05.09.2012, 13:47 Јанкулоска: Не ги коментирам обинувањата за тендерот за полициски возила
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска не ги коментира меѓусебните обвинувања на компаниите Ка–дис и Порше Македонија за тендерот за набавка на 150 возила за МВР.
- Во конкретниов случај, ние сме краен корисник, што значи дека не сме директен учесник во постапката и од таа позиција ние сме задолжени да ги почитуваме насоките, законот и одлуките на институциите кои се надлежни. Како МВР, во целост ги испочитувавме сите овие аспекти на постапката, односно постапивме онака како што добивме насока од Бирото за јавни набавки, како единствен надлежен орган и институциј�� во чија сопственост е системот за електронски јаввни набавки, изјави Јанкулоска по потпишувањето анекс од Меморандумот за соработка меѓу МВР и Европскиот студент за стипендирање на вработени во МВР на Катедрата за безбедност при овој универзитет.
Факт е дека во јавноста, како што рече, почна „медиумска војна“ меѓу учесниците во постапката и јас не би ја коментирала нивната позиција.
- Не би ги коментирала меѓусебните обвинувања на кои сме сведоци деновиве. Од позиција на министер за внатрешни работи, како институција која е надлежна за откривање кривични дела можам да потврдам дека врз основа на поднесената претставка или документација од страна на Бирото за јавни набавки, ние ќе направиме проверка, врз основа на која, евентуално по нејзиното завршување, би излегле со можни наводи по однос на инволвираност или неинволвираност на поединци или по прекршување или непрекршување на законите, рече Јанкулоска.
Таа потенцира дека се работи за две различни постапки, а коинциденција е, како што рече, што МВР е краен корисник.
- Во делот што се однесува на постапката за јавната набавка ние како и секој друг корисник сме должни да ги почитуваме надлежните институции, што значи дека секоја одлука од надлежен суд или од надлежна второстепена комисија за нас е обврзувачка. Во другиот дел, каде според законските надлежности МВР треба да постапува, можам да потврдам дека веќе предметот е земен во работа. Дописот до нас беше доставен доцна вчера, во попладневните часови. Се уште е рано да дадеме информација бидејќи штотуку почна да се работи на предметот, потенцира Јанкулоска.
|