07.09.2012, 09:12 Честитка од САД за Денот на независноста на Македонија
Американскиот државен секретар Хилари Клинтон упати честитка до Република Македонија по повод Денот на независноста 8-ми Септември.
- На овој посебен ден, го реафирмираме партнерството меѓу нашите народи. Оваа годишнина им дава моќност на граѓаните на Македонија да погледнат назад кон нивната заедничка историја и наследство, како и да погледнат напред кон иднината во која земјата е силна, напредна демократија која е целосно интегрирана во евроатланската заедница, пишува во честитката од Клинтон по повод 8-ми Септември, упатена во името на претседателот на САД Барак Обама.
- Соединетите Американски Држави остануваат посветени да и помагаат на Македонија да ги засили своите мултиетнички и демократски институции. Во соработка со вашите лидери и со граѓанското општество, ќе работиме да го подобриме образованието, да ја промовираме медиумската слобода и владеењето на правото, и да ги засилиме демократските темели витални за едно динамично, инклузивно, мултиетничко општество, се вели во честитката. |