Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
30.08.2012, 17:29

Воениот врв падна во заседа

Паралелизмот во ресорот одбрана, спуштен надолу од Владата, е уште еден болен показател за кревкоста на политичкиот систем

Наум Котевски


Можеби некому звучи пренагласено, но, навидум, конзервативната Македонија моментно живее период на нехиерархиско државно уредување. Разногласието во Министерството за одбрана околу сфаќањата за тоа кој и дали воопшто треба да понесе одговорност за положувањето цвеќе на споменикот на борците на ОНА во Слупчане е незапамтено во модерната политичка теорија, а богами ниту во практиката.

Деновиве, заменик-министерот за одбрана, Емил Димитрев, застана на едната страна од брегот, барајќи одговорност од четворицата униформирани лица кои беа заедно со министерот Фатмир Бесими во Слупчане, а на другата страна се стационира токму Бесими со ставот дека Министерството не гледа прекршување на процедурите. На едно островце во реката, секако, многу поблиску до брегот на Димитриевски, гордо застана претседателот и врховен командант на вооружените сили, Ѓорге Иванов. Тој побара професионална одговорност од униформираните лица, но не и политичка од Бесими.

Паралелизмот во ресорот одбрана, спуштен надолу од Владата, е уште еден болен показател за кревкоста на политичкиот систем, кој наместо во својата суштина да е развоен и да ја турка земјата напред, очигледно плански и систематски се уништува и умешно се претвора во декадентна творба. Подобро упатените во безбедносните структури на државата и личности кои биле на високи позиции во тој систем се запрепастени од она што се случува моментно.

„Досега не сум чул за нешто слично. Вакво нешто е лошо да се случи во Министерството за екологија, а камоли во еден ваков битен ресор од безбедносен аспект. Да биде трагедијата уште поголема, разногласието се случува по етничка линија“, вели Стево Пендаровски, советник за национална безбедност на претседателите Борис Трајковски и Бранко Црвенковски.

Според него, заменик-министерот во кој било ресор никогаш нема самостојна агенда и, како што додава, незамисливо е според законите и надлежностите да дејствува како што тој ќе си посака.

„Ова што се случува е опасна работа. Не дај Боже да има некаква безбедносна закана. Нема да знаеме кој, всушност, раководи со Министерството. Замислете да имаме ваков развој на настани во Министерството за внатрешни работи во момент кога се случува убиство како во Смиљковци“, се обиде да повлече паралела Пендаровски.

Според него, погубно е во моментов секој да се повлекува во своето партиско трло. „Заменик-министерот Димитриев, кому никој не му ја знае ниту бојата на гласот, а сега одеднаш преку државната агенција МИА дава изјави за Слупчане, и министерот Бесими се врзаа за своите партии. Практично, како дел од едно министерство тие не се во врска со своите претпоставени од Владата, туку се на линија со своите партиски шефови“, нагласува Пендаровски, кој смета дека кризата само се продлабочува.

Како покритие за тоа размислување, Пендаровски го посочи и поставувањето табли со имиња на албански личности на четирите основни училишта во општина Чаир (каде што градоначалник е Изет Меџити од ДУИ), без да добие одобрение од Министерството за образование.

„Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, вели дека таблите се ставаат бидејќи деновиве стартува учебната година. Но, сосема е јасно зошто се прави тоа токму сега“, смета Пендаровски.

Бившиот министер за одбрана, Владо Бучковски, кој раководеше со ресорот одбрана за време на конфликтот 2001 година, вели дека е недопустливо Армијата да се користи и да се злоупотребува за дневнополитички потреби. „Нарушена е строгата хиерархија. Точно се знае како функционираат работите. Нам наместо процедура, ни се случува политизација на начин незабележан досега. Во неможност да се побара политичка одговорност од министерот, се влечат потези што ќе ја интензивираат кризата“, резонира Бучковски.

Пендаровски и Бучковски сметаат дека претседателот Иванов повторно пропуштил шанса да покаже авторитет и самостојност во донесувањето на одлуките. „Како политичка личност, тој треба да се осмели и да го впери прстот и во министерот, а не само во униформираните лица. На крајот на краиштата, тој нема што да се занимава со нив. Тој комуницира со началникот на Генералштабот, кој, пак, има канцеларија до министерот Бесими“, посочува Бучковски.

