Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
30.08.2012, 16:48

Постојат документи кој ја создал ВМРО-ДПМНЕ

Има само една вистина – партијата е производ на Движењето за обединување на Македонија, а нејзин основач е Драган Богдановски, тврдат некои од основачите од дијаспората

Даниела Трпчевска


Нека престане чукањето в гради кој ја формирал ВМРО-ДПМНЕ, оти постојат документи што докажуваат кој ја формирал партијата. Таа е производ на ДОМ – Движењето за обединување на Македонија, чиј претседател беше Драган Богдановски. Од него подоцна се формираше ДПМНЕ, како партија која беше иницирана во дијаспората. Шест месеци подоцна беше донесена одлука партијата да се прошири и во Македонија и тука да го продолжи своето дејствување. Со предлог на Борис Змејковски беше додаден префиксот ВМРО, по што се формираше ВМРО-ДПМНЕ. Борис Змејковски воопшто не фигурираше во првичната партија ДПМНЕ, која се формираше во дијаспората, и за тоа сведочат многу документи. Ова го тврдат заслужни членови на ВМРО-ДПМНЕ кои финансиски ја поддржувале партијата од дијаспората.

Соговорниците со кои разговаравме вчера, а кои инсистираат на анонимност, нудат серија документи и преписки меѓу основачите на партијата во дијаспората, во која во детали се образложува идејата за формирање на партијата, чекорите што биле преземени и притисоците на кои биле подложени идеолозите на ВМРО-ДПМНЕ, кои биле следени од тајните служби.

„Сите што учествуваа во формирањето на ДПМНЕ надвор од Македонија може да се каже дека се основачи на партијата, па и сите оние што биле на основачките собранија во земјава имале свој удел како основачи. Ако Љупчо Георгиевски и Змејковски биле основачи, тогаш зошто се одделија и формираа свои партии, кои немаа поддршка како што има партијата од која излегоа. Зошто не формираа партија со иста тежина или не го повлекоа членството од ВМРО-ДПМНЕ со нив? Тоа само укажува дека не била силата кај нив, или идеологијата им била погрешна“, коментираат дел од членовите на ВМРО-ДПМНЕ од дијаспората.

Според нив, најбитен документ што ги потврдува ваквите тези е писмото кое Драган Богдановски, основачот на партијата, го испраќа до Душко Дојчиновски на 1 февруари 1990 година. Во него тој го информира за постоењето на Демократската партија за македонско национално единство во дијаспората и за плановите таа да се прошири со дејствување и во Македонија.

„Во врска со илинденската партија за која зборуваш дека треба да ја создадеме, ние веќе надвор во емиграцијата ја создадовме таа партија под името Демократска партија за македонско национално единство, која наскоро ќе испрати службено барање до Собранието на Југославија, до Сојузниот извршен совет, до Собранието на Македонија, до Републичкиот извршен совет на СРМ, до Народното собрание на Бугарија, до парламентот на Грција и до владата, во кое се бара партијата да се конституира и внатре во сите три дела на Македонија и како ДПМНЕ да работи по парламентарен пат за македонското национално и територијално обединување“, се вели во писмото на Богдановски.

Тој истовремено информира дека ќе бараат од трите балкански влади меѓународна гаранција оти нема да бидат затворени функционерите кои ќе се вратат во Македонија за да ја конституираат и легализираат партијата. „Моето враќање назад во СРМ ќе зависи од процесот на демократизацијата и од одлуката што ќе ја донесе раководството на нашата партија која сега се конституира до сите земји во кои живее македонска емиграција“, пишува Богдановски, кој во прилог ја доставува и политичката платформа на ДПМНЕ која веќе била изработена.

Ваквата теза во своето писмо до јавноста ја изнесе и Гојко Јаковлески од Берлин, ��ден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ. „Со Драган Богдановски бевме блиски пријатели и соработници над пет децении, не' споија илинденските идеали за обединета Македонија. Во развојот на задграничните политички организации е значајно и тоа што во ресторанот ’Ново Скопје‘ во Западен Берлин во 1972 година, на средбата што ја имав со Благоја Шамбевски–Шамбе и Јован Гарвански, се договоривме партијата да го промени името од Ослободителен комитет на Македонија (ОКМ) во Движење за ослободување и обединување на Македонија - ДООМ. Меѓутоа, по грешка беше насловена со едно „о“ помалку и беше насловена во ДОМ. Подоцна оваа грешка беше исправена“, објаснува Јаковлески.

Тој додава дека во почетокот на 1990 година, Богдановски, кој живеел во Гетеборг, Шведска, му се јавил и го запознал со идејата за формирање на ДПМНЕ. „Откако добро размислив, ја прифатив идејата и по два дена му се јавив и му го соопштив мојот позитивен став. Средбата беше одржана во Минхен на 31 мај и на 1 и 2 јуни 1990 година. Покрај мене, на состанокот присуствуваа Драган Богдановски, Љупчо Георгиевски, Борче Змејковски и Владо Транталовски“, пишува Јаковлески.

