Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
30.08.2012, 17:25

Груевски: Имаме најниски трошоци и нудиме милионски пазар

Во интервју за канадска телевизија, премиерот не негира дека земјава за годинава очекува раст од два отсто, што е помалку од планoвите во буџетот

Македонија има најниски трошоци за водење бизнис, најниски даноци, стабилна економска политика и ниска задолженост, а обезбедува и милионски пазар. Со вакви предности ја претстави земјава премиерот Никола Груевски, во интервју дадено за канадската телевизија „Бизнис Њус Нетворк“ во Торонто, каде што се наоѓа наша владина делагација која е во политичко-економска посета на Канада и САД.

„Се' што некој произведува во Македонија може да биде извезено во ЕУ без царински давачки, и од Македонија може да биде покриен пазар од 660 милиони луѓе. Друга важна работа што Македонија ја нуди се најниски трошоци за водење бизнис, не само даноци, туку се' останато. Не постои земја во Европа што нуди пониски трошоци за водење бизнис. Од друга страна, имаме висок потенцијал со голем број на високо образовани луѓе, подготвени да им се придружат на компаниите. Има стабилна пазарна економска политика, ниска задолженост од 28 отсто од БДП, ниска инфлација. Плус, ние имаме слободни економски зони што нудат специјални поволности за компаниите што доаѓаат. На пример, една од бенефициите е 10 годишно даночно ослободување за компаниите што инвестираат во слободните економски зони“, изјавил премиерот.

Интересно е што премиерот не го демантирал новинарското прашање „како земјата и' одолева на глобалната криза, а има најниски даноци и најавува за оваа година раст на БДП од два проценти“, бидејќи е познато оти во ребалансираниот буџет се проектира дека земјава ќе оствари економски раст од 2,5 отсто. Тоа беше причина дел од македонските новинари да прашаат од кога проекцијата за БДП е сведена на два отсто, и дали можеби, не е на повидок нов ребаланс на буџетот.

На ова прашање Груевски посочил дека причина за успехот се владините мерки за градење добра бизнис клима. „Откако започна глобалната криза презедовме серија мерки и се фокусиравме на тоа како да им помогнеме на компаниите, без оглед дали се домашни или странски, да го поминат ова време со што помалку штета. Како резултат на многуте реформи, нистите даноци, со еден проект Регулаторна гилотина со која скусивме многу бирократија, создадовме подобра бизнис клима. Како резултат на ова позицијата на земјата во изданието на Светска банка ’Дуинг бизнис‘ беше драматично подобрена“, рекол Груевски.

Прашан зошто Македонија сака да стане дел од ЕУ, во време кога таа се соочува со низа проблеми и не е ли подобро земјата да почека, премиерот е дециден дека споделуваме исти вредности. „Главно, наша стратешка цел е да се придружиме на ЕУ, пред се', бидејќи целиот регион каде што е Македонија, Балканскиот полуостров, се движи кон ЕУ. И добро е што тоа се случува, бидејќи ЕУ има подобри стандарди кои ние ги вградуваме во нашата земја и регионот. Има голема поддршка од фондовите на ЕУ за земјите што се приклучуваат на ЕУ, така што има многу причини. Ние ги делиме и истите вредности со западна Европа и тоа е една од причините зошто сакаме да сме таму“, истакнал Груевски. (Ек.Р.)


Статијата е прочитана 815 пати.

Испрати коментар



„Паднала“ придавката македонски пред ракописите
Воениот врв падна во заседа
Портрет - Илијаз Халими
САД ја помага довербата во Македонија кон институциите
Постојат документи кој ја создал ВМРО-ДПМНЕ
Финиш на трката за градоначалници кај десницата



Itar Pejo, 31.08.2012 00:05:00
Makedonija e vrata od pazar od 660 milioni potrosuvaci. Strancite ce proizveduvaat vo makedonskite slobodni zoni a potoa so magarinja ce ja nosat stokata po Evropa zatoa sto kaj nas nema ni avtopatista ni zeleznici.
цане Соколовски, 31.08.2012 04:00:58
Ова се бабини деветини! Добра бизнис клима?! Добра бизнис клима е кога имаш безбедна и сигурна земја, без етнички тензии и со почитување на законите. Кај нас нема ништо од тоа! Кога се однесува до даноците, порезите и таксите, колку што јас знам многу се ретки сиромашни земји каде тие се многу ниски! Лас Вегас на пример, нема такси. Македоинија има 10%. Навистина ниски! Ама што тоа значи! Кобајаги погодност за инвеститорот (за Македонските инвеститори овие погодност не важат), ама за држават тоа значи помалку пари за социјални програми, помалку пари за здравство и за образование! Се разбира има многу други!
Pejo Glupaviot, 31.08.2012 10:28:56
Gruevski im kazal se za biznis klimata, osven kolku e provizijata.
Крт, 31.08.2012 15:24:21
Овие од ДПМНЕ обезбедија таква бизнис клима како и природата ова лето. СУША на сите страни, ама ,,сушат,, и овие на власт. Сега кога ќе навалат господата од Америка да инвестираат кај нас, мислам дека следната слободна економска зона треба да се изгради на Марс .Овде, во Македонија повеќе нема место.
Joco, 31.08.2012 16:02:46
Do Itar Pejo Vaka slatko ne sum se iznasmeal od damna haha na magarinja velis ke ja nosat robata i toa na pazar od 660 milioni potrosuvaci.Od kade gi najde tie milioni potrosuvaci.Za magareto,za zal toa e golema vistina pozdrav od Stutgart
kris, 31.08.2012 16:33:52
Нудат милионски пазар на бедници и очајници............ секој втор дуќан е затворен, ете тоа е добра бизнис клима на ДПМНЕ-овците............. доволно е да им ги пуштат корумпираните инспектори и странците ВИД НЕ ЌЕ СЕ ВИДАТ............
Holandija, 31.08.2012 23:28:47
Pazar od 660 milioni luge ?! Sega sfakam zosto se ovie 1000 kamioni na avtopat vo Holandija....pa oni za Makedonija odele da tovarat roba! I sute krila izgradeni na sekoj kamion....zosto ? pa ke mora da letaat poradi toa sto avtopati nema vo Makedonija. a i sekoj kamion so dodatna prikolka...polna so evra. se prasuvam zosto...koga eden od soferite vika...ne se za danoci....danocite se mnogu niski vo Makedonija....tuku ova se evra za da platime mito da mozeme da tovarime....a dodatni ke ni pratat po Western Union...koga ke stigneme na granica...da platime da izlezeme! Zarem uste ima nekoj koj mu veruva na Gruevski na tie prikazni za mali deca ???!!! Da imase sram i samo mala pocit prema graganite na Makedonija.....nemase da se pojavi i ke si podnese ostavka.....

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 22°C

Облачно

Четврток
Делумно облачно
Макс: 31°C, Мин: 15°C

Петок
Делумно облачно
Макс: 29°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Мурси го враќа Египет на главната сцена
Мохамед Мурси презема стабилни чекори во новата надворешна политика. Многумина се изненадени...
Интелигенцијата веќе не постои во Европа
Интервју, филозоф Андре Глуксман (3) Францускиот филозоф смета дека ситуацијата во Европа е „вонредно вознемирувачка“. В...
Во Лондон се подготвува ретроспективна изложба на предмети на Дејвид Боуви
Комбинезонот на Зиги Стардаст и рачно напишани текстови се меѓу стотици предмети од сувенирите на британскиот музичар...
Таткото на модерниот индивидуализам
Светот годинава ја одбележува 300-годишнината од раѓањето на големиот Жан Жак Русо...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |