05.09.2012, 11:02 Руте: Ниту цент повеќе за Атина
Холандија нема да учествува во евентуална нова финансиска помош за Грција дури и ако на Атина и биде даден дополнителен рок за подобрување на финансиската состојба, изјави синоќа холандскиот премиер Марк Руте.
- Одобрени беа два плана за спас за Грција, изјави тој на предизборна дебата, осум дена пред парламентарните избори.
- Ќе се спротиставам на тоа (нова финансиска помош)...Грција би можела да добие дополнително време под услов тоа да не чини ништо, додаде Руте.
Шефовите на холандските партии ја разгледуваа состојбата со кризата во еврозоната пред изборите закажани за 12 септември на кои либералната партија на Руте - Народната партија за слобода и демократија според анкетите, е фаворит.
Холандија треба да обезбеди 40 милијарди евра - 35 милијарди гаранции и 4,6 милијарди евра за исплаќање за пет години, за Европскиот стабилизациски механизам во кој ќе има вкупно 500 милијарди евра. |