04.09.2012, 16:13 Намален кредитниот рејтинг на ЕУ
Агенцијата „Мудис“ и' го намали долгорочниот кредитен рејтинг на Европската унија од стабилен во негативен. Ваквиот потег, како што се наведува, ги рефлектира кредитните ризици на клучните контрибутори на буџетот на Унијата. До ова дојде пред најавените државни обврзници во еврозоната и по притисоците за поголема економска и политичка интеграција.
„Оваа криза јасно ни покажа дека мора да притиснеме за подлабока политичка и економска унија, секако со соодветни механизми на одговорност“, вели Жозе Мануел Баросо, претседател на ЕК.
„Разумно е кредитниот рејтинг на Европската унија да ги одразува кредитните рејтинзи на најсилните членки во Унијата, односно негативните оценки за Британија, Франција, Германија и Холандија“, се наведува во образложението на „Мудис“.
И покрај ваквиот потег, еврото ја достигна највисоката вредност во изминативе два месеца и на азиските берзи вчера се менуваше за долар и 26 центи.
Дилерите почнаа да веруваат во опстанокот на еврото по најавите дека Европската централна банка утре ќе објави државни обврзници од земјите кои се соочуваат со економски проблеми. |