07.09.2012, 10:50 Расмусен: НАТО нема да се меша во Сирија
Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен потврди денеска дека Алијансата нема намера да се вмеша во конфликтот во Сирија.
Во говор во дипломатската академија во Баку, Расмунсен нагласи дека е неправилно да се споредуваат ситуациите во Либија и Сирија.
- Во случајот на Либија имавме јасен мандат од ОН и поддршка од државите во регионот да ги заштитиме луѓето во таа држава. Што се однесува до Сирија, најдобрата варијанта е политичко решение, изјави Расмунсен.
Истовремено, тој нагласи дека НАТО внимателно го следи развојот на случувањата во Сирија и е подготвена за заштита на Турција ако е неопходно. |