Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
30.08.2012, 17:55

Мислења

Остваруваме - во продолжение

Тодор Пендаров

Еволуцијата на „Евро-Балкан“ од невладина до универзитет била логичен процес на „зреење“. Колку што јас знам, зреат јаболка, круши, лубеници, а богами и тикви

Читајќи го писмото на Универзитетот „Евро-Балкан“, што би требало да биде одговор на мојата колумна, навистина уште еднаш ми потврди дека сум бил во право. Во оригиналот упатен до нашиот ценет „Утрински“ авторите од „Евро-Балкан“ ми го утнале и презимето, а најкомичен беше потписот – „од екипата на ’Евро-Балкан‘“.

И, така, сега јас поединец треба да се расправам со „цела екипа“ на овој наш најмлад универзитет. Понатаму, самата структура на пишување им е најблаго речено катастрофална... во целиот текст има само неколку долги реченици од кои најкратката има девет реда, а најдолгата 14 реда. Ама ништо страшно. На студиите за социјална антропологија има и предмет академско пишување. А, бидејќи момциве од екипата додека ги стекнувале своите академски титули, по се' изгледа, не го слушале овој предмет, сега се надевам дека екипата ќе смогне сила и волја да ги посетува предавањата и да научат што е тоа академско пишување.

За нив еволуцијата на „Евро-Балкан“ од невладина до универзитет е логичен процес на „зреење“. Е па колку што јас знам зреат јаболка, круши, лубеници а богами и тикви, а има и тиквари за жал. Навистина, не им се лутам за нивната (дис)квалификација дека јас сум неупатен квазикритичар, ама ме изненадува кога велат дека јас сум учел антропологија кај професорот д-р Стане Јужнич, кој е пензионер и неговите научни сознанија биле надминати. Демек, сега имало во Словенија млади антрополози кои биле едуцирани во духот на „англосаксонската школа, француската, скандинавската“ и така натаму.

Како доказ наведуваат неколку имиња, како што велат, на млади антрополози (sic) меѓу кои и д-р Кармен Медица. Е, па, д-р Медица докторира социјална антропологија во 1988 година на мојот факултет, а ментор и' е мојот професор д-р Стане Јужнич. „Екипата“ на „Евро-Балкан“ бидејќи нема аргументи на моето тврдење дека нема факултет за социјална антропологија никаде во Европа, туку тоа се учи во рамките на постдипломски студии и тоа најчесто на факултетите за социологија, во својот (квази)академски одговор лупа еден куп стручни изрази и мислат дека со тоа ќе ги убедат нашите читатели. Едноставно - НЕМА факултет за социјална антропологија, како што нема ниту за другите подгрупи на антропологијата.

И, на крајот, бидејќи „момциве од екипата“ истакнуваат дека мотивот за нивнот�� писмо биле читателите, односно можните идни студенти и нивни родители кои ќе треба да „плукнат“ 5.700 евра, и мојата колумна беше упатена, пред се', до истата таргет-група. Еве само едно прашање. Дали кај нас во која било државна образовна културна или каква било институција во систематизацијата има предвидено место за „социјален антрополог“. Прашајте се токму за ова, почитувани читатели.

Во суштина не е проблемот кај „Евро Балкан“, туку, како што реков, во Kомисијата за акредитација, која дозволила да се отвори ваков факултет. Јас лично дури верував во искрените определби и на бившиот и на актуелниот министер за образование да се подигне квалитетот на универзитетите во Македонија и да влеземе барем меѓу првите илјада универзитети на познатата Шангајска листа. Ама на таа листа не се влегува само со квантитет, па така денеска Македонија има, ако не се лажам, шест државни универзитети, а приватни навистина не знам колку се, бидејќи речиси секојдневни никнуваат нови.

Од друга страна, ние сме на дното по вложување во научно-истражувачката дејност. Понатаму, во која држава ќе ви дозволат да б��дете вработен во државна научна институција, таму сте ги стекнале и највисоките академски титули, па во меѓувреме да си направите невладина организација која потоа ќе „зрее“ до универзитет. А дотогаш ќе работите на најразлични проекти, ќе тезгарите на некој приватен универзитет, и ете, созреа вашата НВО и стана универзитет, ама вие и понатаму сте редовно вработен во државната институција. Ако го погледате списокот на професори на универзитетот „Евро-Балкан“, ќе најдете еден куп луѓе со академски титули, ама на државни јасли.

Вака растргнат на две-три страни, а некои богами и на повеќе, треба да бидеш во најмала рака интелектуален па дури и физички супермен, ама за жал, тоа го има само на филм. А кај нас се сведува на обично квазиинтелектуално и квазинаучно тезгарење.

Ова не се однесува само на овој наш најмлад универзитет, ниту пак тоа е присутно од вчера, туку станува збор за една реална и со години извитоперена состојба во високото образование, кое кај нас се' повеќе се сведува на општествените и хуманистичките науки. И во Европа високото образование на државните универзитети е горе-долу бесплатно, односно со партиципација, но тоа не значи дека секој средношколец може да се запише. И во Европа приватните универзитети се скапи и бараат многу пари, ама нивната конкурентност не се темели врз фактот колку лесно „штанцаат“ дипломи. Таму, професорите и на приватните и на државните се професори, а не во исто време да се редовно вработени и во други државни институции, а уште помалку да тезгарат на два-три факултети. Но, со ова веќе навлегов многу пошироко од полемиката со „екипата на ’Евро-Балкан‘“, која за мене е веќе завршена...

(Авторот е државен службеник и изразува свои лични ставови)

Наш став



Објавувањето колумни и мислења од надворешни автори е одраз на намерата на „Утрински весник“ да биде влијателен глас на заедницата. Но, напоменуваме дека не се согласуваме секогаш со ставовите што ги изнесуваат нашите колумнисти, особено кога станува збор за лични дисквалификации, етикетирања без основа и извртување на контексти со цел да се наштети на други личности од која било сфера. „Утрински весник“ се оградува од таквиот речник и конотации и ги смета за непримерни во јавната комуникација.


Статијата е прочитана 1238 пати.

Испрати коментар



Ќе одморат ли лопатите?
Чекајќи абер од Америка
Писма - „Пуси рајот“ бесповратно ја минаа границата
Катар е уште далеку



jovan, 31.08.2012 00:53:33
Toa e toa, i tesko deka nesto ke se promeni. Se poveke studenti baraat diplomi namesto znaenje, a denes diploma najlesno moze da se dobie na nekoj privaten fakultet za nekakov si menandzment. Se izmislija sekakvi fakulteti za sekakov menandment, a eve sega i za *socijalna antropologija*. Kako sto primetuvate, privatni tehnicki fakulteti nema, od pricina sto za takvi fakulteti treba potvrdeni kadri, istrazuvanja, labaratorii...., pa na *biznismenite* koj se bavat so otvaranje fakulteti toa ne im se isplati. Najisplatlivo im e i skoro nema nikakvi vlozuvanja,da otvoris fakultet za nekakov si izmislen menandzment. Dobivkata e tuka najgolema, a zagubata na opstestvoto e ogromna, pa i katastrofalna. Mladite gubat vreme i pari, a dobivaat razocaruvanje koe cel zivot ke go nosat na dusata. Ke se custvuvaat*akademski gragani*, a ke bidat prinudeni da rabotat sve i svasta za suv leb(ako imaat sreka voopsto da se vrabotat tuka)Za onie so partiska kniska, ova ne vazi. Tie vednas stanuvaat sovetci
nato-jato, 31.08.2012 08:00:20
Tocno e Se napisano bravo za avtorot na tekstot: Idadija - Lajka 2:1-konecen rezultat!
Kade se culo videlo, 31.08.2012 09:42:17
Kade se culo videlo , edna nevladina organizacija da preku noc prerasne vo Univerzitet. I prasuva dali nekade vo svetot ima poseben fakultet za Antropologija. Kolku mi e poznato nema. antropologijata se izucuva na razni fakulteti kako poseben predmet. onaj koj saka povece soznanija od nea , istite gi dobiva na postdiplomski studii.No ovde se raboti za tezgarenje i pecatenje na diplomi , koi pokasno nisto ne im nosat na polaznicite, osvem ako ne se visoko instalirani apartcici na partijata na vlast.
кактус, 31.08.2012 11:10:51
More sedi madro da ne te izvadat tehnoloshki vishok
b, 31.08.2012 13:17:30
Ako si so Grujo se e mozno,toj so salceto sto go nosi lete zima bese najgoiem komunist a sega najgolem DPMNE.tesko na decata sto ke se upisat na toj fakultet.
Milan, 31.08.2012 13:21:59
E Todore, Todore. Za dzabe objasnuvas. Ovie tikvarite nafatirani na smetka na jadniot narod nisto ne sakaat da svatat, a mozebi za niv toa sto ti se trudis da go objasnis e SPANSKO SELO!!!!!!!
Селективен приод на проблемот!, 31.08.2012 14:51:48
Колумнистот се фатил за Евро-Балкан како пијан за плетот. Меѓутоа, тој не гледа или не знае дека постојат недобројни/разни академии за демократија, за театарски уметности и слични небулози, кои се финансираат од државата, а користа ја имаат разни манипулатори кои ресорните министерства ги „ораат“ за личен профит или за перење пари?! Замислете Академијата за демократија доделува награди на добитници од Јапонија, Русија и други земји и челниците на академијата одат таму за да им ги доделат „вредните“ награди!!! До кога со вакви апсурди во земјата од чудесиите/апсурдите?

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 15°C

Делумно облачно

Понеделник
Ведро
Макс: 33°C, Мин: 13°C

Вторник
Сончево
Макс: 35°C, Мин: 14°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Финска - иднина без Нокиа
Финска е во ЕУ, има перфектен кредитен рејтинг од тројно А и флертува со излезот од еврозоната. Но, не е се’ така добро ...
Сакате да изградите вселенски лифт на Земјата? Почнете од Месечината!
Сонот за лифт што ќе не однесе во вселената трае повеќе од 50 години, Мајкл Лејн помина 11 години работejќи на остварува...
(ФОТО) Шеснаесет китови угинаа насукани на плажа во Шкотска
Силната плима „истурка" група од 26 китови во песокливиот брег на Северно Море, од кои 16 угинаа насукани на плажа....
Што стои зад спорот околу островите меѓу Кина и Јапонија?
Елементите на спортот вклучуваат една карта од динстијата Минг, американски договор и една фабрика за риби...
Класичните светилки отидоа во историјата
Со забраната Европа планира да заштеди околу 1 отсто од годишната потрошувачка на електрична енергија или тоа е производ...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |