06.09.2012, 15:18 За 55 возила, 5 отсто од „Аутомотив груп“
„Аутомотив груп“ во соработка со Стопанска банка – Скопје обезбеди најниска каматна стапка за клиентите кои платата ја примаат преку оваа банка. Каматата е 5 отсто за купување возило на кредит во наредните 45 дена за количина од вкупно 55 возила од програмата на „Рено“, „Нисан“ и „Дачија“.
„Избравме неконвенционален начин да го прославиме нашиот јубилеј. Средствата што ги издвоивме за прославата решивме да ги намениме за нашите идни купувачи, да им го олесниме процесот на купување и да им го направиме уште поповолен и полесен. Заедно со Стопанска банка, нудиме производ во вистинско време. Сите попусти од акциите на нашите возила што важе�� до денес остануваат и понатаму, а 5 отсто годишната каматна стапка се однесува на износот на кредит што ќе се користи за купување на возилата по направените попусти во акција“, вели Кирил Калеников, директор на „Аутомотив груп“.
Стопанска банка ќе им одобри на клиентите што ќе поднесат барање за оваа кредитна линија дополнително 50 отсто попуст на административните трошоци. (Ек.Р.)
|