Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
05.09.2012, 18:07

Глобалист

Дали ви е подобро?

Љупчо Поповски

Зошто кај нас во политиката е ужасно тешко да се постават едноставни прашања? Зошто политичарите мислат дека само со големи теми можат да ги освојат срцата на гласачите?

Не, не е ова прашање што одѕвонува на македонските плоштади за време на опозициското работно лето. Опозиционерите поставуваат слични прашања, но никако да ја погодат сржта.

Ова едноставно прашање од пред неколку дена го поставуваат републиканците во Америка и го доведоа до очај кампот на претседателот Барак Обама. Цела машинерија на спин-доктори, пропагандисти, пишувачи на говори, доверливи советници не можат да најдат соодветен одговор на прашањето: „Дали ви е подобро сега отколку пред четири години“. Анкетите би требало да дадат одговор затоа што, според нив, повеќето Американци веруваат дека Обама ги наследил економските проблеми од својот претходник Џорџ Буш и неговата вина не е толку голема. Но, вистинскиот одговор е речиси невозможна мисија.

Ова прашање не е провидение на штабот на Мит Ромни. Тие само повторно ги искористија зборовите на предизвикувачот Роналд Реган од телевизиската дебата во октомври 1980 година со претседателот Џими Картер кога ги запраша избирачите: „Прашајте се себеси, дали ви е подобро сега или пред четири години. Дали ви е сега полесно да отидете во продавница и да купите работи или тоа беше пред четири години“. Реган победи полесно отколку што очекуваше. Мит Ромни сега очекува да се качи на истиот воз.

Зошто кај нас е ужасно тешко да се постават вакви едноставни прашања? Зошто политичарите мислат дека само со големи теми можат да ги освојат срцата и особено рацете што пишуваат на оние што одат на гласачките места. Зошто мора дебатата да биде за епски прашања – да се спречи некој да го гази достоинството на народот; потоа, народот ќе ја згазел забеганата власт и ќе си дошол по своето; запенети говорници обвинуваат дека другите биле повеќе корумпирани... Македонија не успеа да излезе од реториката која се повторува како вергл 20 години. Политичарите не можат да се променат и вложуваат енормни сили во својата школка да ги вовлечат сите граѓани.

Што значат оние постојани повторувања од лидерите на ВМРО-ДПМНЕ дека ние сме биле светски реформатори, а тоа ни го признала и Светска банка; дека онаа стоглава ламја што ја викаат „светска економска криза“ била виновна за сите нивни неуспеси; дека инвеститорите чекаат на последната бензиска станица пред нашата граница и само што не' нагрнале кај нас; дека земјоделците добиле стотици милиони субвенции... Опозицискиот гуру, Бранко Црвенковски, со повиците од фолклорен тип „Ајде Никола... да излеземе на мегдан“ (сеедно каде, дали во телевизиско студио или на избори) сака, конечно, да докаже дека тој е Вајат Ерп на политичката сцена; со луцидни забелешки како „Никола Груевски се подготвувал за компромис за името... Република барокна Македонија“, кои на прв поглед звучат убаво во жештината на ноќта, а утредента потонуваат како сонцето што се дави во морето.

Зошто дома кога седат сите ги проколнуваат регулаторите и оние што им ги даваат наредбите, зошто кога со секое ново поскапување на комуналните трошоци им се крева косата на главата, не сакаат отворено да кажат дека во Македонија е потребен сизифовски напор да стигнат на долниот праг од чесниот живот? Зошто ги гледаат телевизиските вести секој вторник навечер за да дознаат колку души излегле на протестите на „Аман“ и внатре во душата ги храбрат другите да ја завршат нивната работа. Опозиционерите поставија премиса која не е целосно вистинита – дека народот е исплашен и дека некој треба да им го земе стравот: кој ако не тие. Врз таа премиса од ден на ден ја градат нивната стратегија. А во исто време во анкетите близу 70 отсто од граѓаните одговараат дека Македонија се движи во погрешна насока. Бесмислено е да се каже дека оваа владејачка гарнитура не се служи со притисоци од секаков вид – подземни и јавни, на работните места и меѓу пријателите; но, исто така, бесмислено е да се каже дека стотици и стотици илјади луѓе се треселе од страв да не ги стигне долгата рака на партијата.

Затоа опозиционерите треба да се запрашаат прво себеси дали ги поставуваат вистинските прашања. Земето го само последниот случај – премиерот Никола Груевски веќе втора недела е во Америка, оди од конвенција на конвенција на американските партии, беше на три различни средби со иселениците (прво во Канада, па во САД, па пак во Канада), од бизнис-форумите не може да чуеме никаква подетална информација (па дури ни име на некоја компанија) освен вообичаените флоскули за предностите на нашата економија. Неговата земја за тоа време е речиси парализирана – сите чекаат да видат што ќе се случи со Владата. И тука има конвенции, како онаа на отворањето на училиштето во Џепчиште. Владините службеници одговараат дека коалицискиот кабинет функционирал под конец (само неколку дена откако премиерот изјави дека цела година партнерите тешко се разбирале).

