина за промена на курсот или некаков реален економски фактор што би го оправдал тоа“, изјави министерот Ставрески.

И тој го поткрепи својот став со висината на девизните резерви. Покрај тоа, додаде дека постои и ниско ниво на буџетски дефицит, како и ниско ниво на задолженост на земјата и извонредна координација меѓу монетарната и фискалната политика што заедно со стабилниот банкарски сектор дава сигурност дека ќе има и понатаму стабилен девизен курс. (С.М.)


Статијата е прочитана 3413 пати.

Испрати коментар



Последната порака на Гидеон Сандел
Градилиште - спасилиште
Илијаз Халими претседател на Централното собрание на ДПА
Чиј рејтинг ќе оди повисоко по кавгата
Иванов
Партнерите на ВМРО-ДПМНЕ не се за брзи избори
Америка е виновна за се'
Последен збор - Тихомир Велковски
Гори планината Ниџе
Исчистена тетовската дива депонија
Пожарот застана пред Гевгелија



jovan, 29.08.2012 00:10:22
Uste ova ni fali. Ke izgubime site, a ke dobijat onie koj dolzat. Najmnogu drzavata kako najgolem dolznik. Ne e cudo i spekulaciite za pad na denarot da doagaat od tamu, da *opipaat puls* koj kako ke reagira. Kako i da e, najgolem profit bi imala drzavata i bankite, bidejki narodot se poveke stedi vo denari, a kreditite i onaka gi racunaat vo evra. Ne e cudo i da se sluci ova, bidejki poveketo banki se vo zagubi a i pred propaganje, a i drzavata ima ogromni dolgovi vo denari kon stopanstvopto, pa pad na denarot najmnogu i bi im odgovaralo na drzavata i bankite. Stopanstvoto i graganite ke bidat bukvalno dokrajceni. Sto ke bide posle, bog te pita. Ili ke si trpi ovoj narod uste ili konecno ke pukne.
USA, 29.08.2012 03:51:00
Самиот наслов кажува кој ја подгрева оваа шпекулација.
Petre, 29.08.2012 07:08:04
Јас сум од постарата генерација и имам доживеано неколку девалвации и во еден долг период во поранешна Југославија и континуирана инфлација. Ни една девалвација не донела никакви позитивни резултати. Таа прави хаос во воспоствените економски и финансиски односи во државата. Корист од тоа ќе имаат само должниците: зеле на заем 100 а ќе вратат 80. Таа разлика ќе ја платат штедачите односно домакините кои имаат верба во денарот. Кај нас и така се’ се пресметува во евра. Ако купиш кола од 10000 евра и по девалвацијата таа ќе биде 10000 евра, само ќе мора да дадеш повеќе денари. Со телевизорите, белата техника и т.н, па дури и лебот е исто. Брашното го увезуваме и истото веднаш ќе поскапи за процентот на девалвацијата. Од ова ќе искористат само работодавачите кои ќе плаќаат помали плати. Но и тоа е на краток рок бидејки за 2-3 м месеци мораат да ги покачат. Државата како внатрешен должник ќе има корист, но таа дожи и надвор. Приливот во буџетот кој е во денари ќе се се намали.
mitre, 29.08.2012 08:55:57
Не сум сигурен дека ќе има девалвација.......ама во едно сум сигурен: Да не му верувам на Ставрески...................
Chainsaw, 29.08.2012 10:08:13
Za vreme na kriza dodeka site valuti okolu nas variraa, denarot ostana najstabilen. JAs mislam ovakvi shpekulacii za dvacija na nikomu ne mu pravat dobro. Nema argumenti vo momentov za takvo neshto.
ko-ra, 29.08.2012 11:23:31
Ova e uste edna dubara na vlasta so koja gi zamajuva gragjanite na RM.Ne znam dali e potrebna dvacija na denarot,no siguren sum deka e potrebna revavacija na evroto.Denarot e precenet,evroto vredi realno mnogu poveke od 61 denar.No fiksniot kurs na denarot kon evroto ima drugi prednosti za vladata,taka mnogu polesno se manipulira so inflacijata.Iako sekojdnevno imame porast na site ceni i denarot poleka no sigurno ja gubi vrednosta i bez dvacija vladata gi ubeduva gragjanite deka se vo red i deka inflacijata e minimalna i pod kontrola.Ste cule li za baron Minhausen.!!
srebre, 29.08.2012 14:10:59
