07.09.2012, 14:34 Тинејџер повреден во тепачка во Гостивар
Тинејџер од гостиварското село Балиндол, при обид да раздели двајца свои врсници кои се тепале, бил избоден со нож во левата надлактница.
Тепачката се случила вчера околу 14 часот во Градскиот парк наспроти гостиварската гимназија. Од непознати причини, двајца ученици, по вербална расправија, размениле и тупаници. Во обид да ги раздели, меѓу нив застанал 17-годишниот А.Б. Еден од учесниците во тепачката, 17-годишниот Ш.С. од гостиварското село Градеац, од ученичката торба извадил нож и му нанел убодна рана на А.Б. и избегал.
Случајни минувачи го однеселе повредениот во гостиварската болница, каде што е задржан на лекување. Тинејџерот што го избол ученикот побегнал, но подоцна, во присуство на неговиот брат, бил повикан во Полициската станица – Гостивар. Одземен му е ножот со кој го извршил нападот. Полицијата ќе поднесе пријава против него. (К.К.)
|