07.09.2012, 13:57 Израелски велосипедист тешко повреден на Бистра
Израелски турист е тешко повреден при пад во бездна на планината Бистра. Несреќата се случила вчера, која Израелецот спуштајќи се со велосипед по планинска велосипедска патека во Националниот парк „Маврово“, загубил контрола и се струполил во бездната длабока 5,6 метри. При падот се здобил со тешки повреди на грбот.
Шеесет и осумгодишниот Ј.А. заедно со група од 20-тина туристи од Израл, завчера со велосипед од село Леуново тргнале на прошетка низ планината Бистра. Во непосредна близина на едноседечницата на Скијачкиот центар „Заре Лазаревски“, изгубил контрола и паднал во длабока бездна. Од ударот на карпите и камењата доби�� тешки повреди. На повредениот веднаш му била укажана прва помош од лекарска екипа на туристичката група. Поради сериозноста на повредите со хеликоптер на МВР, израелскот турист бил пренесен на лекување на скопските клиники. Полицијата изврши увид и се работи на расветлување на сите поединости. (К.К.)
|