Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
30.08.2012, 17:59

Си велам

Чекајќи абер од Америка

Ерол Ризаов

Тајната мисија на Груевски емитува добри вести

Го сонив американскиот сон. На полноќ шашардисан како месечар го гледам во трафиката обесено утрешното издание на „Утрински весник“ со огромен наслов на целата прва страница: Бил Гејтс и Ворен Бафет вложуваат двесте милијарди долари во Македонија. Поднаслов: Мариово е новата силиконска долина. Ги тријам очите од неверица: Калифорнија и Македонија се збратимуваат. Ги листам бргу страниците: Сити банк отвора голема филијала во Скопје... „Џенерал моторс“ гради фабрика во Бунарџик... Центарот Рокфелер праќа претставници во Македонија... течат вести во низа.... ќе речете гладна кокошка просо сонува. Ама не е секогаш така. Се будам помалку натажен што е тоа само сон, кога на вестите на јаве слушам: Кемпински, кралот на хотелиерите, ќе гради хотели во Македонија. Оп, си велам, почнаа да се движат работите. Штом Кемпински доаѓа, на арно ќе е. Тие секогаш намирисуваат добра работа и пари. Штом градат луксузни хотели, овие знаат дека ќе доаѓаат тука значајни и богати луѓе. Тие никогаш не доаѓаат бадијала. Затоа, сетики имам надеж дека големиот абер од Америка кај и да е ќе стигне деновиве. Таму во тајна мисија е премиерот Никола Груевски и неговите најблиски соработници. Не поканија со нив новинари, здодевни душкала, нема министри од сомнителниот албански дел на Владата, нема непријатни прашања. Се' е чисто и докрај конспиративно, во знакот на ВМРО.

Веќе стигна првата важна вест како претходница, Груевски, конечно, ќе го затвора македонското прашање. Алал да му е, колку е мудар нашиот премиер. Ќе го направи тоа што на никого не му тргнало од рака. Ќе ги избрише еднаш засекогаш нашите вековни јанsи и несоници. Прашањето едноставно ќе го затвори откако ќе го изеде јаболкото на раздорот. Нема јаболко, нема раздор. Сега го чекам Груевски раат да го отвори македонскиот прозорец кон светот. Наслушнав дека стануваме 51. американска држава. Ете зошто кога не' призна Америка, единствена во светот, не не' призна под уставното име Република Македонија, или со смешното ФИРОМ, туку само со Македонија на што со години се чудевме да не е некоја грешка. Ете што било, не' подготвувале за своја држава. Дознавам од извори блиски на премиерот дека Груевски имал извесни резерви за овој предлог на Обама, но, во секој случај, ќе организира референдум, бидејќи Македонија беше веќе во една федерација која се распадна. Не сакаме повторно да го гледаме истиот хорор кога САД ќе се распаднат, а има и други проблеми околу отстапувањето на дел од нашиот суверенитет и самостојност. Затоа сме внимателни и не брзаме кон НАТО и кон ЕУ кои, исто така, се пред распаѓање, според нашите големи стратези и непогрешливи експерти за деликатни меѓународни прашања. Повеќе детали не смеам да објавувам, бидејќи влегуваат во сферата на државна тајна. Затоа сосема е разбирливо што не се повикани новинари. Мислам дека тоа е в ред. Уште подобро е што на ниту една редакција не и' текна да прати непоканет новинар кој ќе ја следи нашата тајна мисија. Многу умно, зошто и да прати непожелен новинар и бадијала да се изложува на големи трошоци кога и онака нема ништо да дознае, а и ако дознае нешто, штом е тајна, не може да објави. Вака, најдобро е да нема новинар, а секој ден да има вести од фантомскиот партиски центар кој објективно и реално ги соопштува чудата што ги прави секој ден нашата владина делегација предводена од премиерот во Америка. Така се прави најдоброто информирање на граѓаните. Тоа што ќе се јави - тоа се случило, тоа што нема да се објави - тоа не се случило. Прекрасно.

