Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
04.09.2012, 15:06
Филе стави точка на „македонски“



Настапот на еврокомесарот ги задоволи сите суети во Македонија и им стави крај на грчките и бугарски негации

Заканата од шефот на државата Ѓорѓи Иванов дека нема да прифати извештај на Европската комисија во кој нема да се спомене атрибутот „македонски“, од денеска и формално стана беспредметна. Уплашен од непријатните реакции или, пак, не сакајќи да остави простор за популистички говори кои ќе ја фрлат во втор план суштината на извештајот, еврокомесарот Штефан Филе денеска ги задоволи сите македонски суети.

Изговори не само „македонски“, туку и македонски граѓани, македонска држава и Македонци, иако го употреб�� и зборот бивша југословенска Република Македонија. Со тоа Филе стави крај на едно поглавје во односите на ЕК со Македонија, сугерирајќи дека ЕК ќе се фокусира само на реформите и ќе го ревидира ставот кој пред три и повеќе години го промовираше во стилскиот институционален водич - кога го избриша зборот „македонски јазик“. Денеска Филе прати порака на три земји - на нашата, дека треба да се фокусира на суштината, на Грција дека немаат веќе разбирање за спорењето на идентитетските прашања и како најново на Бугарија - која во најпогрешен момент одбра да ја имитира грчката политика. Дали бугарската квази негација на зборот „македонски“ ја прели чашата не е јасно, но очигледно Брисел решил да пресече откако се намножија кандидатите за блокирање на нашата држава, вклучувајќи и некои во Македонија. Запрашан директно дали во наредниот извештај на ЕК ќе го има зборот „македонски Филе сепак избегна да одговори отворено.

„Го слушнав претседателот што рече за ова прашање, Беше учтив исто така да ја слушне мојата позиција. Во политичката дебата што ја имавме се согласивме да се фокусираме на суштината на приоритетите, за да преговорите се случат побргу а не подалеку. Нема потреба Иванов да бара од мене поддршка за евроинтегративниот процес на македонската држава. Јас го правам тоа оти верувам во проширувањето на ЕУ и верувам дека членството на Македонците во ЕУ ќе го зајакне самиот процес на проширување и од него ќе имаат бенефит сите македонски граѓани“, изјави Филе на прес конференцијата.

Сепак, се огради дека не може да каже што ќе има внатре додека истиот е во подготовка, т.е. не е напишан. Како што се очекуваше, Иванов му порача на еврокомесарот дека очекува позитивен извештај и деблокирање на нашата евроинтеграција, иако е свесен дека одлуката се носи со консензус, притоа возвраќајќи и на Грција со иста мерка - т.е. нарекувајќи ја главно „нашиот јужен сосед“ или „нашите пријатели во Атина“.

„Во контекст на наметнатиот спор од нашиот јужен сосед, на комесарот Филе му посочив дека освен тоа што оваа земја не ја исполнува Времената спогодба, сега има и пресуда на Меѓународниот суд на правдата. Она што го бараат сите членки на ЕУ го бараме и ние, а тоа е Грција да се однесува одговорно кон преземените обврски. Сето ова треба да го решаваме во процесот кој се одвива под капата на ОН, но само ако бидеме активни во тој процес ќе дојдеме до решение“, порача Иванов. (С.Ј.)










Статијата е прочитана 3711 пати.

Испрати коментар



Четворица убиени во оружен напад во Франција
Бугарија најавува „црвена линија“ за Македонија
Австралиско-новозеландската епархија се дели на два дела
СДСМ - Трајановски го фалсификува Урбанистичкиот план
Ангелов му порача на премиерот да не глуми патриот
Исцртани опасни етнички линии во парламентот
Пешевски - Падна конкурентноста кај компаниите, а не кај Владата
Уште една шанса за загубарите
За Македонија се интересирале автомобилски компании
Ромпуј - Името ќе отвори многу врати
Јанкулоска - Не ги коментирам обинувањата за тендерот за полициски возила
Владата ќе им помага на компаниите да стигнат до европските фондови
Шулц - Македонија секогаш ќе ја има мојата поддршка
Стратегија за спречување на одливот на високообразовниот кадар
Олимпијадата не им донесе профит на британските трговци
Пијан возач усмрти пешак во Куманово
Мртва жена најдена во опожарена куќа
Руте - Ниту цент повеќе за Атина
Филе - ЕУ не бара од Србија да го признае Косово
Тригодишнина од бродска несреќа со „Илинден“
Јапонија ќе ги купи спорните острови
Европската комисија покрена истрага против „Газпром“
Во Собранието почнува расправата за законот за бранителите
Мишел Обама побара нова шанса за претседателот
Ка-дис со нови докази за тендерот за полициски возила
Владата ќе ги награди најдобрите амбасадори
Намален кредитниот рејтинг на ЕУ
Камбоџа ќе го депортира коосновачот на „Пајрат Беј“
Американец усмрти 70.000 кокошки во живинарска фарма
Во тешка сообраќајна несреќа во Мароко загинаа 42 лица
Повредени петмина тинејџери, со „пунто“ удриле во дрво
Инвестицискиот самит за посилна економија
Бесплатен железнички превоз за 8 септември
Шест компании заинтересирани за модернизација на патарините
Шулц - ЕУ сака Србија да го признае Косово
Иванов - И без решение на името можеме да станеме членка на НАТО
Субрата Рој го купи охридскиот хотел „Славија“
Во Србија 21 лице инфицирано од вирусот Западен Нил
Ал Зуби - Ќе и ги отсечам рацете на Турција ако се меша во Сирија
Во Македонија нема заболени од западно-нилска треска
Бугарија се откажува од влез во еврозоната
Кафеаните од денеска ќе работат еден час пократко
Пронајдени две обесени момчиња во Скопје и во Чегране
Иванов во Брисел на средби со челниците на ЕУ и НАТО
Груевски ги повика иселениците во Канада да инвестираат во Македонија
Финска - иднина без Нокиа



не ми се верува, 04.09.2012 18:30:12
Ем професор,ем претседател,а чаршиски муабети.Дали Иванов е свесен дека според Резолуцијата 817 на Советот за безбедност на ОН,Република Македонија не се прима во ОН со тоа име,туку и` се доделува привремено име ФИРОМ и се упатува на преговори со Грција да се изнајде решение.Дали е Иванов свесен дека и Генералното собрание на ОН ја прими РМ како ФИРОМ во очекување на решавање на спорот во преговори со Грција.Дали е Иванов свесен дека постои и заедничка одлука на НАТО и ЕУ нашата земја да биде примена кога ќе се постигне тоа решение.Дали е Иванов свесен дека без решение во преговори со Грција,ние ќе бидеме надвор од НАТО и ЕУ и со име ФИРОМ во НАТО,ЕУ и ОН?

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 18°C

Ведро

Четврток
Делумно облачно
Макс: 32°C, Мин: 15°C

Петок
Делумно облачно
Макс: 29°C, Мин: 14°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Таткото на модерниот индивидуализам
Светот годинава ја одбележува 300-годишнината од раѓањето на големиот Жан Жак Русо...
Темна визија за иднината на Европа
Францускиот филозоф Андре Глуксман смета дека ситуацијата во Европа е „вонредно вознемирувачка“. Во интервју за „Шпигел“...
Финска - иднина без Нокиа
Финска е во ЕУ, има перфектен кредитен рејтинг од тројно А и флертува со излезот од еврозоната. Но, не е се’ така добро ...
Што стои зад спорот околу островите меѓу Кина и Јапонија?
Елементите на спортот вклучуваат една карта од динстијата Минг, американски договор и една фабрика за риби...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |