| 04.09.2012, 14:14Шулц: ЕУ сака Србија да го признае Косово 
 
  
 Европската унија сака Србија да ја признае независноста на Косово, изјави претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц по средбата со српскиот премиер Ивица Дачиќ.
 
 - Европскиот парламент не се занимава со такви детали, со тоа се занимаваат дипломатите, но ЕУ сака Србија да го признае Косово, посочи Шулц.
 
 Дачиќ наведе дека Србија е подготвена да соработува со ЕУ за сите прашања.
 
 Нормализирањето на односите меѓу Белград и Приштина е основен услов за процесот на зачленување на Србија во Унијата.
 
 
 
 |