30.08.2012, 17:32 Поглед
Катар е уште далеку
Нина Нинеска-Фиданоска
Бадијала ли припадниците на македонската многубројна невработена популација трошеа часови и часови на интернет во потрага по симпатично работно место за себе во егзотичниот Катар? Бидејќи никој друг, туку самата македонска Влада им вети уредни договори за работа со престижните компании од богатата држава, за чие беспрекорно исполнување токму таа ќе гарантира. Арно ама, катарскиот сон некако тешко станува јаве за македонските сонувачи.
Иако Договорот за регулирање на вработувањата со Катар нашата држава уште одамна го ратификувала и ги завршила сите процедури што се барале од неа, нашите катарски пријатели тоа се' уште не го сториле. Кои се причините за ваквото „мало“ пролонгирање засега не им е познато на одговорните во нашето Министерство за труд и социјална политика, ниту, пак, даваат прецизен датум кога и Катарците ќе го исполнат својот дел од договорот, па нашите барани кадри непречено да можат да заминат во потрага по престижните катарски плати, кои се мерат со по неколку илјади долари. Но, од ресорот за труд и социјала се оптимисти дека „целата работа само што не е завршена“, па зошто истата ваква позитивна енергија да не ги заплисне и оние што од поодамна се надеваат дека специјални „скаути“ ќе дојдат овде и ќе ги регрутираат нашите потенцијални кадри, кои веднаш би заминале на печалба на посакуваната катарска територија?
А не се мали придобивките што би ги добиле од вакво државно гурбет-посредување. Загарантирана месечна плата, 48-часовна работа недела, платени патни трошоци, годишен одмор од најмалку три недели, бесплатно сместување за самци..., па дури и бесплатна ладна вода за пиење. Но, нели е подобро прво да се осигура договорот, па потоа да се ветува? |
|
Статијата е прочитана 918 пати.
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 31.08.2012 01:13:36 | Kako prvo, platite vo Katar (za stranci kako Indijci, Pakistanci, Mexicanci, Balkanci...) se po 500-600 dolara, ili *vo prevod* 30setina iljadi denari. Kako vtoro, uslovite za rabota i *tretmanot* se daleku polosi i od ovde. Kako treto, Onie koj bi mozele tamu da najdat pristojna rabota so plata od iljadnici dolari, mozat da se izbrojat na prsti od edna raka.(ako ne gi smetame onie koj bi nasle rabota kako maserki, pridruznicki, prostitutki...).Kako cetvrto, vo Katar veke ima eden kup rabotna raka za 1 dolar dnevno. Kako peto, Katar e samo edna od mnogute prikaski za napredokot na Makedonija od tipot na fabriki za avtobusi so 1000 vraboteni, fabrika za Mercedes vo nekoe Kavadarecko selo so 4000 vraboteni kade sto site od okolnite sela ke se vrabotat, Eftini krediti za biznis....i uste iljada i edna prikaska za dobra nok i ubavi sonista. Prodolzete da sonuvate dodeka DUI ne ve probudil. A kaj i da e, ke ve razbudi. |
| Крт, 31.08.2012 15:17:03 | Кога бев мал ги слушав и се воодушевував на ,,101 приказна,, на радио Скопје. Извонредни беа Никола Автоски-Боби и Борис Мајсторов (секоја почит и поклон за нив). Незнаев дека ќе дочекам поголем раскажувач на ,,БАЈКИ,, во ликот и делото на нашиот премиер. Разликата е во тоа што после ,,бајките и приказните,, на Н.Г. тешко заспивам и имам кошмари. Катар е исто така однапред завршена приказна (ЈОВАН тоа преубаво го искоментира). |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 15°C
Делумно облачно
|
Понеделник
Ведро
Макс: 33°C, Мин: 13°C
|
Вторник
Сончево
Макс: 35°C, Мин: 14°C
|
|
|
|
|
Финска - иднина без Нокиа Финска е во ЕУ, има перфектен кредитен рејтинг од тројно А и флертува со излезот од еврозоната. Но, не е се’ така добро ... | |
|