05.09.2012, 17:06 Мое ќоше
Е, кај се де оревите?
Ерол Ризаов
Бркнете подлабоко во скинатиот џеб, таму се де...
Конечно живна здодевниот парламент. Таму се случува нешто ново што го крева адреналинот. Сослушувањето на власта, седната на таканаречената обвинителна клупа на надзорната комисија, во нова сценографија: судница со навивачи, обвинители и адвокати, камери за потребите на врховниот судија - ТВ-гледачите го прави мошне интересен и возбудлив натпреварот меѓу власта и опозицијата.
До израз доаѓаат инвентивноста, сугестивноста, смислата за хумор, добрата глума, шармот, комуникациската култура, иронијата, цинизмот, ораторството и, конечно, досетливоста на учесниците во расправата и од двете страни. Разбирливо, секогаш е полесно да се поставуваат прашања отколку да се даваат одговори. Опозицијата обвинува, власта се брани и удира контри, таков е редот. Тука има и добри дриблинзи, дупли пасови, дијагонали и голови и автоголови, но има и тешки фаулирања, штипења, ниски удари, навреди, провокации и, се разбира, пенали. Публиката аплаудира, свирка, вика... се' е тоа дозволено во едно шоу кое дава прилог кон одзатнување на демократските славини кои се прилично затнати. Ова политичко-забавно реално шоу праќа и некои сериозни пораки.
Прво, се гледа колку многу недостасува вистинска дебата и колку се вратени назад демократските процеси. Оваа бенигна расправа еднаш на два-три месеци веќе се прикажува како агресивна, непријатна и некултурна, злонамерна и слично само за да се обезвредни една придобивка која треба да се пренесе и на пленарните седници на парламентот каде што одамна е задушена вистинската расправа со злоупотреба на процедурите, но најмногу со ароганцијата на мнозинството и со празната реторика, со здодевни апологетски наместени прашања од власта за власта.
Го прашува остро пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ премиерот што ќе преземе Владата за ланскиот снег... Или одговорот лани имавме повеќе пожари од годинава што е добар успех... Пратеничкиот состав во парламентот гледано индивидуално е навистина квалитетен, но јавноста има сосема друга претстава оти таму најчесто се удира празна слама. Тоа е така затоа што лесно се видливи стегите на Владата и партиите на власт врз пратениците кои не можат ни уста да отворат без наредба одозгора. Ни случајно не може да биде прифатен ниту еден законски проект на опозицијата, ниту еден нејзин амандман, ниту еден нејзин предлог или што било што доаѓа од противничките редови.
Во македонскиот парламент цели 21 година не слушнавме ниту една критика до Владата и до премиерот од пратениците на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ кога нивните се на власт. Кога би била барем малку независна и инвентивна Македонската телевизија, па да пушти од своите архиви само една, која било, расправа од македонското едноумно Собрание, убеден сум дека на многумина денешни демократи ќе им се крене косата на глава. Авторот на овие редови известувал од расправите во Собранието на Македонија во периодот на последните три социјалистички влади на премиерите Благој Попов, Драгољуб Ставрев и Глигорие Гоговски. Критиките упатени за работата на овие влади и премиери од пратениците на разните собраниски тела за денешниве демократски избраници на народот се мислена именка. Нема да претерам ако кажам дека острината на критиката и културата на дијалог тогаш беше на ниво кое денес е несовладливо за сите независни и самостојни парламентарни и владини состави.
Знам дека ќе се најдат политички археолози кои ќе ги објаснат злоделата на комунистите, но сите гледаме со свои очи дека денешните народни избраници ни на сон не смеат да упатат најблага забелешка за работата на својот премиер, за својата Влада, а да не зборувам што би се случило да изустат нешто како што тоа жестоко го правеа едноумните комунисти. Се разбира, се' уште не е измислен подобар политички систем од повеќепартиска парламентарна демократија, но Македонија не го доби тоа. Доби повеќепартиски парламент, ама не доби повеќепартиска парламентарна демократија. Сите тежненија одат кон ново едноумие, многу полошо од претходното.
Затоа прашањето на Игор Ивановски каде се оревите од наплатените субвенции кога документирано со фотографија покажува дека нива има, ореви нема е исклучително значајно. Не само затоа што некој партиски заслужен деец зел 50.000 евра субвенции, а не посадил ништо, туку затоа што Груевски вели дека за шест години поделил 500 милиони евра субвенции за земјоделците. Досега со тие пари требаше да израснат многу ореви. Требаше де. Е каде се оревите? Е каде се, де... Бркнете подлабоко во скинатиот џеб. Таму се де... |
|
Статијата е прочитана 2981 пати.
