07.09.2012, 13:03 По Мали, и Нигерија демантира дека го признала Косово
Република Нигерија никогаш не донела одлука за признавање на независноста на Косово. Ова за приштинскиот весник „Експрес“ го изјави нигерискиот министер за надворешни работи Олугбенга Аширу.
- Ние никогаш не сме донеле одлука за тоа, изјави Аширу.
Потпретседателот на косовската влада Беџет Пацоли уште пред една година изјави дека Нигерија ја признала неависноста на Косово. Во списокот на косовското МНР фигурира дека Нигерија го признала Косово пред една година, односно на 12 септември 2011.
Претходно и Република Мали демантираше дека ја признала независноста на Косово.
Според официјалните соопштениј��, Косово до сега го имаат признато 90 држави, но останува нејасно признавањето и од страна на Уганда, која се` уште нема упатено вербална нота за тоа до Приштина.
Косовските медиуми го повикуваат Пацоли јавно да се произнесе околу „скандалот со признавањето“, за кое, како што наведуваат молчи и не кажува точна бројка на земјите кои го признале Косово. |