Пендаровски, пак, е уште пожесток: „Класично политичко замешеталство. Претседателот влезе во трлото на ВМРО-ДПМНЕ. Тој мора, покрај на професионална, да повика и на политичка одговорност. Затоа што наредбата на униформираните лица да одат во Слупчане им ја дал Бесими. Но, Иванов веќе одамна покажа дека не е автентична политичка личност, туку функционира онака како што ќе му кажат“, вели Пендаровски.

Адеми: Владата функционира во полн состав


„Владата и коалицијата функционираат во полн состав“, изјави денеска министерот за животна средина и генерален секретар на ДУИ, Абдулаким Адеми.

„Сметам дека коалицијата и Владата функционираат во полн состав. Нема никаков застој. Како што гледате, имаме и редовни седници на комисии, на Влада и редовни активности на сите министерства, така што мојата констатација е дека Владата функционира во полн состав и коалицијата функционира исто така“, изјави Адеми.

 


Статијата е прочитана 2566 пати.

Испрати коментар



„Паднала“ придавката македонски пред ракописите
Груевски
Портрет - Илијаз Халими
САД ја помага довербата во Македонија кон институциите
Постојат документи кој ја создал ВМРО-ДПМНЕ
Финиш на трката за градоначалници кај десницата



jovan, 31.08.2012 00:15:57
Soznanijata za kilavosta na drzavata ne ne iznenaduva mnogu, narodot nekako mirno si go prima ova, a ova ne e veke na arno. Vladata na celo so VMRO prodolzuva da se brani od losite vesti so vrtenje vo krugot na sopstvenite apsurdi sto si gi proizveduva. Site nivni neuspesi i seto ona sto go upropastija go cuvaat kako najgolema vojna tajna, no realnosta se poveke i poveke gi razotkriva i demantira. Veke e se povidlivo deka drzavava ne funkcionira kako drzava, no se uste se obiduvaat da ne ubedat deka treba da se pravime ludi. Glaven garant za edna drzava deka e drzava e vojskata. Taka bilo od sekogas, taka e i denes, a taka ke bide i vo idnina. Dali e ova vojska i dali e ova drzava, veke e se posimptomaticno.
demokrat, 31.08.2012 01:05:59
Evaaaa.... sogragani moi, komu ste mu dale mandat da upravuva so drzavickata ni!? PS Velam ste mu dale, a ne sme mu dale, bidejki jas na poslednite izbori ne glasav.
Весна.С. од Прилеп, 31.08.2012 08:18:45
Во заседа е целиот народ ,а не само воениот врв.Од 1991 до 2001 плашеќи не со Милошевиќ и Грција Македонија и Мкедонскиот народ полека заслепени од визионерските политики на државотворците на сдсм и патриотите од вмро самите дозволивме да падниме во заседа.2001 год. беше болното освестување дека се наоѓаме во заседа ,а најстрашно е дека сеуште одиме на избори и гласаме за истите слепи водачи и мирно гледаме тв сапуници -можеби тогаш кога ќе немаме струја да ги гледаме на крајот сепак ќе се разбудиме.
Mile, 31.08.2012 09:06:13
Izjvatana Dimitriev e delo na vnatresnite sudiri vo VMRO i neoviot sudir so drzavniot sekretar Esmerov i drugi sudiri i podmetnuvanja tamu, a Diitriev nekoj go nateral da dade izjava.Koga Nikola ke s evrati ke gi rasturi tamu negovite funkcioneri oti toj ima dogovoreno so Ali edno, a tie rabotat drugo.
makedonec, 31.08.2012 10:19:55
Интересна работа.како вакви гафови се случуваат само во владењето на ДПМНЕ.Намерно или случајно.Да не се заговара некоја нова подебела криза во Македонија?А,што велите?Или научија од 2001 дека во криза се ствараат профити па сега ајде удри на таа линија.Од ова произлегува дека ама баш ништо нема да се случи.
pile, 31.08.2012 11:16:07