И додека го чекам големиот абер од Америка, да ве потсетам вас што сте повозрасни, а да им ��ажеме нешто и на помладите кога Македонија беше дел од светот. Не долго откако „Аполо“ се врати од Месечината, Нил Армстронг со своите колеги космонаути беше во Белград. Ама куполата и една збирка камења од Месечината беа во Скопје изложени во Домот на градежниците. Поточно модулот беше пред Градежниците. Одевме со стравопочит да ги видиме тие чуда и се чувствуваме навистина како дел од големиот свет. Е тој Нил Армстронг покрај таа негова историска изјава кога стапна на Месечината: ова е мал чекор за мене, но голем исчекор за човештвото, има уште две други изјави кои по мој избор посебно ми се допаѓаат и имаат допирни точки со Македонија, а малкумина ги знаат. Еве ја првата: кога Нил по три часа го заврши своето шетање по Месечината, се врати во куполата со зборовите „нека е аирлија господине Горски“. Долги години го прашуваа многумина Армстронг што му значи тоа, кој е тој господин Горски, дали е тоа некој негов руски колега или нешто слично. Пред неколку години Армстронг ја откри тајната, бидејќи како што рече господинот Горски починал. Приказната оди вака: кога Нил бил мал и си играл со децата безбол, топчето паднало во соседниот двор. Кога отишол да го земе, соседот Горски, кој според некои непроверени докрај сознанија бил Македонец, а според други Русин, се карал со сопругата. Таа од верандата му свикала: секс, каков секс со тебе, ќе добиеш секс кога ова дете ќе се качи на Месечината и покажала со прст на Нил. И така кога Армстронг ја заврши мисијата на Месечината и тргна назад кон Земјата, му кажа на својот сосед Македонец, или Русин, сеедно, наш човек: ај со среќа господине Горски. Ете желбите некогаш со извесно задоцнување се исполнуваат. Што мислите дали е тоа исто како сега да кажам ќе влеземе во НАТО и во ЕУ кога Груевски ќе се врати од Марс.

Втората изјава на космонаутот Армстронг важна и за нас во Македонија ја кажа многу одамна во Белград и таа гласи: „Прекрасен е овој ориент. Сите доцнат, никој не се грижи. Проблема нема“. И навистина времето одамна застанало во овој дел на Ориентот. Ништо не се менува, се' си стои на исто место. Сите доцниме со децении, никого не го боли главата за тоа. Меѓутоа, не е баш така, има и промени, еве една многу крупна, за која еден мој пријател деновиве е мошне загрижен. А верувам и голем број граѓани на Македонија. И мене некако ми навираат солзи. Љубисав Иванов-Sинго и Борис Стојменов се повлекуваат од политиката. Уморни се веќе од седење во власта и од политика. Сега ќе седат покрај своите телевизори вклучени на својот канал и ќе им раскажуваат на внуците како ја направиле Македонија. Ај некако и можам да прежалам зашто Стојменов си оди од политиката, ми вели пријателот, ама што ќе правиме без Sинго. Навистина што ќе правиме без Sинго. Неутешно е. Жална Македонија.


Статијата е прочитана 2996 пати.

Испрати коментар



Ќе одморат ли лопатите?
Остваруваме - во продолжение
Писма - „Пуси рајот“ бесповратно ја минаа границата
Катар е уште далеку



