Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
05.09.2012, 08:49

Мишел Обама побара нова шанса за претседателот

Првата дама и се спротистави на Ен Ромни во отворена борба за гласовите на жените, кои според анкетите за неколку проценти му се понаклонети на Обама

Демократската партија на САД ја отвори својата конвенција во градот Шарлот со повик од првата дама Мишел Обама до граѓаните да му ја дадат својата доверба на претседателот Барак Обама за нови четири години во Белата куќа.

- Во изминатите четири години можев да видам што значи да се биде претседател, и знам дека на масата на претседателот доаѓаат најтешките прашања. Тоа се одлуки каде влоговите се високи и нема простор за грешка. Како претседател, добивате совети од многу луѓе, но на крајот на денот, кога треба да се донесе одлуката, мораш да се водиш од своите вредности и својата визија за животот и искуствата кои те изградиле, изјави Мишел Обама, пред околу 20.000 делегати и приврзаници на Демократската партија им порача дека Барак Обама во изминатите четири години со неговите чекори успеал да ја врати економијата од работ на пропаста.

Демократската партија возврати на потегот на Републиканската партија, која првата вечер од конвенцијата и ја отстапи на Ен Ромни, сопругата на нивниот претседателски кандидат Мит Ромни.

Мишел Обама и се спротистави на Ен Ромни во отворена борба за гласовите на жените, кои според анкетите за неколку проценти се приклонуваат повеќе кон Обама. Една од темите на Мишел Обама, како и на голем број други говорници на првата вечер на демократската конвенција, се женските права, особено пристапот до абортусот и напредувањето на работното место.

Мишел Обама, во своето обраќање, ја бранеше здравствената реформа Обамакер, која го прави здравственото осигурување задолжително за сите Американци и дополнително го регулира пазарот на осигурителните компании.

Ромни најави дека, ако биде избран за претседател, од првиот ден ќе почне со укинување на оваа реформа.

- Барак Обама верува дека во Америка нашите пензионери треба да можат да си ги купат своите лекови. Дека нашите деца треба да можат да одат на лекар кога се болни. И дека никој не треба да банкротира затоа што претрпел несреќа или се разболел. И дека ние жените сме поспособни да донесеме одлука за своите тела и за својата здравствена заштита, изјави Мишел Обама чиј настап беше бурно поздравен.

Хулиан Кастро, градоначалник на градот Сан Антонио во Тексас, го доби другиот ударен термин на конвенцијата. Кастро говореше за сиромашниот живот на неговото семејство и го обвини Мит Ромни дека како богат човек не ги познава проблемите на сиромашните.

Кастро предупреди дека Ромни и неговиот потпретседателски кандидат Пол Рајан ќе укинат многу од социјалните програми, како здравствената заштита за пензионерите и сиромашните и државните кредити за високо образование.

- Имаме избор меѓу земја во која средната класа ќе плаќа повеќе за милионерите да платат помалку, и земја во која сите го плаќаме својот фер удел, за да го намалиме дефицитот и да создадеме работни места од иднината, изјави Хулиан Кастро.

Ваквите напади врз Ромни ги повторија низа од говорниците, меѓу кои поранешниот гувернер на Охајо Тед Стрикланд го обвини републиканскиот кандидат дека летата ги минува на Кајманските острови, а зимите во Швајцарија, алудирајќи на неговите банкарски сметки.

По конвенцијата, во телевизиски настап, Стрикланд го прошири нападот, обвинувајќи ги републиканците дека нивните напади врз претседателот Обама се мотивирани од расизам. Претставници на Републиканската партија, кои во Шарлот организираат свои политички настани, обвинија дека демократите во своите настапи бегаат од економските теми, особено од долгот за кој се очекува овие денови да надмине рекордни 16 трилиони долари.

Републиканците воедно ги обвинија демократите дека во нивната партиска платформа, во која предвидуваат еднаквост за истополовите бракови и заштита на абортусот за разлика од минатите години не го спомнуваат Господ, како и тоа дека го избришале ставот дека Ерусалим треба да биде главен град на државата Израел.

