07.09.2012, 16:18 Георгиевски и официјално на чело на Народна
Љупчо Георгиевски, поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, и официјално е прогласен за претседател на ВМРО-Народна партија. Од ВМРО-НП информираа дека денеска завршила сагата околу лидерската позиција во партијата, која почна пред неколку месеци, по заминувањето на Марјан Додовски во ВМРО-ДПМНЕ и одлуката на Георгиевски да го преземе кормилото во Народна. Додовски на заминување од ВМРО-НП, на чие чело беше неколку години, објави дека ја згаснува партијата, по што почна судската битка за докажување дека ВМРО-НП и продолжува да функционира со друг лидер.
„Се изврши официјален упис во судскиот регистар, со што Георгиевски се стекн�� со правен легитимитет, кој претходно, официјално, беше изгласан од сите партиски структури според законот и Статутот на партијата“, соопштија од ВМРО-НП. (П.Р.)
|