05.09.2012, 09:45 Јапонија ќе ги купи спорните острови
Јапонската Влада одлучи да ја купи групата острови во Источно Кинеско Море за кои и Пекинг има територијални претензии.
Владата наскоро ќе потпише купопродажен договор со јапоснкото семејство за три од четирите острови Сенкаку за 2,05 милијарди јени (26 милиони американски долари).
Дел од јапонските медиуми објавија дека јапонскиот премиер Јошихико Нода наскоро ќе ја потврди национализацијата на мини архипелагот.
Односите меѓу Јапонија и Кина се влошија минатиот месец откако кинески активисти блокираа еден од спорните острови, контролирани од Јапонија. Тие беа уапсени и вратени во Кина.
Неколку денови подоцна јапонските националисти поставија знаме на островот. Тоа доведе до антијапонски демонстрации во повеќе од 20 кинески градови.
|