04.09.2012, 15:54 Се ожени ексминистерот за здравство Бујар Османи
Свадбата се случи вчера во ексклузивниот хотел-ресторан „Њу стар“ во Визбегово, а присуствуваа голем број на роднини, пријатели, сопартијци и блиски на двојката
Портпаролот на ДУИ и поранешен министер за здравство, Бујар Османи (32), се ожени со својата љубов Валбона Хоџа (22), дипломиран политиколог, вработена во Собранието на РМ. Свадбата се случи вчера во ексклузивниот хотел-ресторан „Њу стар“ во Визбегово, а присуствуваа голем број на роднини, пријатели, сопартијци и блиски на двојката. Покрај лидерот на ДУИ и раководството на партијата, меѓу гостите биле забележани дел од министрите ��о Владата - Ваљон Сарачини, Фатмир Бесими...
Невестата носела раскошен фустан, присутните велат дека изгледала како принцеза, а гостите се забавувале на три вида на музика, почнувајќи од албанска изворна музика, преку џез и на крајот забава со диџеј.
Османи, кој е во врска со Хоџа неполна година, пред неколку месеци изјави дека се заљубил на прв поглед и дека ја запросил додека биле на викенд во Солун. Покрај партиските ангажмани, Бујар Османи во моментов работи како лекар на Клиниката за дигестивна хирургија во Скопје.
|