05.09.2012, 13:57 Ромпуј: Името ќе отвори многу врати
Претседателот на ЕУ му порача на Иванов иднината на Македонија е во Унијата, но прво да се реши името
Херман Ван Ромпуј порача дека европската перспектива на Македонија ќе се оствари откако ќе се реши прашањето за името со Грција. Првиот човек на Европскиот совет денеска се сретна со македонскиот претседател Ѓорге Иванов во Брисел. Ромпуј потенцираше дека иднината на Македонија ја гледа во ЕУ и изрази надеж да види напредок на Македонија и целиот регион како кон Унијата.
Двајцата политичари се согласиле дека е од исклучително значење Македонија да остане силно фокусирана на патот кон ЕУ, а била потенцирана и важ��оста која за европската перспектива ја има Пристапниот дијалог на високо ниво меѓу македонската влада и Европската комисија. Ромпуј ги поздравил спроведените реформи и охрабрил да се продолжи работата во секторите кои беа критикувани односно слободата на изразување, изборната реформа и меѓуетничките односи. „Внатрешната стабилност и помирувањето за ПЈРМ, но и за регионот, остануваат најважни сегменти. Сакаме целосна имплементација на Охридскиот договор и силно го поддржуваме духот и словото на овој договор, кој е од суштинско значење за демократијата и владеењето на правото“, истакнал Ромпуј.
На средбата станало збор и за прашањето за името, при што Ромпуј упатил порака Македонија и Грција да продолжат со преговорите за наоѓање заеднички прифатено решение. Било нагласено дека треба да се обрне внимание на добрососедските односи. „ЕУ останува целосно посветена на европска иднина на ПЈРМ и ја поздравувам силната јавна поддршка за ЕУ во земјата. Затоа сум убеден дека целта ќе ја постигнете откако ќе се реши прашањето за името“, изјави Ромпуј, додавајќи дека тој е подготвен да помогне, но дека е потребно е да бидат исполнети и неопходните реформи и критериуми. На ова претседателот Иванов потенцираше дека очекува помош од ЕК и ЕП, односно ЕУ да направи се што е во нејзина моќ за да помогне за Македонија да добие датум за пристапни преговори до крајот на 2012, бидејќи тоа би било во корист и на регионот и на Грција. Претседателот упатил и отворена покана до Ромпуј да ја посети Македонија идната година и да присуствува на состанокот на Процесот на соработка во Југоисточна Европа во Охрид. Ромпуј на крајот на неделата заминува во Атина каде ќе има средби со грчкиот државен врв.
На средбата со Ромпуј и претходеше средба со претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц. По првата официјална средба со Иванов, Шулц најави дека ја прифатил поканата на Иванов наскоро официјално да ја посети Македонија. Шулц покажа разбирање за Македонија и проблемите со кои се соочува на патот на нејзиното членство во ЕУ, но и за Грција кој е дел од прашањето за името. „Знаеме со кои пречки се соочува вашата земја, но ја знаеме и ситуацијата на Грција. Новата Влада во Атина се соочува со големи економски и административни проблеми. Јас му посочив на Иванов дека неговата земја е симбол на мултиетничко општество и нам во ЕУ ни давате надеж со тоа“, одговори Шулц на прашање дали ЕП има механизам и волја да го деблокира процесот за евроинтеграција на Македонија и да ја натера Грција да не го блокира влезот на Македонија во ЕУ. Иванов на прес конференцијата му се заблагодари на ЕП за посветеноста на користењето на придавката „македонски“ во извештаите за Македонија. (Н.Р.)
|
|
Статијата е прочитана 1204 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Trajce, 05.09.2012 16:23:54 | G. Rompuj ne mozi da ste olicetvorenie na demokratijata a istovremeno da baraate da go resime sporot so Grcija toa e licemerie vo najgruba forma |
| Руси и Кинези, 05.09.2012 16:38:15 | Кога не` бркаат од ЕУ, апла, што не се здружиме со Руси и Кинези - очевидно не` нејќат, а Грците се многу силни. Ем им даваат пари ем Кипар го тутнаа во ЕУ, а е азиска земја... не ни е нам друштвото таму. |
| kurir, 05.09.2012 16:38:33 | I ke zatvori mnogu vrati..... |
| pile, 05.09.2012 17:24:43 | Go ohrabruvam Pretsedatelot na Republika Makedonija po vrakanje od Brisel da gi prevzede neminovno potrebnite cekori kako vo nadvoresnata politika vo odnos na definiranje na znacenjeto na izjavite na G-din Samaras za baranje na soodveten sogovornik za nadminuvanje na nametnatiot spor.I da ne se plasi deka prstot ke bide nasocen kon liderot na DPMNE kako ocigledna glavna precka so izjavite od tipot,VS e zjiva katastrofa, ili i Nimic ceka datum od Grcija,ili ako sakaat Grcite na celo neka im gi lepat nalepnicite na Makedonskite gragjani so FIROM i slicno, taka i vo odnos na iznaogjanje resenie za funkcioniranje na stabilna Vlada i sproveduvanje na potrebnite reformi, odnosno da go zeme primerot na eks Pretsedatelot Boris Trajkovski koj vo teski vreminja go dokazja svoeto liderstvo.Vo sprotivno sostojbite samo mozje da se radikaliziraat na sekoj plan a najveke na vnatresen, a odgovornosta vo nikoj slucaj nemozje da se locira kaj gragjanite tuku vo Vladeackata garnitura.Na poteg e Pretseda |
| и што сега?, 05.09.2012 17:58:53 | Што воопшто се измена во односот на ЕУ спрема Македониаја? Што ако Филе изговорил Македонија ,македонци кога сите услови за прием на Македонија во ЕУ остануваат исти? Што ако Филе изговорил Македонија и македонци и македонски кога услов за прием на нашата земја и понатаму остоанува решението кое преку преговори со Грција треба да биде постигнато?Што толку се радуваше Слободанка Јовановска? |
| Neprostenkov, 05.09.2012 22:04:25 | Сакаме целосна имплементација на Охридскиот договор и силно го поддржуваме духот и словото на овој договор, кој е од суштинско значење за демократијата и владеењето на правото“, истакнал Ромпуј.
Gos.Rompuj !Go podrzuvate Ohridskiot dogovor,a go ignorirate dogovoro shto Grcija go potpisa da ne ja blokiraR.Makedonija vo NATO i EU pod Referencata F.Y.R.of MACEDONIJA( dobro znaete i sdski e dokazano) |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 19°C
Делумно облачно
|
Петок
Ведро
Макс: 28°C, Мин: 11°C
|
Сабота
Сончево
Макс: 31°C, Мин: 13°C
|
|
|
|
|
|