|
Испрати коментар
|
|
seirdzija, 06.09.2012 00:42:06 | Zatoa na Makedonija i treba pod ITNO specijalen sud.Ovakva li vlast zasluzuva Makedonija???So kakov mentalen sklop se ludjeto koi bez sram i perde javno sednuvaat na stolce i lazat za podatoci,brojki so cel da go sokrijat ukradeno.Erol vlasta ni e 99% sostavena od klasicni kleptomani,onoj 1% garantiram deka e patriotski,oti nemozat da ja mrazat drzavata koja tolko sirokogrado gi zadovoluva nivnite licni interesi..a mislam deka orevite se nasadeni samo se uste ne se niknati....a ke niknat koga onie zalni vrbi u vardar ke rodat grozje... |
| Маркос, 06.09.2012 01:16:19 | Авторот тврди:„Сите тежненија одат кон ново едноумие, многу полошо од претходното„. За какви тежненија станува збор, па едноумието, и тоа одделно во поедините партии, одамна е реалност. Токму на тоа се должи фактот да земјта има повеќепартиски систем и воедно партиска држава во најлоша смисла на зборот, во која учеството во власта е соодветно со резултатите на изборите. Впрочем, дали ви е замисливо некој член на коалиционите партии, ДПМНЕ и ДУИ, по било кое прашање - во политички тела или во јавноста - да има поинаков став од оној „креиран„ од лидерот и аминуван од неговите следбеници - партиски војници?
|
| jovan, 06.09.2012 01:48:04 | E pa sega koga veke doznavte sto e rabotata so orevite, valjda i svativte zosto e potreben *Goli Otok* od vremeto na komunistite. Ne deka toj sistem i komunistite bile idealni, imale i tie eden kup falinki, no znaele kako da se spravat so vakvi go**a. |
| BHC, 06.09.2012 01:55:45 | Lesno mozi da se najde kadese orevite,i toa do eden.Ednostavno da se ispita potekloto na imotot na subvencioniranite.A za toa treba da se osvoi vlasta.Iluzija e da se ochekuva sami sebe da si chepkaat vo dzepot.Lesno da se reci,teshko da se stori so ovaa nasha jalova opozicija.Mnogu laat malce kasaat.Ova so subvenciite,ne e mala rabota,naprotiv,odlicna prilika koja shto nesmeat da ja propushtat,i ako znaat dobro da ja iskoristat vo predizbornata kampanja,ke gi dobijat izborite.I ke ima chepkanje vo mnogu dzepovi. |
| USA, 06.09.2012 04:09:24 | Cela Makedonija e za toa da se sankcionira tamu kaj sto ima nepravilnosti. Ama ne na pamet. Ne so podbucnuvanja i paparazzi parlamentarci, tuku so dokazi kako vo sekoja pravna drzava so institucii. Ludjeto prestanaa da pijat nafta od devedesetite.........od taa svercuvanata....bez DDV. Se drugo e politika. |
| rezil subvencii, 06.09.2012 04:33:53 | Tragikomicna bese ulogata i odgovorite, posebno na Stavreski, Pesev., a posebno onaj Konjanovski. Fateni vo lagi ne znae sto da pravat. Vidi malkata si delele subvenci na svoi pajtasi, si proglasuvale zemjodelvci studenti na farmacija i sl., im delele subvencii na ludje koi motika vo raka ne fatile , i se razbira za seto toa stoela i odredena provizija.Abe za vakvi kako onie nasi Kina gi besi na ortoma ! A ovi gajle si nemaat. Kako da im e kradenjeto normalna profesija. |
| ФЕЛИКС, 06.09.2012 07:16:44 | Авторот е во право (по втор пат како и вчера)кога забележува одсаство на поинакво мислење па и гласање спротивно на ставот на владите за овие 20 год.Па така се присеќавам на оној фамозен изгласан закон за стечајци некаде 2005год. ако се сеќавам.Храбро изгласан а шефот на партијата на власт а тогашен председател на РМ одбива да го потпише.Тогаш пратениците уште похрабро го повлекоа и законот не виде бело видело.Е сега да прашам во ист стил како авторот.Каде е законот,е каде е.Инаку па од друга страна покорноста на пратениците можеби е разбирлива,оти во спротивно втор мандат може да го сонуваат или пак инсталирање на раководна функција во некоја установа.Па затоа ќути и пливај и не го тревожи партискиот шеф оти може да се повтори Бучковски. |
| Генерација 1982, 06.09.2012 08:48:21 | Јас не можам да знам како било порано во едноумието, но сигурно не било толку страшно. Можам да кажам за денес, кога секое едно помало место во МКД има градоначалник кој околу себе ги собрал исклучиво послабите од него, па така си ја штити суетата, така неговиот интегритет останува не загрозен. ОН е најпаметен! Во приватниот сектор, не постојат синдикати, не постојат инцијативи...некако секој си го чува лебот, но тоа е погрешниот начин. За парламентарците од власта, тоа да не збориме. Јас лично собранискиот канал би го забранил како ПИНК ТВ. |
| Orevite se tuka, 06.09.2012 09:12:01 | Erole, od Gruevski dobivme barem orevi, a od tvoj Branko dobivme ... |
| milan, 06.09.2012 09:18:00 | Kako vo skecevite na Cacko, kade e satelitskata? e kade e de! Kade se orevite? e kade se de .Pa koga ke go videte satelitot ke gi videte i orevite.Da se samo orevite. Bademarnik na nekogasniot ZIK IZVORSKI od Bogdanci kompletno isecen,i unisten vo poln rod.(Romite se istostija drva prodavajki) Nekoj e zel debeli subvencii, kobajagi nasadil tamo nesto.Mnostvo slicni zlodela ima narodot znae za toa ama ne smee da gukne od lokalnite moknici,koj se kako mecki zastiteni od ovaa kriminogena vlada. |
| Itar Pejo, 06.09.2012 10:29:57 | Nikedna vlast ne davala tolku subvncii za zemjodelieto a nikogas nemalo pomalo zemjodelsko proizvodstvo od sega pa zatoa i ФЕЛИКС se zbuni pa samo on moze da si go razbere komentarot. |
| Goce USA, 06.09.2012 13:32:03 | Vo zelba da se pokaze konstruktiven, demek eve za ova i ova ne ja poddrzuvam vladata, ovoj Feliks se izgubi veke. Nitu toj znae sto napisal, nitu nie mozeme da razbereme. A iskreno gi citame negovive postovi samo od seir. |
| kanagjanka, 06.09.2012 14:19:47 | `Секоја будала може да критикува и обвинува. Но потребни се карактер и самоконтрола за да ја прифатиш критиката и да простуваш...`и сигурно уште многу повисока свест од оваа што ја поседуваат нашите водачи. |
| respekt, 06.09.2012 14:32:21 | А кај се де рибите? Таму се де... Во комшии еден познат ДПМН-евец со багер поред рекичката ископа базент за рибник. Ги лапна парите од субвенцијата а риба никој не виде. Во шега го прашуваме кога ке јадеме риба а тој одговара, нема мачката ги изеде. Ете де... кој ке рече дека мачка риба не јаде.П.С. Овие од власта се мајстори за сеење на магла, затоа и во неа најдобро се снаогаат. |
| А,оревите каде се , де?, 06.09.2012 15:46:54 | Феликс е тотално збунет , не само за ова.За секоја тема неговиот коментар е: „А вие што им правевте на Црнците“! А,оревите се тука , еве се јави оној од дпмне „ оревите се тука“! Кај дпмневчињата се , де! |
| memoriska karticka, 06.09.2012 16:01:26 | Cudni se memoriskite karticki na poedini komentatori. Tie se kobajagi objektivni, i ce recat so polovina usta deka i ednite i drugite vo sustina se isti ili barem slicni. I kako primer se posocuva nastan od pred desetina godini. Taka za da mu pomognam na FELIKS bi go potsetil deka vo segasnosta postojat bezbroj primeri za uste poeklatantna poslusnost na liderot a bogami i kazna za neposlusnite. Primer: Kako ilija Dimovski postavuva prasanja vo parlament??? I koj poloso zavrsi Buckovski ili Boskoski???? |
| Пензионер, 06.09.2012 22:34:39 | Драги Ерол,
со големо задоволство ги читам твоите ќошиња.Поставуваш многу прашања но одговори нема како за се друго во државата.
Што се однесува до оревите,прашањето што го пос��ави Ивановски во Спобранието,а го поставуваш и ти,одговорот според мене е јасен.Оревите се во гласачките кутии на ВМРО. На секои избори за гласачите на ВМРО ‘‘трпезата мора да биде богата‘‘,се разбира со туѓи пари.Нови избори ќе има кога ќе се продаде ЕЛЕМ,бидејќи други пари нема! |
| sto ubavo bese, 06.09.2012 23:22:46 | odlicen tekst Erole kako i sekogas objektivno i pravo vo centarot a nastrana od toa sto fino i ubavo bese dodeka ne moravme po komentarite da srekavame nekoi poznati spineri od tipot na telencevo feliks toj gresniot si stavil vo glava deka na sekoj dobar tekst mora da vrati so nekoj spin i gotovo ke gi zamae na site ama sto da se pravi na fakultetite od negoviot glaven predmet e spinuvanje nisto poveke duri i izbornite se spin spin i samo spin
|
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 19°C
Делумно облачно
|
Петок
Ведро
Макс: 28°C, Мин: 11°C
|
Сабота
Сончево
Макс: 31°C, Мин: 13°C
|
|
|
|
|
|