И Богдановски барал Змејковски да биде исклучен од партијата

„Ве молам браќа и сестри да му дадете поддршка на претседателот Љупчо Георгиевски во неговите настојувања да го исчисти раководството на нашата партија од криминалните елементи од типот на Борче Змејковски кои ги користат своите раководни места за лични интереси“. Ова се наведува во писмото кое Драган Богдановски го испратил од Шведска до членовите на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје.

Во писмото понатаму се наведува дека Змејковски самиот се прогласил за генерален секретар на партијата и дека не бил избран на тоа место од ниту еден форум на партијата.

Некои од основачите на партијата од дијаспората тврдат дека станува збор за оригинална преписка во која се наведува сумата на пари кои од дијаспората биле испраќани во земјава и за партијата и на лични сметки на некои од членовите.

 


Статијата е прочитана 3332 пати.

Испрати коментар



„Паднала“ придавката македонски пред ракописите
Воениот врв падна во заседа
Груевски
Портрет - Илијаз Халими
САД ја помага довербата во Македонија кон институциите
Финиш на трката за градоначалници кај десницата



demokrat, 31.08.2012 00:56:15
Koj e ovoj film? Ne, toa ne e film, toa e shouto na DPMNE. Besplatno, so mnogu nepoznati licnosti koi nie imame zadaca da gi otkrieme i da im ja dodelime ulogata. Breee, skoro site akteri se zivi i pak ne znaat koj e osnovacot na DPMNE!? Zmejko saka slava, dijasporata ocigledno sonuvala nesto nejasno a nie sednati na strana gledame besplatna pretstava. Demek idejata na dijasporcite bila obedinuvanje na Makedonija, samo ne mi e jasno kakva vrska so ova imaat ilindenskite ideali, koga vo toa vreme Makedonija voopsto ne bila podelena. No, da gi ostavime osnovacite da si razmenat uste po nekoja replika, mozebi ke doznaeme zosto ne uspeale da ja obedinat Makedonija, a interesno ke bide da cueme koj kolku specalil vo periodot na prvoto vladeenje 98-02
CD, 31.08.2012 04:19:41
INFORMACITE VI SE TOCNI !!!! OD SIGURNI IZVORI!!!!!! GOPODINOT BOGDANOVKI ZIVESE 2 MESECI VO KANADA KAJ MENE !!!! POZDRAV DO SITE AKTIVISTI OD TOA VREME (znaete koj sum ) pozdrav cd
stojce bedelovski, 31.08.2012 05:25:38
da dragan bogdanovski bese toj sto bese prviot covec igo zapocna vmro
прашање, 31.08.2012 06:39:53
Зошто се посветува толку многу време на тоа кој биле тие личности со фикс идеи за обединување на Македонија кои формирале партија со име ВМРО-ДПМНЕ? Подобро е весникот да посвети повеќе внимание зошто партијата која е формирана со една таква неразумна цел - обединување на Македонија, на што актуелниот премиер Груевски го придодаде и откажувањето од нашиот словенски идентитет и прифаќање на за нас туѓ античкомакедонски, има толку голема популарност кај народот.
Александар М., 31.08.2012 09:47:28
До прашање. Умен човек не би поставувал такво прашање, туку би се потрудил да прочита малку историја.
Do prasanje, 31.08.2012 10:09:43
Do g-dinot koj postavuva prasanje : zosto edna takva partija koj pri osnovanjeto imala iracionalni i nerazumni cekli za obedinuvanje na trite dela na Makedonija i koja pokasno i se otkazala od svoite slovenski koreni , vo ime na poslavni anticki koreni, da mu odgovoram. Site siromasni narodi , ne samo po materijalni dobra , ami i po jasni ideoloski i nacionalni opredelbi , sakaat da sonuvaat ubavi i neostvarlivi sonista. Taka sonuvajci ja gubat granicata pomedju sonot i realnosta. Uste ako nekoi politicki sarlatani i manipulatori , dodatno formiraat ideoloski centri za pothranuvanje na tie lagi , togas narodot ce si ostane vo vecna letargija, dodeka tie manipulatori najbezocno se bogatat, koristejci go patriotizmot kako alatka.
mile, 31.08.2012 12:03:35
јас не гледам некој аир што што ја основале???????????
sloboda, 31.08.2012 13:04:46
