06.09.2012, 13:50 „Мекдоналдс“ - Македонија го прославува 15. роденден
Македонската филијала на најголемиот синџир на брза услуга во светот „Мекдоналдс“ денеска прославува роденден - 15 години постоење во земјава. Првиот ресторан во Македонија беше отворен на 6 септември 1997 година, а црвената лента ја пресече г. Киро Глигоров.
„Заклучно со 2010 во Македонија се отворени вкупно 6 ресторани и еден сезонски објект во Охрид. Горди сме што веќе 15 години припаѓаме на најголемиот синџир на брза услуга, кој опслужува повеќе од 64 милиони луѓе во 120 држави секој ден“, истакна Владимир Јаневски, генерален менаџер на „Мекдоналдс Македонија“, на вчерашната прес-конференција по повод роденденот. Тој и��рази задоволство од податокот што „Мекдоналдс“ во Македонија континуирано бележи раст во однос на посетеноста. „Во изминативе 15 години демонстриравме вистинско лидерство во нашата индустрија со неизмерна посветеност кон темелните вредности на компанијата, како квалитет, услуга и чистота, воспоставени од нашиот основач Реј Крој во далечната 1955 година“.
По повод 15-годишнината рестораните на „Мекдоналдс“ имаат одлична понуда - мени со топ-цени каде што може да се избира меѓу девет производи, секој по цена од 33 денари. Покрај тоа, на денот на роденденот, денеска, 6 септември, во секој ресторан на „Мекдоналдс“ - со секој купен „биг мек оброк“ следува гратис уште еден „биг мек оброк“, додека во „Мекдоналдс“ на „Рекорд“, купувачите на „биг мек“ ќе имаат можност да го завртат и роденденското тркало каде што добивките се загарантирани.
|