07.09.2012, 08:57 Обама ја прифати номинацијата на демократите
Барак Обама ја прифати номинацијата на Демократската партија на нејзината национална конвенција и ќе се соочи со републиканецот Мит Ромни на претседателските избори во САД на 6 ноември.
- Ја прифаќам вашата номинација за претседателската функција, изјави Обама, пречекан ентузијастички од илјадници делегати, синоќа во Шарлот, Северна Каролина.
Џо Бајден, исто така, беше официјално потврден за кандидат на Демократската партија за потпретседател на САД на синоќешната конвенција. Неговата кандидатура беше претставена од синот Бо, главен обвинител на сојузната држава Делавер, од каде е семејството на потпретседателот. |