,,...Замислете да имаме ваков развој на настани во Министерството за внатрешни работи во момент кога се случува убиство како во Смиљковци“(s.P.).Toa nemozje da bide slucaj G-ne Pendarovski,sto se dokazja pri pres konferencijata vo vrska so grozomornoto ubistvo kaj Smiljkovci, vo prisustvo na trojkata i zamenik Monisterot koj e od DUI,vo edno site se slozjija deka se raboti za radikalen islam kako sto go okvalifikuva aktuelniot Minister za vnatresni raboti.Pokraj prethodnite niza slucai cie rascistuvanje od poveke krivicnopravni aspekti zasluzjuvaat dopolnitelno vnimanie,kako zaginuvanjeto mega zvezdata Tose,slucajot so novinarot Vlado Tanevski,ili t.n.`Raskolnjikov`,mlekarot Dusko,ili pravenjeto puzder vo institucijata so nezakoniti rasporeduvanja, za da odgovornosta se svede na Marija Jankulovska so merka rasporeduvanje (no sepak bodovite gi zadrzjuva), a za spektakularnite apsenja pred provladinite mediumi so nepocituvanje na covekovite prava, toa veke se vospostaveni normativi
Goce USA, 31.08.2012 13:06:40
Onoj Jovan od Blada go nema da napise nekoj pofalen zbor vo temite kaj sto e gusto... Isto kako i toj Feliks pred nego. A i sto ke napisat? I nim im e jasna rabotata veke - duri ne mozat ni da lazat poveke
Informiran, 31.08.2012 14:45:30
Mile, treses gluposti i pravis konstrukcii. Zamenikot minister i drzavniot sekretar imaat prekrasna sorabotka site vo ministerstvoto toa go znaeme. Reakcijata na zamenik ministerot site ja cekavme i poloso ke bese da premolci za nastanot. Ne se sekiraj za doverbata na Gruevski vo zamenik ministerot potseti se deka dva pati go postavuva na ovaa pozicija i kako kandidat za pratenik mu go donese najdobriot rezultat vo Makedonija na poslednite parlamentarni izbori. Celo ministerstvo i armija mu dava podrska
Bojan, 31.08.2012 15:19:08
Kaj gi najdovte strucnjacite za odbrana Buckovski i Pendarovski ? Ova e partiski pres na sdsm a ne objektivna analiza na sostojbite. Trebalo da prasate barem eden neutralen covek da imate razlicni mislenja. Moe mislenje e deka sme demokratska drzava i sekoj ima pravo na svoe mislenje pa i zamenik ministerot koj kako sto vidov cela strucna javnost go podrza. Site go osudia nastanot i logicno e da se pobara odgovornost sto ima tuka cudno. Pa zar ocekuvavte za slucajot slupcane ministerot i zamenikot da imat ist stav ? Onaka vo drugiot del od rabotata vrzan za nato i se ostanato gledam deka se maximalno koordinirani
anonimec, 31.08.2012 15:27:38
Pa kako sakate da reagira covekot. toa e sosema normalna reakcija na covek sto si ja saka svojata drzava bez razlika na koja funkcija se naoga. Ako ne ajde da si kutime i sekoj da si pravi po svoe. NE MOZE TAKA !! odgovornost mora da ima. A i kako sto znam i ministerot ne deluva spored toa kako ke mu tekne. Treba da pobara dozvola od vladata. A i dosta bese kutenje, samo popustame i popustame. E ne ide veke vaka.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 19°C

Делумно облачно

Понеделник
Ведро
Макс: 33°C, Мин: 13°C

Вторник
Сончево
Макс: 35°C, Мин: 14°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Финска - иднина без Нокиа
Финска е во ЕУ, има перфектен кредитен рејтинг од тројно А и флертува со излезот од еврозоната. Но, не е се’ така добро ...
Сакате да изградите вселенски лифт на Земјата? Почнете од Месечината!
Сонот за лифт што ќе не однесе во вселената трае повеќе од 50 години, Мајкл Лејн помина 11 години работejќи на остварува...
(ФОТО) Шеснаесет китови угинаа насукани на плажа во Шкотска
Силната плима „истурка" група од 26 китови во песокливиот брег на Северно Море, од кои 16 угинаа насукани на плажа....
Што стои зад спорот околу островите меѓу Кина и Јапонија?
Елементите на спортот вклучуваат една карта од динстијата Минг, американски договор и една фабрика за риби...
Класичните светилки отидоа во историјата
Со забраната Европа планира да заштеди околу 1 отсто од годишната потрошувачка на електрична енергија или тоа е производ...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |