07.09.2012, 09:36 Почна генералниот штрајк во „Луфтханза“
Екипажите во германската авиокомпанија „Луфтханза“ почнаа на полноќ со 24-часовен штрајк во Германија поради што се откажани две третини од летовите, односно околу 1.200.
Екипажите, станува збор за повеќе од 18.000 луѓе, стапија во штрајк за поголеми плати и подобрување на условите за работа. Тие бараат зголемување на платата од пет отсто, додека од менаџментот им нудат 3,5 отсто.
Несогласувањата во „Луфтханза“ траат веќе една година. Борбата за повисока плата и подобри услови за работа би можела да стане дел од најголемите штрајкови со кои се соочила авиокомпанијата во својата историја. |