07.09.2012, 16:16 Повреден полицаец при нападнат на конвој на ЕУ во Косово
Конвој на ЕУ денеска беше нападнат со автоматско оружјево во општината Зубин Поток, во северниот дел на Косово, при што полесно е повреден припадник на косовската полиција, а погодени се и две возила од конвојот.
По инцидентот директорот на српската владина Канцеларија за Kосово Александар Вулин ја прекина посетата на јужниот дел на Косово и започна разговори со претставници на Србите во Косовска Митровица.
Вулин побара од меѓународната заедница „што е можно поскоро да стори се за откривање на извршителите“, нудејќи помош од страна на српските власти.
- Сметаме дека тоа е провокација и дека не е слу��ајно на денот кога си заминува досегашниот командант на КФОР. Ова не може да помине без да биде казнето, истакна Вулин, барајќи од меѓународната заедница да го зголеми своето присуство на Косово, а не да го намалува.
Генерал Фолкер Халбауер од Германија денеска стапува на должност како командант на мировните сили на НАТО на Косово, преземајќи ја функцијата од својот сонародник генерал Ерхард Древс. |