Itar Pejo, 31.08.2012 00:19:41
Груевски, конечно, ќе го затвора македонското прашање. !!! Ne razbravme dali pred toa ce ja obedini Makedonija? Allo, allo, sto stana so obedinuvanjeto? Da ne ima nekoe avtenticno tolkuvanje?
mene od daleku, 31.08.2012 00:39:28
Minatoto e zavrseno, da se svrtime kon idninata pred se so poveke pozitivni misli !
seirdzija, 31.08.2012 00:45:37
Izgleda vo posledno vreme mnogu citas vladini vesnici...hehe,a po odnos na Singo slusnav nekoi informacii deka pocnal da organizira igri na sreca po odnos na fiskalni aparati i smetki,demek taka se custvuval povece patriotski i go pomagal onoj lider so portokalova kravata...heheheh....
jovan, 31.08.2012 01:33:16
Dali sonuvas ili ja slusas Vladata sto ti obekava, e edno isto, samo so taa razlika sto moze da ti se sluci nekogas da sonuvas los son, a so Vladata ti se zagarantirani samo ubavini. Isto taka, sakale-nejkele morame da im priznaeme deka dobro go *klecaat* ovoj narod, pa zatoa im e arno. Sto znaci glagolot *klecanje*, sami razmislete. Sto se odnesuva do Zingo i Stojmenov, zal mi e sto nema da imaat prilika da otidat vo Idrizovo, da naucat nekoj lekcii koj ocigledno gi preskoknale na fakultet. Da se nadevame deka barem na nekoj drugi toa ke im se ovozmozi.
nato-jato, 31.08.2012 08:07:02
Gruevski vekje e kacen na mesecinata , ako ne i troa povisoko se ocekuva kakvo kje bide prizemjuvanjeto kako na Apolo 13 ili?
Rade od Gjorce Petrov, 31.08.2012 09:01:15
Pocituvan Rizaov, podolgo vreme gi citam Vasite kolumni, i nastapi na televiziite, no do sega nemam razgovarano so Vas. Ova e prv pat a veruvam ne i posleden? Se zavisi kako ponatamu ce se odvivaat rabotite ili kako Vie a Nie ce gledame na niv i kolku ce veruvame, vo ona sto sme go predvidele. Vo aforizmite za ateistite go procitav i ova: Bezboznicite zboruvaat za Bog pocesto od poboznite. Ateistite go nadminuvaat Djvolot: Toj barem znae deka Bog postoi. I na krajot ce zavrsam so mislata na pisatelot Kurt Vanegot: Boze daj mo sila da gi smenam onie raboti koi mozam Daj mi smirenost da gi prifatam onie koi ne mozam da gi smenam, I daj mi mudrost da znam da gi razlikuvam...
Mirko, 31.08.2012 09:03:26
Beskrajna lucidnost na g.Rizaov. Odlicna statija. Bravo!
Otide se jabana, 31.08.2012 09:19:09
Navistina i jas ne znam sto ce pravime bez erlot od Kratovo, g-dinot Ljubisav Ivanov Zingo.Ajde nekako povlekuvanjeto na Andov od politickata scena go p[rebolevme. Eve i bez Stojmenov se moze. Ama bez Zingo kade ce odime, koj ce ne vodi kon prosperitet na srednovekovieto?Mora toa nekako da se spreci, oti bez Zingota maf ni e rabotata. Ni otide drzavata jabana.Ona sto Gruevski tainstveno samo so svoite pajtasi go sonuva amerikanskiot son e sosema ispravno. Pa site golemi nastani i otkritija gi pratat odredeni tainstvenosti i misterija.Ne moze odma da ni kaze deka eve SAD ne prima kako clenka vo federacijata. Treba njprvo da im gi ispostavi nasite uslovi pod koi bi vleglde vo federacijata i na amerikanskoto zname pokraj onie zvezdi obavezno da se stavi i sonceto od Kutles ili Virgina.Taka ami kako. Ako saka Amerika narod so anticklo poteklo i istorija mora vo nesto i da popusti i pristane.
sime, 31.08.2012 09:21:42
sto da kazam Erole,potpolno te razbiram,ama zalam sto seuste nema komentari od 745 procitani personi.
Миле - Охрид, 31.08.2012 10:32:02
Чиста деструкција, цинизам и лицемерство. Така е кога омразата е водилка во жувотот.
kaktus, 31.08.2012 11:07:00
Се сеќавам на една генијална мисла на Ѕинго искажана од собраниската говорница. “БЕЗ ЗДРАВО СТОПАНСТВО НЕМА ЗДРАВА ЕКОНОМИЈА“. Која елоквентност, која луцидност, каква харизма имаше тој човек. Мора да му се изгради споменик во проектот Скопје 2014, барем една до две улици, а и некое училиште да го носи неговото име Ѕинго, господарот на Кратово.
P.Petar, 31.08.2012 12:49:38