Очигледно дека пост вмровските наследници неможат да се ослободат од тоа ЧКој е главен.Замислете Б.Змејковски осноцач.Младиот нараштај на ДПМНЕ треба да сфати дека неговите навидум основачи своевреме помалки или повеке работеа за службите на МВР.Не заради нивните патриотски туку заради на некои од нив и криминални досиеја.Ова препукување треба да престане во инетрес на ВМРО,а не во интерес на ДПМНЕ.Можат македонските кадри да се кочеперат колку сакаат но ДПМНЕ е формирана во странство,а не во македонија.Тоа што 90 сетите беше конјуктурно да се формираат партии заради промен ан политичкиот систем сега сите Вмровци и оние кои беа во левата опција сега ке се китат со туги перја.Вашиот идеолог и татко е Д,Богдановски.
BHC, 31.08.2012 13:23:10
DO *PRASHANJE*-Zatoa shto novokomponiranite anticki patrioti zhiveat vo fantazija.A za da zhiveat nekoj treba da pravi i da gi hrani so fantazija.I obratno,na fantazerite(osnovacite na VMRO) im treba narod shto ke gi golta nivnite fantazii.Shkolski primer na simbioza.Sepak treba da priznaeme deka osnovacite na VMRO nebile obicni fantazeri,tuku bile i mnogu hrabri.Oti golema hrabrost e da im napisis na nadleznite organi na YU,BG i GR deka ke dojdat da si go zemat svoeto i od tri da napravat edno.Ne so sila tuku po parlamentaren pat.Zatoa da ne gi tepaat oti nishto losho nema vo toa .Antickite,go izedoja ova ama kako volcite nikogas ne se nasitvaat.Nema problem, tuka e Antickiot im vodac.Majstorot za hranenje so antika,barok,nadvoresni i vnatresni neprijateli,ako treba i toj ke odi kurban za nivnoto dostoinstvo.Vlast dava,dostoinstvo anticko ne dava.Hrana dovolno da ja prezimat zimata.A naprolet ke svirat kako shturci.
В. Кратовалиев, 31.08.2012 14:29:36
Не е проблемот Борче Змејковски, туку *биографот* Синадиновски, кој преку синтагмата *целта ги оправдава средства* сака да го истресе наталожениот прав од себе, објаснувајки и на јавноста дека се уште е тука, па забегува во работи, кои не приличат ни на просечно образован. Инаку, ВМРО и Дамјан Груев си имаат свое место во нашата историја, а секое поистоветување со настани и личности од тоа време, во најмала рака е невкусно. Инаку, покрај иницијаторите од дијаспората, основачи на ВМРО-ДПМНЕ се сите учесници на собранието оджано на 17.06.1990г. во Домот на младите, а потпишаа пристапница.
aleks, 31.08.2012 18:28:39
a sto ne gi spomnete pravite Vmrovci od 1945pa navamu.Vo toj period glvi letaa za toa asega lesno e da se pravis VMROVEC
Struma, 31.08.2012 18:59:49
Mnogu,mnogu partii so zborovite VMRO, Vancovisticka li ,Todorovisticka li,Goceva li ,i.t.n. Abe ovie 4 bukvi se nasa istorija,i taka trebase da ostane. Ako nekoj e idealist za Makedonija pa neka napravi kulturna partija so jaka ekonomska programa ,so idei,za izlez od socijala,a ne VMRO,VMRO,........ Dali Bogdanovski ako napravese partija so drugo ime ke izlezese vo javnosta kako ideolog,?I dali treba da gi imame tie 4 bukvi za da ne brkame vo kanti za gubre.Abe dosta bese prepukuvanje koj e pogolem Makedonec,Daj da go najdeme klucot za izlez od krizata.
Mudriot, 31.08.2012 20:58:04
Do Utrinski, ako drzite do nekoe nivo ne mozete da objavuvate parcijalno delovi od dokumenti i da se povikuvate na anonimni izvori vo duhot na dobrata stara komunisticka tradicija. Se nadevam ke go objavite koentarov

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 19°C

Делумно облачно

Понеделник
Ведро
Макс: 33°C, Мин: 13°C

Вторник
Сончево
Макс: 35°C, Мин: 14°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Финска - иднина без Нокиа
Финска е во ЕУ, има перфектен кредитен рејтинг од тројно А и флертува со изле��от од еврозоната. Но, не е се’ така добро ...
Сакате да изградите вселенски лифт на Земјата? Почнете од Месечината!
Сонот за лифт што ќе не однесе во вселената трае повеќе од 50 години, Мајкл Лејн помина 11 години работejќи на остварува...
(ФОТО) Шеснаесет китови угинаа насукани на плажа во Шкотска
Силната плима „истурка" група од 26 китови во песокливиот брег на Северно Море, од кои 16 угинаа насукани на плажа....
Што стои зад спорот околу островите меѓу Кина и Јапонија?
Елементите на спортот вклучуваат една карта од динстијата Минг, американски договор и една фабрика за риби...
Класичните светилки отидоа во историјата
Со забраната Европа планира да заштеди околу 1 отсто од годишната потрошувачка на електрична енергија или тоа е производ...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |