05.09.2012, 13:02 Пијан возач усмрти пешак во Куманово
Шеесет и шестгодишна жена загина во сообраќајна несреќа што се случи вчера околу 16,40 часот на улицата „Ѓорче Петров“ во Куманово. Како што соопшти МВР, 23-годишно момче од селото Тромеѓа, управувајќи „фолксваген голф“, удрил во Јаготка С. (66) од Куманово, која починала на самото место. Подоцна, на возачот му се измерени 2,19 промили алкохол во крвта. Надлежните го расчистуваат случајот. (Г.А.)
|