На денешниот втор ден на конвенцијата се очекува главниот настап да биде на поранешниот претседател Бил Клинтон, и покрај неговото ривалство со претседателот Обама. Државниот секретар Хилари Клинтон откажа присуство на конвенцијата, и замина на долга турнеја низ Пацификот.


Статијата е прочитана 484 пати.

Испрати коментар



Иванов - Да ја создаваме Македонија како слободна и демократска земја
Почна изградбата на автопатската делница Демир Капија - Смоквица
Македонски ден на Саемот на книгата во Москва
Отворен новиот Центар за дијализа во Скопје
Македонските војници неповредени во самоубиствен напад во Кабул
Груевски за Си-Ен-Ен - Невработеноста се појави по распадот на СФРЈ
Лорд - БиХ пропушти уште една шанса за членство во НАТО
Честитка од Вељаноски по повод Денот на независноста
„Гугл“ и го честита Денот на независноста на Македонија
Отворен Споменикот на паднатите херои за Македонија
Пуштена во употреба новата зграда на Министерството за земјоделство
Стано - Билатералните прашања да не бидат пречка за влез во ЕУ
Осуден авторот на познатиот постер со ликот на Обама
Повеќе улици во Скопје денеска затворени за сообраќај
Почнува изградбата на автопатската делница Демир Капија - Смоквица
„Луфтханза“ и синдикатот постигнаа спогодба, штрајкот прекинат
Македонија го слави Денот на независноста
Државниот врв на прием кај Вељаноски по повод Денот на независноста
Георгиевски и официјално на чело на Народна
Повреден полицаец при нападнат на конвој на ЕУ во Косово
Куќен притвор за 27 обвинети во „Калдрма“
Преполовена претплата за ОНЕ мобилните корисници
Ердоган - Израелски напад врз Иран ќе предизвика апокалипса
Иванов првпат слуша за иницијатива за споменик на Талев во Прилеп
Нови 700 паркинг места во две подземни паркиралишта
Тинејџер повреден во тепачка во Гостивар
Енерегетско поврзување меѓу Македонија и Косово
Израелски велосипедист тешко повреден на Бистра
(ФОТО) Принц Хари во Авганистан ќе пилотира со „Апачи“
Македонски компании на саем за автомобилска индустрија во Германија
За Денот на независноста македонското знаме подигнато во Торонто
Во ЕУ само со решени билатерални спорови
Бесплатен автобуски превоз до Скопје со билет за прославата
По Мали, и Нигерија демантира дека го признала Косово
Плевнелиев смета дека Македонија ја краде бугарската историја
Одложено судењето за двојното убиство во Гостивар
Обама - Американците исправени пред историски крстопат
Меѓународната вселенска станица поправена со четка за заби
Расмусен - НАТО нема да се меша во Сирија
Прв случај на западнонилска треска во Хрватска
Почна генералниот штрајк во „Луфтханза“
Честитка од САД за Денот на независноста на Македонија
Обама ја прифати номинацијата на демократите
Ален Зекиров веќе не го обезбедува Мијалков
Тодоров не попушта, лекарите ќе одат на штрајк
Шеесет луѓе, од кои 31 дете загинаа во бродската несреќа кај Измир
Епидемија на црвени линии околу Македонија
(ФОТО) Рено му подари два електрични автомобили на Папата
ДУИ го блокира Собранието и бара помош од Иванов
За американските бизнисмени Македонија непозната дестинација
Косово и Албанија ќе се обединуваат со телефонскиот код +355
За 55 возила, 5 отсто од „Аутомотив груп“
За 2,5 години 720 жртви во сообраќајот под 7 годишна возраст
Британската министерка за внатрешни работи исвиркана на Параолимпијадата
Двајца кумановци избодени со нож во тепачка
Падна размената меѓу Македонија и Турција
„Мекдоналдс“ - Македонија го прославува 15. роденден
„Луфтханза“ утре во генерален штрајк
Наскоро тендер за „Џумајлија“, заинтересирани 30 компании
Не е побарана асистенција од полицијата за имињата на училиштата во Чаир
Д-р Марјан Бојаџиев избран за најдобар професор во Европа и во Азија
Додик - Србија да го бара северно Косово и да го признае останатиот дел
Владата воспоставува систем за финансиско разузнавање
Арапската лига го повика сирискиот режим да прекине со насилствата
Најмалку 20 луѓе загинаа при потонување на брод во Егејско Море
Обама и официјално кандидат на демократите
Бизнис можностите на Македонија презентирани во Атланта
„Маратонско“ обраќање на Бил Клинтон за успесите на Обама
При експлозија во складиште за муниција загинаа 25 турски војници
(Обновено) Четворица убиени во оружен напад во Франција
Бугарија најавува „црвена линија“ за Македонија
Австралиско-новозеландската епархија се дели на два дела
СДСМ - Трајановски го фалсификува Урбанистичкиот план
Ангелов му порача на премиерот да не глуми патриот
Исцртани опасни етнички линии во парламентот
Пешевски - Падна конкурентноста кај компаниите, а не кај Владата
Уште една шанса за загубарите
За Македонија се интересирале автомобилски компании
Ромпуј - Името ќе отвори многу врати
Јанкулоска - Не ги коментирам обинувањата за тендерот за полициски возила
Владата ќе им помага на компаниите да стигнат до европските фондови
Шулц - Македонија секогаш ќе ја има мојата поддршка
Стратегија за спречување на одливот на високообразовниот кадар
Олимпијадата не им донесе профит на британските трговци
Пијан возач усмрти пешак во Куманово
Мртва жена најдена во опожарена куќа
Руте - Ниту цент повеќе за Атина
Филе - ЕУ не бара од Србија да го признае Косово
Тригодишнина од бродска несреќа со „Илинден“
Јапонија ќе ги купи спорните острови
Европската комисија покрена истрага против „Газпром“
Во Собранието почнува расправата за законот за бранителите
Ка-дис со нови докази за тендерот за полициски возила
Владата ќе ги награди најдобрите амбасадори
Намален кредитниот рејтинг на ЕУ
Американец усмрти 70.000 кокошки во живинарска фарма
Камбоџа ќе го депортира коосновачот на „Пајрат Беј“
Филе стави точка на „македонски“
Во тешка сообраќајна несреќа во Мароко загинаа 42 лица
Повредени петмина тинејџери, со „пунто“ удриле во дрво
Инвестицискиот самит за посилна економија
Бесплатен железнички превоз за 8 септември
Шест компании заинтересирани за модернизација на патарините
Шулц - ЕУ сака Србија да го признае Косово



madam, 05.09.2012 13:16:36
хахаха, тогаш нека се кандидираат Мишел Обама и Ен Ромни за претседателски кандидати, а не нивните сопрузи.......Бидејки сум жена ова го предлагам најсериозно. Од нивните изјави се гледа кој всушност раководи...

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 12°C

Ведро

Сабота
Ведро
Макс: 30°C, Мин: 13°C

Недела
Сончево
Макс: 32°C, Мин: 12°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
„Рејбан“ – 75 години култен моден додаток
Ниту една ѕвезда ниту рекламна кампања не постигнала толку голем маркетиншки ефект за очилата за сонце „рејбан“ како фил...
Марио Драги ги осоколи берзите
Европската централна банка ги охрабри инвеститорите со ме��ките за спречување на должничката криза...
Меѓународната вселенска станица поправена со четка за заби
Станицата што чини стотици милијарди долари двајца астронаути ја спасиja со помаш на четка за заби од три долари...
Скелет на диносаурус е Франкенштајнски амалгам
Дали коските на Tyrannosaurus rex се прошверцувани од Монголија и споени содруги фосили...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |