04.09.2012, 14:38 Повредени петмина тинејџери, со „пунто“ удриле во дрво
Петмина тинејџери се повредени откако со возило „фиат пунто“ удриле во дрво, пред куќа во гостиварското село Форино.
Несреќата се случила вчера околу 23 часот на регионалниот пат Гостивар – Чегране. Деветнаесетгодишниот С.М. од селото Форино, кој не поседувал возачка дозвола, во еден момент изгубил контрола зад воланот и со возилото „фиат пунто“ удрил во дрво покрај патот. Од ударот двајца деветнаесетгодишници од селото Форино се потешко повредени, а другите тројца патници се здобиле со полесни повреди. Тие се пренесени во гостиварската болница каде што им е укажана лекарска помош. По санирањето на повредите се пуштени на домашно лекување. По извршениот увид полицијата констат��рала дека причината за несреќата е пребрзото возење и неискуството на возачот. (К.К.)
|