04.09.2012, 15:47 Американец усмрти 70.000 кокошки во живинарска фарма
Пијан 21-годишен Американец случајно ја прекинал електричната енергија во една живинарска фарма, при што усмртил 70.000 кокошки.
Инцидентот се случил во округот Викомико, во државата Мериленд. Судијата, кој го води овој случај, тврди дека првпат во својата 20-годишна кариера се соочува со вакво дело.
Младиот Џошуа Шелтон, кој бил под дејство на алкохол, ја исклучил струјата со која се напојувал системот за дотур на храна и вода за кокошките во фармата, како и системот за вентилација. Живината почнала да угинува 15 минути по хаваријата. Преживеале само стотина птици.
Шелтон бил пронајден како лежи пијан на влезот од фармата. Кога се отрезнил, тој дури и не сеќавал што направил.
Штетата на сопственикот на живинарската фарма се проценува на 20.000 долари.
|