dragi moi koga na ovie stranici site vikavta bravo grujo koga vmro vi gi pokaci platite,penzii,jas vikav graska nema ekonomska osnova posto se stampaja pari t.e. se ostampaa 2,5 pati povece denari otkolku sto postoeja vo opteg vo 2006 i togas rekov ova e mamka politicka a i sds togas rece nema ekonomska osnva za pokacuvanje na plati posto bnp nee zgolemeno...
Трпе, 29.08.2012 15:10:13
Се кине таму каде е тенко.Нормално е да страдат овие најсиромашките.А штом се активира машинеријата на пропагандната влада не е за играње и пеење мора нешто да се деси,Посебно кога кум Ставре нешто брани јасно е дека се случува обратно.Ако и вештачки го држат курсот на денарот како стабилен ,кога ке ја изгубат власта ке мора да се случи катастрофа.
економист, 29.08.2012 16:26:03
Мало појаснување: локалната валута (денарот) е стока како и секоја друга (леб, нафта, и сл.) и има своја цена (цената се вика девизен курс). Во услови на инфлација, кога цените на сите производи растат (каква што е сега), која е логиката цената само на еден производ (локалната валута) да остане иста?? Многу логично е и таа да порасне, со што нејзината куповна моќ ќе опадне, т.е. ќе девалвира. Така што или власта ќе направи конкретни напори да ја заузда инфлацијата, или повторно ќе трчаме до најблиската менувачница со надеж дека токму таму ќе начекаме евтини евра.
neno, 29.08.2012 19:44:44
Најголем проблем со девалвацијата е што ќе ги изеде штедните влогови на граѓаните. Во тој случај ќе има паника и луѓето ќе изгубат доверба во домашната валута. А со самото пуштање на вакви дезинформации се ствара паника. Ова е неприфатливо однесување на одредени субјекти.
Киро Велковски, 29.08.2012 21:35:25
Што е погрешно во заклучокот од насловот? 1. Во секоја криза не губат сите. Некои губат, а некои ДОБИВААТ на нивни грб. Вредноста не исчезнува само се прегрупира. 2. Ако навистина има девалвација тоа значи дека Владата ќе позајми пари од граѓаните без камата, за разлика од сегашните позајмувања од ЕБРД, СБ, ММФ и сл. кои се со камата плус трошоци за обработување. 3. Вака ништо не се приметува колку тонеме, а девалвацијата секојдневно ќе прикажува за колку сме потонале и порано ќе предизвика реакција од граѓаните. И самото позајмување ќе биде многу потранспарентно. Значи, ако нема девалвација губиме ние, обичните граѓани. Само што ни е полесно да мислиме дека не губиме, додека на крајот не стигне сметката. Сосе бакшишот и лутите пиперчиња што не ги нарачавме...
melbourne, 30.08.2012 00:31:15
Ako nekoj se sekava,pritisok vrz Gosev(bivs guverner)za menuvanje na kursot na Denarot se vrsese bas od vledeackata partija.Ako ne ste sigurni prasajte go Stavrevski.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 25°C

Делумно облачно

Петок
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 15°C

Сабота
Сончево
Макс: 33°C, Мин: 13°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Кинезите вложуваат во ореви
Кинезите ги инвестираат парите во некои прилично чудни работи, имено во ореви. Вртењето на ореви во дланката ја стимулир...
Недостигот од вода ќе ги натера луѓето да станат вегетаријанци
Хидролозите предупредуваат дека за производство на месо се троши пет до десет пати повеќе вода отколку за производство н...
Шише со порака пронајдено во Северно Море по 98 години
Во него имало поштенска картичка од пет пени, сума која денеска има безначајна вредност, но пред еден век била примамлив...
(ФОТО) Американка опседната со чевли
Дарлин Флајн (57) од Калифорнија има неверојатна колекција од 16.400 чифта чевли, со што го урна сопствениот рекорд за н...
600 острови на пазарот низ светот
Дали приватните острови излегуваат од мода? Елита ги напушта своите луксузни острови, додека сопствениците наидуваат на ...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |