05.09.2012, 13:00 Мртва жена најдена во опожарена куќа
Рамиза Х. (61) е пронајдена мртва во пожар во куќа во гостиварското село Србиново. Според полицијата, вчера околу 14 часот, од засега непознати причини, избувнал пожар во објектот, при што целосно биле изгорени просториите на приземниот дел и дел од катот и поткровјето на куќата. На плочките до влезната врата била пронајдено мртва 61-годишната жена, чие тело е предадено за обдукција. Истрагата е во тек. (Г.А.)
|