Зошто опозицијата не може да ги постави вистинските прашања во една ситуација добредојдена за неа, а премногу деликатна за оние што се на власт? Се плаши дека би можеле да бидат повторно свикани брзи предвремени избори? Ако мисли така, тогаш и можните избори напролет ќе бидат агонија за неа како и сите други овие шест години. Го оставаат премиерот Груевски да се пече на тивок оган и чекаат ДУИ да направи некој коперникански пресврт? Тоа е и наивно и неодговорно доколку сакаат да се претстават како партија која извлекла поуки од драматичните порази и која бара од македонските гласачи да и' веруваат. Во која било земја, ваква десетдневна турнеја од кинески тип од времето на наследниците на Мао, во ситуација кога поради исчекувањето на разврската се' е застанато, треба да си многу политички неопитен за да не ги поставиш вистинските прашања. Она прашање од насловот на текстот не се однесува само на економската ситуација, туку и на политичката стабилност на земјата, нејзиното место на европската политичка маса, на чувството на одговорноста на политичарите кон проблемите на државата.

Тоа е и данок на затвореноста на малава Македонија во последниве 20 години. Тоа е и данок што сакаме да вревиме дека сме Европејци, а сме светлосни години од европскиот дух, од обичниот европски граѓанин. Станавме како искршен брод што плови на Пацификот, без офицери и без кормило.

Во понеделникот кандидатот за потпретседател на републиканците, Пол Рајан, кажа една реченица која ги доведе до ужас демократите: „Претседателот може да каже многу работи, но тој не може да каже дека сега ви е подобро“. Конвенцијата во Шарлот, што започна вчера, го фрли во заборав мотото од 2008 година: „Да, ние можеме“. Американските аналитичари велат дека политичкиот одговор на демократите е во насоката – „Да, ние мораме да се провлечеме“. Премиерот Груевски е и на оваа конвенција – во Тампа ги гледаше блиските републиканци како најавуваат поход за реинсталирање на капитализам наменет само за богатите, а во Шарлот гледаше како се гради политичка архитектура за да се остане на власт. Ако не биле посетите само за сликање, можат многу работи да се научат. А дома? Дома нека се тепаат за бранителите, нека врие грозјето во приколките, нека се менуваат имињата на училиштата, нека грми опозицијата, и така не фрла молњи. Такви се времињата, а и таква е државата – нема кој да го постави вистинското прашање.


Статијата е прочитана 1475 пати.

Испрати коментар



Бриши-пиши ЕУ
„Манаки“ - на прав пат
Е, кај се де оревите?



jovan, 06.09.2012 01:26:49
Narodot ne veruva vo nikogo, ni vo Vlada ni vo opozicija, i za sve i za sekogo se somneva, a vo takva situacija nikakov organiziran otpor ne e vozmozen, a so toa i nikakvi promeni ne se vozmozni. Na delo e klasicnata prikaska za Kurto i Murto, sto go doveduva ovoj narod vo potpolna beznadeznost i nezainteresiranost pa gi tera na samosnaogjanje ili beganje od ovde. Posle ova, mozat da se slucat samo dve stvari: 1.Ili narodov da se probudi, sozree i stavi kraj na detskite bajki i gi napolni zatvorite. 2.Sigurna i brza propast. Ako odime kon 2. togas izbori nema da ima, ke ni se sluci nekakva siroka koalicija/tehnicka Vlada, ke se zabusotkaat site kriminali koj se pravele i.... fajron. Zavrsena prikaska. Makedonija ke stane necii protektorat/gubernija, ili nekoj nov Liban vo koj site ke baraat svoja teritorija.
Round show, 06.09.2012 04:48:09
Vo SAD , a i vo povece zapadni zemji TV duelot na kandidatite , pred izborite e zadolzitele. ASma Gruveski se plasi od TV duel , kako davolot od krst. Toj si odi i dava intervjua na odnapred namesteni prasanja , kaj Milenko , kaj Latas, kaj Janko Buregdjija i eve ni e merakli na vakvi round show-ua.A za takvi prasanja sto ima da postavuvame , koga Gruevski ni kazuva deka najdobro sme ziveele?
ФЕЛИКС, 06.09.2012 09:48:23
Би се навратил на она круцијалното на авторот,,зошто опозицијата не може да ги постави вистинските прашања во една добредојдена ситуација за нив,,е не може оти со ист партиски багаж и со ист лидер и иста ескорта околу него изборно се нижат неуспесите.Па не се оние од западниот политички свет толку неписмени да по секој изборен пораз губитничката политичка опција прави внатрепартиска реконструкција од лидер па надолу.Па така трансформирани и освежени постојано нудат решенија и идеи за надминување на тамошните ситуации а проткаено со повик на вонредни избори.Е тоа кај Шатевци го нема во ниеден поглед.Ист лидер-губитник,исто губитничко опкружување,немање никаква економска програма,повик на избори никогаш и т.н.Но затоа се ептен луцидни во политичко ,,млатење празна слама,,
milan, 06.09.2012 10:04:39
Golem si vo ocite na ovoj narod ako iskazuvas teski i nerazbirlivi filozovski misli.A ednostavnite prasanja koj zivot znacat se zapostaveni,kako na primer:poskapuvanjeto na mnostvo prehrambeni artikli, struja,parno,gorivo isl.Ke naucime koga ke ni dojde noz do kosku sto bi rekla Kumanovskata stecajka. POZDRAV.
Do Feliks, 06.09.2012 13:43:02
Dosta se penavis za opozicijata. Nikoj nea ne ja spomna! Dosta sekoj post ti e za Branko i kompanija kako tie da ja vodat drzavava! Za toa sto ne cinea bea smeneti pred mnogu godini. Ottogas bagrava tvoja uspesno hja vodi drzavava! Zatoa i ke bidat nagradeni naskoro!
BHC, 06.09.2012 14:17:57
Opozicijata treba da go prasuva narodot koga mu beshe polosho,sega ili lani,vchera ili denes,lanskata zima beshe polosha ili ovaa shto doaga ke bidi polosha.Odgovorot na narodot se znae:se polosho i polosho od vcera a kamoli od lani.Zatoa,ne samo da prashuvaat,tuku i da imaat reshanije na nivnite prashanja.Nashata opozicija nema reshenie da mu ponudi na narodot.
do FELIKS, 06.09.2012 15:06:30
Kaj nas, sekogas i sekoj lider ke bide gubitnik, ako izborite se *demokratski i slobodni* kako sto bea ovie (osobeno ) poslednive! *Tvoite Shatevci* kako sto ti miluvash da gi nareces, ostavi gi da si go reshavaat problemot za liderstvo vo nimnata partija, iako na site *pomarandzesti* njmnogu bi im odgovaralo da go nema, neLIDEROT, tuku BRANKO. Vo taa Gebels propaganda, na P R kukjata na VMROcite, mora da i se *simne kapa*, odlicno raboti i gi pali naivnite ovcici, bez oko da im trepne deka so taa *pouka* sto ni ja davaat/ DAVASH,ke gi izgorat definitivno i ovscite i ovnite !P.S.Ne stavi vo gajle, edno vreme go nemase *ghlasnogovornikot *, pa si islevme deka zaedno so Bicikliski, ke isceznat definitivno....
respekt, 06.09.2012 15:50:40
Разликата е во тоа што кај нас овоа прашање нема исто разбирањ како во Америка. Кај нас партијата на власт не работи за општо добро на ГРАГАНИТЕ туку само за добро на ПАРТИСКИТЕ ВОЈНИЦИ. (вероватно цени дека така полесно се останува на власт) Од највисоките до најниските ешалони на партијата се делат највисоки функции и вработувања, до најситни услуги на своето членство како давање на социјана помош, упис на факултет, прием во студенски дом и сл. Во таква ситуација како ке одговорат ГРАГАНИТЕ на Македонија на поставеното прашање?Тие што не се со партијата на власт ке одговорат дека не живеат подобро и не очекуваат дека ке биде подобро.Тие што се со партијата на власт ке одговорат дека им е подобро, па макар и со една врека брашно.А тоа што земјата ни оди во амбис-сите сме индифирентни. И соучесници.
baltazar, 06.09.2012 16:14:59
Gi citam komentarive i se cudam kako nekoj nemaat poim sto sodrzi tekstov.Pa taka nekoj pisuva da ne se rabotelo za nasava opozicija a avtorot se prasuva zosto ne ja biva opozicijata tuka da se nametne.Pa zatoa im poracuvam ciotajte go prvo napisot a ne komentatorite,oti taka epten deluvaat zabegano.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 20°C

Делумно облачно

Петок
Ведро
Макс: 28°C, Мин: 11°C

Сабота
Сончево
Макс: 31°C, Мин: 13°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Меѓународната вселенска станица поправена со четка за заби
Станицата што чини стотици милијарди долари двајца астронаути ја спасиja со помаш на четка за заби од три долари...
Скелет на диносаурус е Франкенштајнски амалгам
Дали коските на Tyrannosaurus rex се прошверцувани од Монголија и споени содруги фосили...
Мурси го враќа Египет на главната сцена
Мохамед Мурси презема стабилни чекори во новата надворешна политика. Многумина се изненадени...
Интелигенцијата веќе не постои во Европа
Интервју, филозоф Андре Глуксман (3) Францускиот филозоф смета дека ситуацијата во Европа е „вонредно вознемирувачка“. В...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | З��бава | Хороскоп |