06.09.2012, 13:16 Од МВР не е побарана асистенција за училиштата во Чаир
До Министерството за внатерешни работи не било доставено барање за асистенција на полицијата поради поставувањето табли со нови имиња на четири училишта во Чаир, без дозвола од Министерството за образование.
„Официјално барање за асистенција на полицијата не е доставено, а од она што можев да го слушнам од директорот на Државниот просветен инспекторат даден е рок, со укажување, за отстранување на недоследностите“, рече министерката Гордана Јанкуловска.
Министерството за образование и наука, пак, не планира, до истекот на рокот кој што им е оставен на училиштата во чаир да ги тргнат таблите, да организира состанок со директорите.
„Засега, додека не се постапи согласно укажувањата на Државниот просветен инспекторат, не е предвиден состанок“, изјави министерот за образование и наука, Панче Кралев.
|