Nemame potreba od amerikanski son koga toj vo svojata maticna zemja USA e pretvoren vo nokna mora.Bill Gates e eden a 50 milioni nevraboteni amerikanci e nesto druga. Warren Buffet e eden a 50 milioni amerikanci bez zdravstveno osiguruvanje e nesto drugo.Zatoa podobro buden so moznost za resavanje na sopstvenite problemi otkolku drogiran od amerikanskiot son.Sto se odnesuva do zatvaranje na makedonskoto prasanje /Gruevsk/ toj samo prifaka novi pravila na igrata, i mora toa da go stori.Kako i da e pozitiven ekonomski ABER od Amerika ne e na odmet, no bez prodazba na sopstvenoto dostoinstvo. Dosega ne vidovme amerikanska akcija vo oblasta na investiranje. Zasega seuste strateski i voeno-politicki manevri. Balkanov e saren kilim sostaven od mnogu narodi i interesi pa i amerikancite se zbuneti neznaejki kon kogo da se opredelat i komu da dadat finansijska inekcija! So sreka neka ni e!!
сузе, 31.08.2012 13:42:50
Во Америка премиерот неколкупати повтори сакам Македонија да биде ваква,сакам ова,сакам она.И јас сакам многу нешта но власта не е во мои раце туку во негови.Затоа и го гласавме,затоашто имавме исти желби кои тој ги претвори во илузии наместо во реалност.
Збунет Американец, 31.08.2012 14:50:55
Петар П. јас сум збунет или ти?
Крт, 31.08.2012 15:08:54
Нека господинот Груевски воопшто не се труди да го затвора ,,македонското,, прашање. А еве зошто?! - Од кога сите нас не стави во ,,трлото,, викано Македонија и не ЗАТВОРИ во нејзините граници во која владее беда, сиромаштија, апашлук...едноставно речено во МИЗЕРИЈА, сеедно ми е што неговите ветувања стигнуваат до МЕСЕЧИНАТА, а се реализираат до првата кривина на Водно!
kiro SAD, 31.08.2012 15:33:55
Kompanijata na Gruevski ako misli deka e dobredojdena ovde vo SAD se vo golema zabluda, i na nas iselenicite ni e preku glava od anarhijata i maltretiranjeto na nasite familii vo MK. Osven so koruptivni nameri drug bisnis ne doaga tamu , normalno samo i ako samo ima zarabotka za mafijata vo MK.
do Petar, 31.08.2012 17:26:27
Koga zboruva Gruevski za zatvoranje na makedonskoto prasanje ne znaci pravenje otstapki.Znaci deka treba sosedite da ni go priznaat imeto,identitetot,jazikot.Toj ne igra po pravilata doneseni od nekoi mokjnici ako tie pravila ne se vo interes na Makedonija.Makedonskoto prasanje mora da se zatvori taka sto nasite sosedi ke ja prifatat realnosta.Ima nekoi drugi prasanja sto nekoi bez osnova gi nametnuvaat kako sto e nekakvo si albansko prasanje.
Gorila, 31.08.2012 21:51:52
Ova e kako prokaznata za golemiot brat (citaj gruevski) koj go branel pomaliot brat (narodot) od losite deca (grcite i ostali). Golemiot brat im veli na decata aj udrete go bratmi pa ke viditi i tie shlap go mavaat (no EU, no NATO) kutroto bratce, aj uste ednas da ve vidam pa ke vidite sto ke ve snajde i tie povtorno go pleskaat maleckiot i posle desetina pati povtorno udiranje maloto bratce (narodot) celo pomodreno mu vika na postaroto brace (gruevski) aman bre brate vise ne me brani.... :)

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 15°C

Делумно облачно

Понеделник
Ведро
Макс: 33°C, Мин: 13°C

Вторник
Сончево
Макс: 35°C, Мин: 14°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Финска - иднина без Нокиа
Финска е во ЕУ, има перфектен кредитен рејтинг од тројно А и флертува со излезот од еврозоната. Но, не е се’ така добро ...
Сакате да изградите вселенски лифт на Земјата? Почнете од Месечината!
Сонот за лифт што ќе не однесе во вселената трае повеќе од 50 години, Мајкл Лејн помина 11 години работejќи на остварува...
(ФОТО) Шеснаесет китови угинаа насукани на плажа во Шкотска
Силната плима „истурка" група од 26 китови во песокливиот брег на Северно Море, од кои 16 угинаа насукани на плажа....
Што стои зад спорот околу островите меѓу Кина и Јапонија?
Елементите на спортот вклучуваат една карта од динстијата Минг, американски договор и една фабрика за риби...
Класичните светилки отидоа во историјата
Со забраната Европа планира да заштеди околу 1 отсто од годишната потрошувачка на електрична енергија или тоа е производ...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |