04.09.2012, 15:47 Камбоџа ќе го депортира коосновачот на „Пајрат Беј“
Камбоџа ќе го депортира коосновачот на „Пајрат Беј“ (Pirate Bay), што е еден од најголемите светски сајови за слободна размена на фајлови, кого Шведска го обвин и и осуди на затвор за прекршување на законите за авторско право, пренесоа британските медиуми, повикувајќи се на полициски службеник.
Бараниот Готфрид Свартхолм Варг (27), живее во камбоџанската престолнина Пномпен, каде минатата година беше уапсен на барање на Стокхолм.
Полицискиот службеник прецизирал дека Варг ќе биде депортиран според силата на камбоџанското имиграциско законодавство, додавајќи дека одлуката била донесена по преговорите меѓу камбоџан��ки и шведски претставници.
Камбоџа и Шведска немаат спогодба за екстрадиција и не се знае каде Варг ќе биде испратен.
- Само знаеме дека ќе го депортираме. Но во која земја, тоа е работа на шведските власти.
„Пајрат Беј“, создаден во 2003 годона, предлага линкови кон музички и филмски фајлови во компјутерите на другите корисници на сајтот.
Шведски претставништва на познати музички и филмски компании оваа компанија ја дадоа на суд заради загуба на приходи. Медиумски групи презедоа чекори за блокирање на сајтот во нивните земји, вклучувајки ја Холандија и Финска.
|