04.09.2012, 15:06 Во сообраќајка во Мароко загинаа 42 лица
Четириесет и две лица загинаа во синоќешната сообраќајна несреќа што се случи во планинскиот регион јужно од Маракеш.
Тоа е најтешка сообраќајна несреќа што досега се случила во Мароко. Во несреќата повредени се 25 луѓе, од кои четворица се во тешка здравствена состојба.
Сите жртви се Мароканци. Автобусот паднал во 150 метри бездна, додека се движел по националниот пат во провинцијата Хауз, стотина километри јужно од Маракеш.
Мароканскиот крал Мохамед Шести изјави дека државата ќе ги плати погребите за загинатите лица, како и здравствените трошоци за повредените.
Во Мароко секоја година во сообраќајни несреќи гин��т 4.000 луѓе. |