06.09.2012, 09:19 При експлозија во складиште за муниција загинаа 25 турски војници
Дваесет и пет војници загинаа, а четворица се повредени при експлозија синоќа во складиште за муниција на турската армија во близина на градот Афионкарахисар, во истоимената покраина во западна Турција, соопшти денеска Генералштабот на турската армија.
Експлозијата се случила во 21 часот и 15 минути по локално време, по што е предизвикан голем пожар. Реонот на несреќата е отсечен бидејќи постои опасност од нови експлозии.
Во соопштението турската армија наведува дека засега не е утврдена причината за експлозијата, но дека постои веројатност да настанал дефект.
Валијата на Афион��арахисар, Ирфан Балканлоглу, изјави дека засега нема податоци дека станува збор за терористички акт. Тој истакна дека во изминатите денови е извршен попис во складиштето и се претпоставува дека дошло до дефект на некоја граната. |