07.09.2012, 11:05 Меѓународната вселенска станица поправена со четка за заби
Станицата што чини стотици милијарди долари двајца астронаути ја спасиja со помаш на четка за заби од три долари
Астронаутите Сунита Вилијамс и Акихидо Хошиде ја спасиле Меѓународната вселенска станица, која чини 100 милијарди долари, со помош на четка за заби од три долари.
Проблемите настанеле минатата недела кога астронаутите се обиделе да заменат оштетена електрична единица, што ја снабдува вселенската станица со електрична енергија од соларни панели. Меѓународната вселенска станица е опремена со четири такви единици, од кои секоја тежи 100 килограми, а доколку една ��е функционира снабдувањето со електрична енергија е значително ограничено.
Вилијамс и Хошиде се обиделе да инсталираат нов уред на 30 август, но никако не можеле да ја прицврстат за станицата поради големото количество метални струготини на завртките. Во текот на осумчасовниот престој во вселената се обидувале да ги исчистат со жица, но резултатите не биле задоволувачки.
- Поминавме часови во вселенски костуми. Не бевме во тоалет, ниту на ручек, објави Вилијамс на својот блог.
Тимот астронаути со колегите од Земјата се обиделе да најдат решение, по што дошле до идејата да прицврстат метална прачка на обична четка за заби и со неа да ги исчистат навртките.
По четири часа интензивно чистење, навртките биле целосно чисти и астронаутите успешно ја прицврстиле единицата.
- Изгледа дека колегите штотуку ја спасија вселенската станица, јави преку радио врска Џек Фишер од центарот за контрола на мисијата во вселенската станица во Хјустон. |