Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
06.09.2012, 18:03

Тодоров не попушта, лекарите ќе одат на штрајк

Министерот за здравство сакал проектот да го стави во мирување, но се премислил по средбата со лекарите

Јасмина Јовановска

Поради каприц или од други причини, министерот за здравство Никола Тодоров нема да ја повлече платата по успешност, иако таа предизвика големо незадоволство меѓу лекарите. По последната средба со гранковиот синдикат, која се одржа во средата доцна попладне, иако министерот сакал да најде заеднички јазик со лекарите, па дури и проектот да го стави во мирување, тој одлучи да не попушти.

„Иако бевме на добар пат да најдеме компромисно решен��е со Синдикатот за здравство, одредени струи не почекаа и ја објавија информацијата за штрајк. Преговорите продолжуваат“, изјави министерот Тодоров.

Лекарите од клиниките во Скопје кои пред два дена се одлучија за генерален штрајк вчера и официјално го закажаа протестот за 24 септември кога ќе го изразат револтот од воведувањето плата по успешност. На министерот за здравство Никола Тодоров му дадоа 15 дена да размисли и да преговараат за трите барања, кои и официјално ќе му ги предадат.

Ова било договорено на вчерашниот состанок на независниот Клинички синдикат, од каде што велат дека освен повлекување на платата по успешност, клиничките лекари бараат зголемување на платите, како и здравствените власти да го поправат односот и вокабуларот кон лекарската фела.

„Барањата се наредени по приоритет, па без исполнување на барањето за зголемување на платите нема понатамошни преговори“, беше дециден д-р Дејан Ставриќ, претседател на независниот клинички синдикат.

Штрајкот ќе трае до исполнување на барањата, при што ќе се примаат само итни случаи. Како што нагласи Ставриќ, лекарите бараат платите да се изедначат со платите од другите општествено одговорни професии. Најниската плата е 8.000 денари, додека еден специјалист има просечна плата од 550 евра. Колку за споредба, според неофицијални извори, судиите земаат плата и до 1.000 евра.

Според Ставриќ, уште со поделбата на првата плата се увидело дека проектот за плаќање по успешност е проект за манипулација, затоа што воопшто не кореспондира со реалната состојба.

„Во пракса се случи овој месец да бидат наградени лекари кои не исполниле толку колку што се наградени, а да бидат казнети лекари кои два до три пати ја натфрлиле нормата. Тоа ќе биде предмет и на кривични тужби, зашто многу луѓе се оштетени и ќе бараме да им се вратат парите“, појасни Ставриќ.

На клиники биле казнети околу 400 лекари.

Петицијата за штрајк ја имаат потпишано околу 90 отсто од лекарите, а на штрајкот на клиничкиот синдикат, како што најавија од таму, ќе му се приклучат и лекарите од болницата „Бардовци“, Институтот за ТБЦ, како и лекарите во клиничките болници.

„Има потписи од лекари припадници и на опозиција и на позиција, што прв пат се случува кога се поставува едно професионално барање“, додаде Ставриќ. Засега само гранковиот синдикат за здравство е на стенд-бај за штрајк.

И од гранковиот синдикат ни потврдија дека преговорите со министерот Тодоров биле во насока платата да се стави во мирување додека не се доработи и не се исправат пропустите.

„Се договоривме да се формираат две комисии една интернистичка и една хируршка кои ќе работат на доработка на системот“, ни изјави Љубиша Каранфилски, претседател на Синдикатот за здравство. И овој синдикат не отстапува од тоа проектот да се повлече, августовската плата да не се исплаќа според успешност, а платата да почнува од 100 отсто.


Статијата е прочитана 2176 пати.

Испрати коментар



Иванов - Да ја создаваме Македонија како слободна и демократска земја
Почна изградбата на автопатската делница Демир Капија - Смоквица
Македонски ден на Саемот на книгата во Москва
Отворен новиот Центар за дијализа во Скопје
Македонските војници неповредени во самоубиствен напад во Кабул
Груевски за Си-Ен-Ен - Невработеноста се појави по распадот на СФРЈ
Лорд - БиХ пропушти уште една шанса за членство во НАТО
Честитка од Вељаноски по повод Денот на независноста
„Гугл“ и го честита Денот на независноста на Македонија
Отворен Споменикот на паднатите херои за Македонија
Пуштена во употреба новата зграда на Министерството за земјоделство
Стано - Билатералните прашања да не бидат пречка за влез во ЕУ
Осуден авторот на познатиот постер со ликот на Обама
Повеќе улици во Скопје денеска затворени за сообраќај
Почнува изградбата на автопатската делница Демир Капија - Смоквица
„Луфтханза“ и синдикатот постигнаа спогодба, штрајкот прекинат
Македонија го слави Денот на независноста
Државниот врв на прием кај Вељаноски по повод Денот на независноста
Георгиевски и официјално на чело на Народна
Повреден полицаец при нападнат на конвој на ЕУ во Косово
Куќен притвор за 27 обвинети во „Калдрма“
Преполовена претплата за ОНЕ мобилните корисници
Ердоган - Израелски напад врз Иран ќе предизвика апокалипса
Иванов првпат слуша за иницијатива за споменик на Талев во Прилеп
Нови 700 паркинг места во две подземни паркиралишта
Тинејџер повреден во тепачка во Гостивар
Енерегетско поврзување меѓу Македонија и Косово
Израелски велосипедист тешко повреден на Бистра
(ФОТО) Принц Хари во Авганистан ќе пилотира со „Апачи“
Македонски компании на саем за автомобилска индустрија во Германија
За Денот на независноста македонското знаме подигнато во Торонто
Во ЕУ само со решени билатерални спорови
Бесплатен автобуски превоз до Скопје со билет за прославата
По Мали, и Нигерија демантира дека го признала Косово
Плевнелиев смета дека Македонија ја краде бугарската историја
Одложено судењето за двојното убиство во Гостивар
Обама - Американците исправени пред историски крстопат
Меѓународната вселенска станица поправена со четка за заби
Расмусен - НАТО нема да се меша во Сирија
Прв случај на западнонилска треска во Хрватска
Почна генералниот штрајк во „Луфтханза“
Честитка од САД за Денот на независноста на Македонија
Обама ја прифати номинацијата на демократите
Ален Зекиров веќе не го обезбедува Мијалков
Шеесет луѓе, од кои 31 дете загинаа во бродската несреќа кај Измир
Епидемија на црвени линии околу Македонија
(ФОТО) Рено му подари два електрични автомобили на Папата
ДУИ го блокира Собранието и бара помош од Иванов
За американските бизнисмени Македонија непозната дестинација
Косово и Албанија ќе се обединуваат со телефонскиот код +355
За 55 возила, 5 отсто од „Аутомотив груп“
За 2,5 години 720 жртви во сообраќајот под 7 годишна возраст
Британската министерка за внатрешни работи исвиркана на Параолимпијадата
Двајца кумановци избодени со нож во тепачка
Падна размената меѓу Македонија и Турција
„Мекдоналдс“ - Македонија го прославува 15. роденден
„Луфтханза“ утре во генерален штрајк
Наскоро тендер за „Џумајлија“, заинтересирани 30 компании
Не е побарана асистенција од полицијата за имињата на училиштата во Чаир
Д-р Марјан Бојаџиев избран за најдобар професор во Европа и во Азија
Додик - Србија да го бара северно Косово и да го признае останатиот дел
Владата воспоставува систем за финансиско разузнавање
Арапската лига го повика сирискиот режим да прекине со насилствата
Најмалку 20 луѓе загинаа при потонување на брод во Егејско Море
Обама и официјално кандидат на демократите
Бизнис можностите на Македонија презентирани во Атланта
„Маратонско“ обраќање на Бил Клинтон за успесите на Обама
При експлозија во складиште за муниција загинаа 25 турски војници
(Обновено) Четворица убиени во оружен напад во Франција
Бугарија најавува „црвена линија“ за Македонија
Австралиско-новозеландската епархија се дели на два дела
СДСМ - Трајановски го фалсификува Урбанистичкиот план
Ангелов му порача на премиерот да не глуми патриот
Исцртани опасни етнички линии во парламентот
Пешевски - Падна конкурентноста кај компаниите, а не кај Владата
Уште една шанса за загубарите
За Македонија се интересирале автомобилски компании
Ромпуј - Името ќе отвори многу врати
Јанкулоска - Не ги коментирам обинувањата за тендерот за полициски возила
Владата ќе им помага на компаниите да стигнат до европските фондови
Шулц - Македонија секогаш ќе ја има мојата поддршка
Стратегија за спречување на одливот на високообразовниот кадар
Олимпијадата не им донесе профит на британските трговци
Пијан возач усмрти пешак во Куманово
Мртва жена најдена во опожарена куќа
Руте - Ниту цент повеќе за Атина
Филе - ЕУ не бара од Србија да го признае Косово
Тригодишнина од бродска несреќа со „Илинден“
Јапонија ќе ги купи спорните острови
Европската комисија покрена истрага против „Газпром“
Во Собранието почнува расправата за законот за бранителите
Мишел Обама побара нова шанса за претседателот
Ка-дис со нови докази за тендерот за полициски возила
Владата ќе ги награди најдобрите амбасадори
Намален кредитниот рејтинг на ЕУ
Американец усмрти 70.000 кокошки во живинарска фарма
Камбоџа ќе го депортира коосновачот на „Пајрат Беј“
Во тешка сообраќајна несреќа во Мароко загинаа 42 лица
Филе стави точка на „македонски“
Повредени петмина тинејџери, со „пунто“ удриле во дрво
Инвестицискиот самит за посилна економија
Бесплатен железнички превоз за 8 септември
Шест компании заинтересирани за модернизација на патарините
Шулц - ЕУ сака Србија да го признае Косово



Haralampie, 07.09.2012 00:12:55
Pretsedatelot na grankoviot sindikat go postavi Vlasta i taka i se odnesuva. Na strajkot na Klinicki mu se prikljucuvaat site doktori od Boilnicite niz Makedonija taka da Ljubisa moze da sorabotuva so Vlasta i nataka. Todorov trebe da se izvini za site navredi kon doktorite pa potoa pregovori,.
Nikola, 07.09.2012 01:05:31
Ne znam zosto se bunat lekarite,koga i vo drugi sektori,kako na primer vo obrazovanie,nastavnicite zemaat plata,spored toa kolku bile objektivni vo davanjeto na otcenki.Salterskite rabotnici, se naragaduvaat spored toa kolku luge, pritisnale zeleno kopce na semaforte. Redno bese, da se vospostavi red,i vo zdravstvoto.
Doktor IKS, 07.09.2012 05:14:56
Go imate i mojot potpis ! samo napred i ne smeete da popustate. Setete se koga bevme studenti- ne popustavme nikomu pa ni na CKSKM! naseto pravo i dostoinstvo i vozvisenata profesija ne smee da ja valkaat pripravnici i partiski manipulatori od tipot na Todorov!
Goran, 07.09.2012 09:43:37
Vakva katastrofa do sega ne se slucilo vo ovoj sektor. Ne se raboti za primanje na plata po nekakov si ucinok ili uspesnost. Navistina se prasuvame za sto voopsto stanuva zbor i koja e vistinskata namera? Inaku na lekarot navistina voopsto ne mu e gajle dali ovoj mesec ke zemi iljada denari poveke ili pomalku, na krajot ke se vidi deka pacientot e toj sto gubi . Na lekarot i onaka mu e narusen standardot. Kakva odgovornost poveke od lekarot ima eden sudija za da prima duplo pogolema plata?
zapad, 07.09.2012 10:45:32
navistina preterani baranja od lekarite,se soglasuvam toa so kazna nema vrska no za zgolemuvanje nese soglasuvam pa ionaka imat golemi plati vo sporedba so drugite vo opstestvoto,n.p. cistacka vo bolnica ima 5000 a lekar 35ilj znaci 7 pati povece pa tuka na zapad lekar ima samo duplo pvece od cistacka,i na zapad lekari imat duplo pomala plata od sudii posto sudii mozat da bidat korumpirani a suddi vo drzava oma mnogu pomalku od lekari koi gi ima na iljadnici,vo sekoja zemja lekar zema plata vo odnos na prosekpt za primer lekar vo danska i holandija zema 60% povece plata od eden so zanaet a vo mak zaneatlii zemat po 8000 den znaci lekar treba da zema 14iljadi po zapadna matematika.
mile, 07.09.2012 11:38:50
Не се секирајте......Ќе дојде Груевски од РОУД ШОУТО, ќе им удри еден контраштрајк на лекарите........потоа се знае Бранко е крив и ......... На здравје Македонијо, сама си ги г��асаше........
Goran od Skopje, 07.09.2012 12:05:09
Licno go podrzuvam proektot. Dobro ni e poznato deka ogromen del od doktorite ne si ja rabotat svojata rabota i deka posle 12h nemozes da gi najdes na rabota. Mozebi treba da se promeni samiot model na nagraduvanje no sekako potrebno e sistem na nagraduvanje,osbeno za onie doktori koi navistina si ja rabotata svojata rabota. A tie sto se bunat neka bidat iskreni i kazat koja e pricinata i sindikalnite lideri cii interesi zastapuvaat i cii clenovi se..... Vistinata poleka no sigurno ke se doznae.
Tina, 07.09.2012 15:11:27
ne daj Boze sega da se razboli toj Todorov. Koj ke go lekuva. Jas lichno sum da Lekarite dobijat se shto im treba i oshte poveke. Tehnologijata se razviva i lekuvanja sekogash se pod uticaj na tehnologijata. Pa po toj pat i Lekarite mora da izuchuvat novi tehnicki raboti. Ajde Mr. Todorov, mrdni vo korist na lekuvanje. Aleksandar si umre of Jetrata/ zlchkata? A sega toa moze da se lekuva. Neli?

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 12°C

Ведро

Сабота
Ведро
Макс: 30°C, Мин: 13°C

Недела
Сончево
Макс: 32°C, Мин: 12°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
„Рејбан“ – 75 години култен моден додаток
Ниту една ѕвезда ниту рекламна кампања не постигнала толку голем маркетиншки ефект за очилата за сонце „рејбан“ како фил...
Марио Драги ги осоколи берзите
Европската централна банка ги охрабри инвеститорите со мерките за спречување на должничката криза...
Меѓународната вселенска станица поправена со четка за заби
Станицата што чини стотици милијарди долари двајца астронаути ја спасиja со помаш на четка за заби од три долари...
Скелет на диносаурус е Франкенштајнски амалгам
Дали коските на Tyrannosaurus rex се прошверцувани од Монголија и споени содруги фосили...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |