07.09.2012, 12:40 Одложено судењето за двојното убиство во Гостивар
Судскиот совет од Основниот суд Гостивар го одложи главниот претрес за двојното убиство кое се случи во февруари годинава, а за кое беше обвинет Јаќим Трифуновски, вработен во МВР.
Како причина беше наведено неговото неспроведување од прилепскиот затвор каде што се наоѓа во притвор. Во писменото образложение кое беше доставено до Судот беше наведено дека тоа се прави од безбедносни причини, односно несигурност. Управата на затворот во Прилеп не добила потврда од МВР за обезбедување асистенција.
На ваквиот предлог реагираше полномошникот на оштетените адвокатот Вулнет Пачоку, кој смета дека ова се прави намерно за да дојде до изземање на Основниот суд Гостивар да постапува по овој случај.
По кратката расправа претседателот на Судскиот совет го презакажа претресот за 19 септември. |