05.09.2012, 16:57 Бугарија најавува „црвена линија“ за Македонија
Министерот за надворешни работи, Младенов испратил предупредувачки сигнал, тврди веб-порталот „Новините“
Бугарскиот министер за надворешни работи, Николај Младенов, испратил предупредувачки сигнал, тврди бугарскиот медиум „Новините“, најавувајќи дека и Софија, како Атина, ќе определи своја „црвена линија“ околу односот на Македонија кон историјата и културното наследство.
„Бугарија е отворена за сите свои соседи и го поддржува проширување на ЕУ, но нема да дозволи некој да се плетка во нејзината историја“, рекол Младенов на состанок на Владата. На состанокот бил усвоен пре��лог-документ за парламентот кој ќе ги разграничи основите на бугарската политика кон соседите, или поедноставно документ стратегија за односите со соседите. Младенов притоа соопштил дека документот исто така треба да содржи некои „црвени линии“ кои не можат да се преминат во билатералните односи. „Историското прашање“ со Македонија, според „Новините“, било претставено како една таква црвена линија, иако не било експлицитно именувано од бугарскиот министер за надворешни работи. Младенов, исто така, најавил дека следната недела ќе се одржи редовната средба со амбасадорите од балканските земји. (С.Ј.)
|
|
Статијата е прочитана 6507 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Goran, 05.09.2012 17:15:58 | Abe polni ste so crveni linii, isto kako za balkanskite vojni.... na koi delovi od granicata ke gi stavate sega? |
| Само со вистината а не со лагите блгаротатарски, 05.09.2012 18:17:51 | Прво. Во Македонија има стотина што мислат дека се Бугари а во Бугарија има триста илјади Македонци а околу 2,5 милиони се со македонско потекло а бугарска свест. Второ.Од татрско потекло ви остана само името Бугари а јазикот е од македонскиот дијалект од солунско. Трето. Бугарија присвојува македонски дејци писатели и борци а не Македонија. Четврто. Бугарија не го признава македонскиот јазик исто како грција името а Србија црквата а тоа има една основа дека непостоел македонскит народ. ПС. Со вакви соседи неможе Македонија да е виновна а граничи сама со себе. |
| makedonec, 05.09.2012 20:23:17 | mnogu arna novina |
| Зевзекмен, 05.09.2012 20:46:41 | а да им постави на сите комшии султан Сулејман црвени линии :) |
| Gjorgji, 05.09.2012 22:10:40 | Za vakvi zalanguri li ime da menuvame?
Za Grci i Bugari koi nekoj drug trebase da im ja skroi drzavata za vo narednite decenii 6 pati da gi spasuva od bankroti i propagjanje kapitulacii i nebulozi?
Nie barem nasata drzava sami ja izborivme i ilindencite i partizanite,nema makedonsko semejstvo koe ne dalo nekogo vo taa borba.
Kje istraeme so bozja pomos bidejkji borbata i na ovaa generacija e pravedna i nasa.
Ime nema menuvanje,ako Grcite i Bugarite sakaat nesto da smenat neka si go smenat retrogradniot mentalen profil koj kako krasta se pojavuva sekogas koga kje ne spomnat,bidejkji mnogu dobro znaat koj sme. |
| Kultiviran Balkanec, 06.09.2012 01:19:58 | Dosegashnata tolerantnost na Bugarija kon Makedonija vo odnos na Istoriskoto prashanje, go tolkuvashe politichkata elita vo Makedonija kako bugarska inferiornost, a ne kako podadena bratska raka. Istoriskata predstava za nashata istorija e seushte na ideoloshka baza, t.e. na antibugarska osnova. Toa beshe samo prashanje na vremeto, koga i Bugarija kje ja povleche crvenata linija. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 20°C
Делумно облачно
|
Петок
Ведро
Макс: 28°C, Мин: 11°C
|
Сабота
Сончево
Макс: 31°C, Мин: 13°C
|
|
|
|
|
|