Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
30.08.2012, 18:00

Едиторијал

Ќе одморат ли лопатите?

Гордана Дувњак

Две реномирани меѓународни организации по барање на македонските власти подготвија анализа на најновите законски измени во изборната регулатива, како и во нормативата што се занимава со финансирање на политичките партии.

Во заедничко мислење на ОБСЕ/ОДИХР и Венециската комисија, внимателно се сецира она што се нуди како ново решение. Истовремено, и колку од многубројните препораки што беа содржани во последниот конечен извештај за предвремените парламентарни избори во 2011 година се испочитувани во пишувањето на изменетите изборни одредби. Дали државата сериозно се зафатила да ги поправи недостатоците покажани на претходните изборни циклуси или, пак, само решила да ги нашминка старите изборни правила? Дали партиското финансирање ќе се стави под контрола и ќе добие на транспарентност или натаму ќе претставува „сива зона“ на испреплетени интереси?

Странските експерти очигледно и овој пат добро си ја завршиле работата. Пофалиле онаму каде што забележале дека се нуди извесно подобрување на законската регулатива. Но, многу отворено изнеле и низа забелешки на постојната норматива, кои ги сметаат битни за одржување фер и демократски избори.

Една од најкритичните точки што се посочува е статусот на кандидати од редот на носителите на функции. Практиката покажува дека доколку нивното дејствување пред избори не се регулира и казни прецизно, ги става во привилегирана позиција во однос на другите учесници во изборниот процес. Затоа, ОБСЕ/ОДИХР и Венециска комисија не случајно бараат јасно дефинирање на тоа што значи „техничка надлежност“ на кандидатите од редот на министрите.

Тоа е од особена важност, бидејќи на сите досегашни избори беше многу тешко да се разграничи каде завршуваат владините активности, а каде почнуваат партиските. Евтин партиски маркетинг и злоупотреба на функцијата со кои треба да ги убедат избирачите дека тие се единствениот и најдобар избор.

Буквално пред секои избори се повторува истото сценарио.

Ќе се растрчаат премиерот и целата влада низ земјата во последниот месец пред датумот на одржување избори. Фрчат лопати на сите страни, се копаат камен-темелници, се сечат ленти на фонтани и чешми неколкупати отворени, се најавуваат нови инвестиции... Од испразнетата државна каса се наоѓаат пари за пензионерите, поволности за студентите, па дури и за оние заборавени категории граѓани кои цел четиригодишен мандат го поминале во чекање да им се реши статусот. Да не го споменуваме користењето службени возила, кои како ергела се постројуваат пред секој партиски митинг.

Во документот има и конкретни препораки околу финансирањето на партиите, а се' со цел да се направи изборниот процес колку што е можно потранспарентен и поотчитлив.

Прашање е колку од овие конструктувни забелешки ќе ги вградат во конечниот текст на законот. Лошо би било доколку останат на хартија и послужат само како алиби дека се прави подобрување на законската регулатива и тоа со амин на странските експерти и во согласност со меѓународните искуства. Факт е дека секоја власт со тешко срце се откажува од привилегиите. На секој можен начин се обидува да ја искористи моќта на парламентарното мнозинство и токму во последната фаза да изгласа решенија кои се по нејзина мерка. Прашање е само како тогаш ќе се обезбеди широк консензус за изборните правила, кој нема да фаворизира една или неколку партии, но и да се прифатат изборните резултати. Не е лесно, но не и невозможно!


Статијата е прочитана 1069 пати.

Испрати коментар



Чекајќи абер од Америка
Остваруваме - во продолжение
Писма - „Пуси рајот“ бесповратно ја минаа границата
Катар е уште далеку



jovan, 31.08.2012 01:38:47
Koga lopatite ke stivnat, bi bil odlicen naslov za nekoj iden Makedonski film/triler vo koj ke bide opisano seto ona sto se ima slucuvano vo denesniov period.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 15°C

Делумно облачно

Понеделник
Ведро
Макс: 33°C, Мин: 13°C

Вторник
Сончево
Макс: 35°C, Мин: 14°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Финска - иднина без Нокиа
Финска е во ЕУ, има перфектен кредитен рејтинг од тројно А и флертува со излезот од еврозоната. Но, не е се’ така добро ...
Сакате да изградите вселенски лифт на Земјата? Почнете од Месечината!
Сонот за лифт што ќе не однесе во вселената трае повеќе од 50 години, Мајкл Лејн помина 11 години работejќи на остварува...
(ФОТО) Шеснаесет китови угинаа насукани на плажа во Шкотска
Силната плима „истурка" група од 26 китови во песокливиот брег на Северно Море, од кои 16 угинаа насукани на плажа....
Што стои зад спорот околу островите меѓу Кина и Јапонија?
Елементите на спортот вклучуваат една карта од динстијата Минг, американски договор и една фабрика за риби...
Класичните светилки отидоа во историјата
Со забраната Европа планира да заштеди околу 1 отсто од годишната потрошувачка на електрична енергија или тоа е производ...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |